bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г. Прв Патријарх е ГГ. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град (Standard News, Софиjа, 03.09.2001, наслов: „В ц'рквата има спис'к на епископствата“). Од тој запис се зачувани само делови и можат да се прочитаат имињата на следниве епархии Видинска, Кефалониска (Главенишка), Вериска, Ираклиска (Пелагониска), Скопска, Сардикиска ), Селасфорска (Деволска), Пелска и Призренска. Несомнено, епархии на Охридската Патријаршија биле и Морозвидска, Мегленска, Струмичка, Лариска, Навпатска, Драчка, Липљанска, Рашка, Сремска, Белградска, Браничевска, Нишка, Велбуждска. За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото- Цариград или Рим. Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го сторува Папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.). Самоил ја зграбил круната од Рим (Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria).
Истовремено, додека на чело на Охридската Патријаршија бил патријархот Герман, во Бугарија на чело на Трвновската Патријаршија стоел патријархот Дамјан. По Дамјан, со Бугарската Патријаршија владеел патријархот Глигориј (Ц'рковен Вестник, Издание на Б'лгарската Православна Ц'рква, Година 103, број 9 и 10, Софија, 1-30 мај 2003, наслов “Б'лгарските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА).
Како што се гледа и од самите горни податоци изнесени од Бугарската Православна Црква (БПЦ), истовремено во 10 век, постоеле две посебни патријаршии- Охридската и Трновската. Две посебни патријаршии, две посебни држави, Македонска и покорена Бугарска.
Најверојатно, Цар Самоил бил тој кој ја укинал бугарската патријаршија и ја сведол на на ниво на Митрополија Бугарија, потчинета на Охридскиот Патријарх. Значи, Бугарската Патријаршија во времето на Самоил била деградирана во Митрополија “Бугарија“. Според БПЦ, последниот бугарски Патријарх гг. Глигориј се упокоил во 1016 г. како „Митрополит Бугарски“ со деградирана титула. Со неговата последна титула, како Митрополит Бугарски се слави и од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква).
Бугарите тврдат дека Охридската Црква е бугарска. За да го оправдаат ова смешно тврдење, тврдат дека бугарски последен патријарх бил Дамјан, кој пак избегал во Самоиловото Царство, во Охрид и таму ја пренел својата бугарска патријаршија. Меѓутоа, археолошки е докажано дека тој останал во Силистра, оддалечена речиси 1000 км од Охрид. Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра од страна на доц. др. Стефка Ангелова, дипл. археолог (Standard News, Sofia, ден 21.08.2001, наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамјан“, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова). Од архивските документи на БПЦ, се тврди дека последниот бугарски патријарх бил ГГ Глигориј, кој неславно завршил со деградирана титула Митрополит.