Болести од вселената?

  • Креатор на темата Креатор на темата mALEFACTOr
  • Време на започнување Време на започнување

mALEFACTOr

..:[iluzionist]:..
Член од
30 април 2007
Мислења
512
Поени од реакции
24
Возраст
41
Локација
Frankfurt
Веб-сајт
www.iluzionist.com.mk
Дали се пренесуваат заразните заболуваеа преку кивање, кашлање или пак преку заразени организми од комети кои проаѓајќи покрај Земјата паѓаат во нашата атмосфера? Главна тема на научно – фантастичните романи е инвазија на вонземјанините на планетата Земја. Идејата на авторот не се разликува многу од научните претпоставки. По мислење на двајца угледни научници на Земјата редовно паѓаат вонземјански организми кои потоа >> клијат << во нашите тела. Тие се мали бактерии и вируси кои се причинители за болест, пред се преладувања, грип, а и епидемии ид типот на сипаници и куга.

Научниците Хоил и Викрамасин од Универзитетот Кардиф сметаат дека сите болести не се пренесуваат со кашлање и кивање, туку дека многу причинители на болести доаѓаат во атмосферата на Земјата со комети кои проаѓаат покрај Земјата. Тие паѓаат на Земјата, луѓето ги вдишуваат и така настануваат болести. Ако таа застрашувачка теорија е точна, тогаш сите акции кои се превземаат за елиминирање на епидемии како што се детска парализа, сипаници идруги заразни болести се без резултати, бидејќи нивните причинители се постојано присутни во атмосферата. Исто така секогаш постои можност за појава и на нови болести.
Претпоставката на овие научници за болести од вселената потекнуваат од нивната теорија за настанок на животот, која прв пат е објавена 1977 година. Тие во својата теорија тврдат: облаците од гасови и прашината во вселената составени се од едноклеточни организми кои тука се развиле. Животот на нашата планета настанал кога тие организми паднале на Земјата. Според нивна пртпоставка тоа можело да се случи и на другите планети, по цела галаксија би требало да постојат населени планети слични на Земјата. Понатаму тврдат дека причина за еволуција на Земјата е постојана генетска информација во облик на биолошка материја од свемир.
Научниците ја оспориле нивната теорија , но во едно се сложиле: сложени молекули од кои многу содржат јаглерод, основен елемент на целокупниот живот на Земјата, еден е од битните состојки на облаците од гасови и прашина во вселената. Најгустите облаци во кои се пронајдени најмногу молекули се наоѓаат во близина на ѕвездите, како што е познатата Орион. Ѕвездите и планетите се опкружени со густи облаци од хемиски елементи од кои повеќето важни за живот.
Додека голем број астрономи и биолози одамна се уверени во тоа дека сложените хемиски процеси на еволуција се одвиле во атмосферата и морињата, Хоил и Викрамасин сметаат дека прапочеток на целокупниот живот треба да се бара во кометите, тие топки од прашина и мраз кои талкаат во Сончевиот систем . Тие не веруваат дека животот на Земјата се развил поради поволни климатски услови. Според нивната теорија, нашата планета немала густа атмосфера, ниту мориња , туку била пуста воздушно празна планета слична на Месец . Атмосферата и морињата се формирале под влијаније на објекти слични на комети надвор од Сончевиот систем . А кога се створени поволни услови за живот, пред околу четири милијарди години, тогаш >>животот паднал од небо<<.

Има ли живот во вселената?
Теоријата за болести од вселената распалила многу жустри расправи во областа на школската медицина, која не ги одобрувала отстапувањата од вообичајните учења на микробиологија. Нагласните критики дошле од страна на истражувачите на вселената Carla Sagana и неговата колешка Bishuna Kharea од Уневерзитетот во Cornel lu . Тие не веруваат дека во вселената постои целулоза или слични молекули молекули важни за живот. По нивно мислење ѕвездената прашина се состои од сложени отпадни честички какви што настануваат во лабораториите ког нешавина на гасови од ѕвездените облаци, пред се метан, амонијак и вода, зрачи ултра виолетова светлина.

