Гледам дека многу луѓе се навраќаат на тоа дека ние не создаваме никаков територијален замав кон Грција или воопшто, да на било каков начин можеме да ја загрозиме со нашите 500 милиони трговски дефицит или малечка војска, или па со 2 милиони народ. Они се плашат од многу работи кои на нас, глобално во Македонија, ни одминуваат и не ги земаме во предвид. Тоа нека биде, на пример постоењето на најретката руда на светот токму во македонскиот Алшар. Имаме природни убавини кои можеби не ни носат некаков посебен паричен придонес, ама се бре братко убави што дразнат љубомора. Од љубомора ќе ги дрпнат. И освен милион останати работи грците во нас видоа слаб плен. Мислат дека сме слаби а и сме слаби на политички план. Македонските власти не можат ни од далеку да го доловат духот и мудроста на народот. Да беа они мудри ќе го изиграа овој “спор“ многу вешто.
Тука нема збор.
Ние под вакви услови не можеме да влијаеме на политиката на Македонија или на Грција. Но, кога ќе има некаква акција или повик на совест секој мора да ангажира што повеќе луѓе. Тоа се прави не само преку форуми туку и преку зборување на сите познати околу тебе. Мобилизација на знаење. Информирање на што повеќе луѓе со вистината и вистинската длабочина на овој наметнат спор.
Значи без викање по форуми. Само сталожено и со прифаќање на одговорност која човек сам ќе си ја создаде. Дали некој ќе научи историја, дали ќе поттикнеш братучед, другар или близок да се запознае со историјата, со комитлукот, со гемиџиите, со итар пејо, староградска чалгиска музика, модерна македонски бендови, современа уметност....се тоа е Македонија а ние не го гледаме. Тоа знаење треба да се присобере за да ја сфатиме вредноста на една песна на Фолтин да речеме, или една поема на Никола Маџиров. Мобилизацијата треба да се случи на многу нивоа и секој треба да си го најде својот најудобен жлеб.