O
Out Boy
Гостин
“20% популација во Македонија се педери али им е страв да се искажат како педери“
:back:Официјалната бројка на хомосексуалците и нивната распространетост, варира значително во различни земји и региони. Ова прашање често е објект на шпекулации и е искористуванo како пропагандно средство за поддршка на различни про- и анти-геј лобирања.
Дури и кога истражувањата се прават максимално совесно и објективно, се појавуваат сериозни проблеми со идентификацијата. Поради негативната социјална и емоционална тежина на прашањето, многу од луѓето кои се хомосексуалци, јавно не се декларираат како такви. Актуелно е и прашањето за демографското изучување на хомосексуалноста: дали треба да се сметаат за хомосексуалци оние кои никогаш во животот немале хомосексуален контакт, но имаат хомоеротски фантазии и чувства. Заради овој проблем, особено е отежнато статистичкото проучување на хомосексуалноста. Обшта тенденција во светот е хомосексуалците во полибералните држави со поразвиена демократија, поголем број од нив да ја откријат својата сексуалност, што резултира со статистички поголем процент на хомосексуалност во тие држави.
Според Светското сексуално интернет прoучување во 2003 година, 8% од населението на Земјата имале хомосексуален контакт. По држави, тој процент изгледа вака: САД и Австралија – 17%, Канада – 14%, Велика Британија, Данска и Нов Зеланд -13%, Белгија, Финска и Франција – 11%, Русија и Чешка -10%, Унгарија -9%, Индија, Малезија и Бугарија -6%, Кина -4%, Виетнам –3%.
Големата разлика во процентите се објаснува со фактот дека во поконзервативните општества, помал е бројот на хомосексуалците кои ја откриваат својата сексуалност или се плашат да стапат во хомосексуалне контакт. Од друга страна, оваа бројка можеби ги опфаќа и оние луѓе кои начелно не се хомосексуални, но поради некоја причина имале хомосексуален контакт.
Испитувањата од наредните години бележат зголемување на овие броеви. Така на пример, според истражувањата од 2005 година, бројот на лица кои имале хомосексуален контакт се зголемува како на глобално ниво (12%), така и по држави: Австралија -22%, САД, Нов Зеланд и Ирска -20%, Канада -19%, Велика Британија -17%, Франција -16%, Белгија и Австрија -15%, Холандија, Норвешка, Италија и Кина -14%, Финска, Швајцарија и Шведска -13%, Чешката република -12%, Малезија -10%, Шпанија, Бугарија и Грција -9%, Словачка и Португалија -8%, Виетнам -7% и Полска -6%.