Извор
 
имаше еден филм со вонземјани два дела беа...исто така пагаа комети и потоа вонземјаните како вирус се ширеа низ светот-најинтересно и најглупо со УБОД од камчето...демек не можело поинаку...инаку за да има болест од вселената треба да има живот на идентична база како земскиот па оттаму да дојде астероид или при метеорски дожд.
 
имаше еден филм со вонземјани два дела беа...исто така пагаа комети и потоа вонземјаните како вирус се ширеа низ светот-најинтересно и најглупо со УБОД од камчето...демек не можело поинаку...инаку за да има болест од вселената треба да има живот на идентична база како земскиот па оттаму да дојде астероид или при метеорски дожд.

тоа беше она филмот со Дилан од Беверли Хилс :)
го имам гледано ...

околу метеорите шо паѓаат ...
па постојат метеори кои се паднати и во кои се најдени фосили на алги и други микроорганизми ... ова е факт..
 
Дали се пренесуваат заразните заболуваеа преку кивање, кашлање или пак преку заразени организми од комети кои проаѓајќи покрај Земјата паѓаат во нашата атмосфера?

ХИВ вирусот е базиран на вонземска генетичка база. Сарс и еболата исто така.

но во едно се сложиле: сложени молекули од кои многу содржат јаглерод, основен елемент на целокупниот живот на Земјата, еден е од битните состојки на облаците од гасови и прашина во вселената. Најгустите облаци во кои се пронајдени најмногу молекули се наоѓаат во близина на ѕвездите, како што е познатата Орион. Ѕвездите и планетите се опкружени со густи облаци од хемиски елементи од кои повеќето важни за живот.

Бинго!
Инаку Орион не е ѕвезда, туку соѕвездие. Голема и битна разлика, внимавај што пишуваш во иднина. А зошто токму Орион, и која е поврзаноста со некои болести денес, на друга тема, оти тука можно е да влезам оф топик ако почнам да разглабам ...

Има ли живот во вселената?

Има, а кај што има покомплексен живот, таму има и бактерии, вируси и други видови на микроорганизми.
 
ХИВ вирусот е базиран на вонземска генетичка база. Сарс и еболата исто така.

Еболата постои уште од дамнешни времиња така да таа теоријата за вонземска генетичка база отпаѓа.
Мое мислење е дека НЕ потекнуваат од Вселената, туку се создадени тука нз Земјата. По природен пат се разбира.

Има, а кај што има покомплексен живот, таму има и бактерии, вируси и други видови на микроорганизми.

За жал, уште немаме докази (официјални).
 
Еболата постои уште од дамнешни времиња така да таа теоријата за вонземска генетичка база отпаѓа.
Мое мислење е дека НЕ потекнуваат од Вселената, туку се создадени тука нз Земјата. По природен пат се разбира.

Добро што рече мое мсилење :wink:. Мое мислење е дека ХИВ вирусот е донесен од Сириус Б. Да не навлегувам од каде знам, треба да постирам реферати, кои и така и така нема ништо да докажат (на тие кои не се запознаени доволно долго со НЛО/Вонземјани феноменот). Да го оставиме како лично мислење.

За жал, уште немаме докази (официјални).

Аха! А неофицијални? :)
 
Е па тие се несигурните!
Да не речам шпекулации.

хахаха, во ред. Некогаш неофицијалните информации стануваат официјални. Некогаш - Доста често. :kez:
 
Пред некое време прочитав една статија кај што пишуваше дека во еден експеримент, биле испратени некои вируси во орбита околу Земјата и кога се вратиле биле наводно 3 пати посмртоносни...Некои експерименти на вселенските агенции...
 
Гледам дискутирате за вонземски бактерии и вируси. Дај нека се најде некој барем еден вирус да каже што не е од планетата Земја туку дојден на неа од вселената, се разбира сакам и латинско име за да се уверам дка постои.
 
Гледам дискутирате за вонземски бактерии и вируси. Дај нека се најде некој барем еден вирус да каже што не е од планетата Земја туку дојден на неа од вселената, се разбира сакам и латинско име за да се уверам дка постои.

Колку што знам нема такви, не постојат, т.е. немаме откриено.
 
Имаше еден случај во Индија во 2001, кога падна црвен дожд во кој што наводно е пронајден вонземен живот. Еве најдов информација во која има објаснување околу овој случај.

