Зошто модерната жена се плаши од брак?

  • Креатор на темата Креатор на темата etoile
  • Време на започнување Време на започнување
Прилично сериозна глупост претставува спротивставувањето на бракот и семејството со успешната кариера.
 
Што знам, не ќе да е до годините. Јас сум малку постара од тебе... А ни до кариерата не е, затоа што кога бев колку тебе решив да си одам од Македонија, иако таму ги имав сите што ги сакав, вклучувајќи го во таа категорија и дечко ми - затоа што бев примена на факултет во странство... На страна од тоа што сметам дека мајчинскиот инстинкт го имаме од деца, од кога ставаме пелени на кукли и им готвиме јадење :) Најверојатно е до психата...
Ти сметаш дека семејството би ти ги попречило тие соништа, за успешна кариера и финансиска независност. Јас не мислам дека е така. Пред мене имам пример на жена која работи и гради кариера, истовремено чувајќи три деца.. И никогаш не било ни под прашалник кој е приоритетот - ние или работата, секогаш сме и биле на прво место. Убедена сум дека нема ништо модерно во плашењето од брак или од деца, освен ако модерно и неприродно се синоними. Не се плашам ни да се омажам, ни да имам еден куп деца (3 ми е почетна точка:)) и не сметам дека тоа ќе ме попречи да имам нормален професионален живот...
Не сметам ни јас, но откако прво ќе изградам кариера и ќе се средам финансиски, кога ќе станам ,,свој човек" тек тогаш ќе се мажам. Мајчински инстинкт не ни сакам да имам на 18 години. Не ми е потребен. Работите во животот ги правам постепено, а бракот не ми е моментален приоритет. Не се плашам од брак, едноставно не ми е на листата на моментално посакувани познанства. Толку.
 
Реално, студирање сосе магистрирање - 23 години. За кариера градење (иако се гради кариерата цел живот, ама за да тргне) стави уште три, четири најмалку. За финансиско средување (ако ептен добро ти тргне) - тури уште две три... Значи ти, ако се оди како што посакуваш, планираш да го ставиш бракот како приоритет од 30тата година натаму. Како што ми изгледа, како што сакаш да ги правиш работите постепено - нема да сакаш да имаш одма деца, ќе уживаш прво во брачниот живот некое време...
Кога мислиш да имаш деца, вака, сериозно? Од 35та натаму? Прашувам од куриозитет само...
 
Деца ќе имам, во првиот момент кога тоа ќе го посакам.За да имам деца не ми е потребен брак.
 
Деца ќе имам, во првиот момент кога тоа ќе го посакам.За да имам деца не ми е потребен брак.
Не, тебе не ти треба брак.
Но за твоите деца да функционираат нормално им треба татко.
 
Не, тебе не ти треба брак.
Но за твоите деца да функционираат нормално им треба татко.
Така е. Кој вели дека за да имаат татко, јас морам да сум во брак со него? Туку ајде оф топик сме...
 
Не сметам ни јас, но откако прво ќе изградам кариера и ќе се средам финансиски, кога ќе станам ,,свој човек" тек тогаш ќе се мажам. Мајчински инстинкт не ни сакам да имам на 18 години. Не ми е потребен. Работите во животот ги правам постепено, а бракот не ми е моментален приоритет. Не се плашам од брак, едноставно не ми е на листата на моментално посакувани познанства. Толку.

taka e toa, zivotot e shema i ke si ja redime, po nashe...da ok, megutoa...kakov zivot e toj nareden po nashe, zamislen zacrtan...nema greshka...zashto posle ima razvodi eden kup, zasho brakot ne se kupue-brakot ne e kariera, osnovata e ljubovta vo brakot, ama ne e za takvi ko tebe, bolje posveti se na nekoja bludna profesija-karieristka...:tapp:
 
Така е. Кој вели дека за да имаат татко, јас морам да сум во брак со него? Туку ајде оф топик сме...