ВОНЗЕМСКИ ЖИВОТ ОТКРИЕН ВО ДОЖД
red-rain1.jpg

Во јули 2001 година чуден црвенкаст дожд падна во јужна Индија. Локалното население беше уверено дека тоа е предзнак за крај на светот, а експертите сметаа дека се работи за обичен дожд обоен со прашина од арапските пустини.

Меѓутоа, научникот Годфри Луис смета дека се случило нешто многу понеобично.

Наводно, Луис не е единствениот кој заклучил дека дождот содржел биолошки станици, но она што е најнеобично во целата приказна е дека клетките не содржеле ДНА, есенција на животот на земјата.

За Годфри единствен логичен заклучок е дека се работи за пример на вонземски живот! „Веројатно се работи за доказ за вонземски живот. Свесен сум дека се работи за храбра претпоставка, но ја поддржуваат сите можни испитувања што ги направивме“, вели Луис.

Неговата работа ги разбранува научниците ширум светот кои сега расправаат за потеклото на необичните клетки.

Претпоставките како таа на Луис обично наидуваат на потсмев во професијата, но овој пат станува збор за идеја што уште во 1960 година ја изнесоа двајца познати британски научници. Сер Фред Хојл и професорот Кандра Викрамашин први ја обликуваа замислата "Панспермија", идеја според која животот на нашата планета стигнал од вселената, од некој друг, вонземски свет.

Тие ја изнесоа теоријата според која животот на земјата стигнал со комети кои своето патување низ вселенските пространства го завршиле со удар во Земјата. Во последнте десетина години тие теории повторно се многу актуелни и се земаат предвид посериозно од кога и да е.

Резултат на тоа, меѓу другото, е и необично зголемената заинтересираност на НАСА за потрага по вонземскиот живот. Така моментално во едно езеро во Тексас во тек е тестирање на роботска подморница, која би требало да биде испратена на мисија за истражување на океаните на природните сателити на Јупитер.

Можно пронаоѓање на каков било вид живот некаде во Сончевиот систем би било клучен доказ во прилог на теоријата "Панспермија". Друг НАСА тим е несочен на истражување на бактерии пронајдени на Земјата, кои преживуваат во екстремни услови.

Фактот што таквите бактерии преживуваат на Земјата упатува на заклучокот дека слични мокроорганизми можат да преживеат и во уште понеповолни услови кои владеат во вселената, на пример на метеорите, кометите и астероидите.

„Бактериите очигледно на некој начин мора да можат да го преживеат незамисливиот студ во вселената, вакуумот, ултравиолетовото зрачење, рендгенските зраци. Тоа звучи премногу, но бактериите тоа го можат и го прават, тие се вистински вселенски патници“, тврди Викрамашин.

Тој минатото лето отпатува уште еднаш во Индија за да се занимава со овој феномен. Таму заедно со Луис ги посетил луѓето кои биле сведоци на оваа појава.

Тогаш се запознал и со работата на Луис која покажува дека црвениот дожд содржел споеви кои овозможуваат микроорганизмите да преживеат екстремни температури.

Бактериите можат да преживеат патување низ вселената, заклучија двајцата научници, а Викрамашин заклучи дека црвениот дожд бил ништо помалку од облик на вонземски живот. „Животот доаѓа од вселената, последниот црвен дожд е нов доказ, се работи за вистинска инвазија на микроби од вселената “, верли тој.

Многу научници се уште се сомневаат. Сепак, ако Луис и Викрамашин се во право, тоа ќе биде клучен доказ во корист на теоријата "Панспермија", теорија според која животот доаѓа на комети, што би значело дека сите земски суштества, па и луѓето, се со вонземско потекло.
http://www.idividi.com.mk/vesti/svet/366194/
 
експертите сметаа дека се работи за обичен дожд обоен со прашина од арапските пустини.

Меѓутоа, научникот Годфри Луис смета дека се случило нешто многу понеобично.

најнеобично во целата приказна е дека клетките не содржеле ДНА, есенција на животот на земјата.

Добро објасниле експертите, но ние мора да го слушаме научникот Годфри Луис. Тој не е сигурен, туку "смета" дека се случило нешто многу понеобично.

Е па ако не содржеле ДНК од каде знаат дека се вистински клетки?
 
Back
На врв Bottom