Значи ти ќе бидеш неформално во брак, која е разликата тогаш, на што се противиш ти?

Листот хартија каде ќе фигурира дека си мажена?
 
taka e toa, zivotot e shema i ke si ja redime, po nashe...da ok, megutoa...kakov zivot e toj nareden po nashe, zamislen zacrtan...nema greshka...zashto posle ima razvodi eden kup, zasho brakot ne se kupue-brakot ne e kariera, osnovata e ljubovta vo brakot, ama ne e za takvi ko tebe, bolje posveti se na nekoja bludna profesija-karieristka...:tapp:
Живот без грешки не постои, извини што ќе те разочарам. За мене бракот не е грешка, туку нешто кое доаѓа спонтано и посакувано. Ако не го сакам, нема ни да го имам.
Кариеристка? Фала на комплимент. :tapp:
 
Нема нишо спонтано у бракот.

И, ако не го сакаш нема да го имаш. Шо незначи дека ќе го имаш ако го сакаш. Со оглед дека зависи од 2ца.
 
Значи ти ќе бидеш неформално во брак, која е разликата тогаш, на што се противиш ти?

Листот хартија каде ќе фигурира дека си мажена?
Јас не се противам на бракот. Туку велам дека ќе го пролонгирам до кога што мене ќе ми одговара, притоа тоа несметајќи го за малформација ниту пак дефицит на нешто. Не ми е потребен лист хартија за да бидам жена, мајка, снаа...Бракот е обврска која не мора да ја имам, додека не посакам. Јас стварно не сфаќам што е лошо да си сакаш кариера? Вие мажите не трпите амбициозни жени. Што не се зимате вие на 20 години бе? Чекате 35 да начукате...
 
јас на пример сум либерален и не гледам дека треба да има глава на семејството и како ке каже он така..па не е ВОЈСКА де семејството едноставно ке си ги поделиме обврските на начин кој најмногу одговара на тековните потреби/проблеми....инаку ако нешто не е решено ке разговараме со почит еден спрема друг......
Тука си во право, и овој муабет го почитувам и поддржувам.

А за она погоре од Новинарката дека деца може да има кога сака, немора да е во брак... имај едно (не повеќе) сама, без сопруг/маж како сакаш наречи го, да видиш колку е лесно. Колку сакаш биди успешна во кариерата, не е тоа најважното нешто на свет. Ке сватиш порано или подоцна како и да е...
 
Бракот е нешто како закон. Создаден е за да се почитува и да се воспостави некој ред. Законите се прекршувани и изместувани. Претрпуваат промени. Па исто и бракот. Прекршување на брак е развод, а промена на брак е неформалност. Аналогно на Новинарка би сакал да се надоврзам со уште нешто. Процесот на еманципација на жената е процес кој со себе влече многу повеќе работи. Не може во 21 век ние да очекуваме жената да биде спремна на брак на 20 години. Што стана со половото недискриминирање? Секој има право да избере помеѓу бракот и работата. А бидејќи и жената е човек, има право да избере до кога ќе гради кариера а кога ќе стапи во брак. А никој не рекол дека и двете работи заедно се невозможни.
 
За мене бракот не е грешка, туку нешто кое доаѓа спонтано и посакувано.

Туку велам дека ќе го пролонгирам до кога што мене ќе ми одговара, притоа тоа несметајќи го за малформација ниту пак дефицит на нешто.

Нема ништо спонтано во тоа да го темпираш, за кога ќе ти одговара :) Реши се кој став го заземаш - дека е спонтан или дека треба ад се штелува за да дојде во саканиот момент?
 
Нема ништо спонтано во тоа да го темпираш, за кога ќе ти одговара :) Реши се кој став го заземаш - дека е спонтан или дека треба ад се штелува за да дојде во саканиот момент?
Ќе го темпирам, додека не ми дојде спонтано... Доаѓањето спонтано=посакување на брак. Појасно?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom