bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Зошто од крајот на 18 век, Русија почнувала премногу активно да се вклучува во балканската политика, со крајна цел создавање голема Бугарија? Сите руски поморски пристаништа во текот на есента и зимата биле замрзнати и вон употреба, освен Црноморието, од кое пак Русија немала слободен меѓународен излез, поради Отоманската контрола на Босфор. Таквата лоша логистика на Русија била катастрофална не само по руската економија, туку и по опстанокот на самата држава, оти не можела зиме ниту да увезе жито за да го прехрани своето население. Поради овие егзистенцијални прашања, Русија очајно се стремела да излезе на Средоземието и пристаништето Солун. Затоа и политиката на Русите, од Петар Велики до последниот Романов беше во барањето на некоја причина да се замеша во внатрешните работи на Отоманската империја, за да го оправда својот агресивен акт, за постигнување на горенаведените цели (“Раѓањето на македонската нација“, Драган Ташковски, стр. 129). Со создавање на голема Бугарија контролирана од Русија, со излез на Солун и отвореното средоземно море, Русија ќе си ги решела своите логистички проблеми. Рускиот цар се титулирал и како Самодржец Болгарски, поради владеењето со Волшка Бугарија. Новата балканска Бугарија требало да обезбеди на Русија нејзина вазалска држава. Руските стремежи за нивна сателирска држава се оствтарија 1878 г., која ја ослободија Бугарија и и` создадоа држава.
Како во тоа време во Македонија немало никакво бугарско национално чувство, русите морале некако да го афирмираат и распространат бугарското име. Затоа, почнуваа да го неметнуваат термиот бугар како етничко, а не општословенско значење, за што постајат многу историски извори. Руските конзули на Балканот почнале многу Македонци да испраќаат на бесплатно школување во Русија. На 30.08.1842 г. руската влада дава стипендии на двајца Македонци кои студирале во Атина; еден од нив е Партенија Зографски (Филип Томов, "Живот и дејност на Хаджи Партенија". Мак. Пр. Х. 1,2, стр. 35). Подоцна, Партенија Зографски како дојрански митрополит е жесток противник на бугарската егзархија и својата епархија ја става во унија со Ватикан.
Рускиот конзул во Солун, ги наговарал богатите македонски семејства Робевци (Роби, власи) и Лазаревци од Битола да се декларираат како Бугари, за нивиот пример да го следат и останатите Македонци (Офејков, Материали за б'лгарското в'зраждание в Македонија, Софија 1885 г., стр. 441). Во истото дело, Офејков пишува за рускиот конзул во Варна, Рачински, кој работел на создавање Бугари во Македонија, па во Москва обезбедил стипендии за „две македонски момчиња “, а тоа биле Константин Миладинов и Рајко Жинзифов, со цел нивна бугаризација. Пред се', тие врбувале за свои пропагандисти немакедонци, најчесто Власи од Македонија.
Секретарот на бугарската егзархија од крајот на 19 век, Шопов, известува дека по притисок на рускиот конзул од Солун, само семејството Роби прифатило да се декларира како бугари. “Тие со тоа влијаеја и врз простото население, кое обично ги следеше своите првенци“ си спомнуваше Шопов (А. Шопов, “Материјали за б`лгарското в`зраждание в Македонија“, Периодическо Списание, Средец 1885 г., XVIII, 447). Но, српските дипломати за Димитре Робе во 1878/78 г. напишаа “Денеска тој веќе не сака да биде бугарин, а уште помалку грк, туку сонува за независна Македонија“ (“Збирка Јована Ристића“, кутија 18, инв. Бр. 12/581, сиг. XII-5, Историски Институт Србије).
Во 1858 г., Русија формира “Московски доброволен словенски комитет“ за бугаризација на Македонците. По налог на овој комитет, А. Рачински и Е. Јужаков ја собираа интелегентната македонска младина, која што беше жедна за образование и ја праќаа во Русија на школување, каде што, како што наведува и самиот секретар на бугарскиот егзарх од тие времиња, А. Шопов, каде покрај просвета “добиваа и бугарски дух“ (А. Шопов, цит. Статија, стр. 444).
Цела Македонија ја крстосувале руски тајни агенти; толку многу биле зафатени со убедување на Македонците да се приклучат кон бугарската држава, при што се забележани и вакви сведоштва упатени кон Македонците „ако останете надвор од Бугарија, вашата земја (Македонија) ќе биде полоша од она што беше порано, но ако се приклучите кон нас и нашата кауза, ќе ги добиете сите добра кои произлегуваат силно кралство, под руска заштита (Edward B. Barker British Museum, London, Dmss Layard Papers, Vol. LXXXIX Addd. 39.019, 186-187).
Во Русија, Македонците ги образувале дека најјужното словенско племе е бугарското, дека Бугарите биле всушност чисти словени од Волга, руски собраќа, а не турки народ. Иако на Русите предобро им било јасно дека бугарите се турки народ, бидејки вистински Бугари биле Татарстанците, Чувашите и АлМаринци, сите турко-татарски народ од исто потекло, со чиста турки култура и турки јазик, во склоп на руската империја. Сепак, заради својот интерес за создавање голема Бугарија, русите ја искривувале историската вистина.
Еден од најголемите руски шпиуни и ширач на бугарската пропаганда е Димитар Миладинов (Миладинис). Неговиот татко бил потекнувал од влашкото село Магарево (битолско), од каде семејството се преселило во Мислешево, па на крај во Струга. Неговиот зет Кузман Шапкарев, негов следбеник, во биографијата на Д. Миладинов, сакајки да го скрие неговото вистинско влашко потекло, измислува дека неговото семејство избегало од с. Магарево поради влашките зулуми . Но, историските извори сведочат дека с. Магарево е основано од власи, преселници од Епир и никогаш немало Македонци во истото (Ибид, стр. 218). Мајката на Димитар Миладинов, Султана, е родена во с. Магарево и е ќерка на познатиот влашки поп, Натаил Москополецот, творецот на “Четиријазичникот“. Семејството на Султана од Москополе прво се преселило во Охрид, за подоцна да се закотви во село Магарево. Дури, Шапкарев фалсификува едно цело писмо од Димитар Миладинов до Јанаки Стрези (негов вујко) со наводна критика и омаловажување кон Власите: “к'в начин и с'с всички средства, не само арнауто-власи, безезични и безотечественици, но и нај-многолјуднија, нај-храбрија, нај-кроткија и нај-питомнија славјански наш род“ (За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма. стр. 481/482, Кузман Шапкарев).
Истиот принцип на антивлашки написи ги користи и Рајко Жинзифов (роден Ксенофон Зинзифи), самиот од влашки род по мајка и татко. Кузман Шапкарев признава за Рајко Жинзифов и татко му Јоан (Иван) дека “тие по род беа власи – цинцари од град Велес“ и дека заедно со Димитар Миладинов ширеле бугаризам (За в'зраждането на б'лгарштината в Македонија. Неиздадени записки и писма, стр. 399, Кузман Шапкарев, издава Б'лгарски писател, Софија 1984)). Како што видовме погоре, Рајко Жинзифов заедно со Костадин Миладинов биле испратени од страна на рускиот конзул во Варна, Рачински, на обука во Москва (Офејков, Материали за б'лгарското в'зраждание в Македонија, Софија 1885 г., стр. 441).
Ние мораме да ја разбереме нивната позиција и декларативното антивлашко расположение на хартија, зошто како Власи морале на секој начин да го оттргнат сомнежот за нивното вистинско потекло и да се представат како најголеми Бугари, во склоп со нивната задача, зададена и финансирана од Русија. Жинзифов во стихотворбата “Гулаб“ пишува:
Места свободно, б'лгарско,
Дека всите се Б'лгари,
Нема Грци, клети Власи.
Во “Крвава кожуља, Жинзифов го велича Марко Крале кој се борел против Власи и Каравласи:
Тамо е живејал
некога си крал ни Марко,
в него е царувал,
е царувал, е војувал
с Власи, Каравласи,
б'лгарска е бранил земја
роду си помагал.
Да се навратиме пак кон браќата Миладиновци. Димитар и неговиот брат Константин се имаат школувано во гимназијата во Јанина, неофицијалната престолнина на власите во Епир. (ДИМИТ'Р И КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВИ, 1986 Sofia, стр. 198-201 , Димит'р Рајков). Биле и двајцата учители на влашки јазик, во пелистерските влашки села Трново и родното село на нивните родители Магарево (пак таму, стр. 201).
Интересно е, што во нивните млади години не го познавале македонскиот јазик, нит словенското писмо, па во една преписка меѓу Димитар и Константин Миладинови забележано е дека "ќе одат во Русија да го научат словенскиот јазик, за да предаваат бугарски во Македонија" (Братја Миладинови. Преписка. Издирил коментирал и редактирал Н. Трајков. С., 1964, стр. 126.). За разлика од словенскиот јазик кој не го владееле, многу добро го научиле италијанскиот јазик, кој како романски е многу сличен со влашкиот (Табаков, Н. Братја Миладинови. Биографија. С., 1966, стр. 12.). Инаку и двајцата престојувале и работеле едно време во албанскиот Драч.
Прво Димитар, а сетне и Константин се испратени на школување во Москва, во 50-те години на 19 век, како руски стипендисти од страна на руската амбасада во Цариград (Табаков, Н. Братја Миладинови. Биографија. С., 1966, стр. 204). Во Русија, браќата Миладинови се целосно финансирани од руската држава и црква, каде дури и рускиот архиепископ давал пари на Константин Миладинов (Ив. Хаджов. Александ'р Рачински за Братја Миладинови. Училиштен прегред, XXXI, 1932, кн. 1, стр. 114).
Русите за Контсантин и Димитар Миладинов имале отворени шпиунски досиеја. Според руските дипломатски служби, Димитар Миладинов бил нивен шпиун за ширење на бугарската нaродност во Македонија (Селишчев, А.М. Сем'ја Д. Миладинова. Из донесениј консула М. Хитрово (1864 г.). — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, стр. 67).
На 25.5.1861 г., рускиот консул во Битола г. Хитрово пишува до азијатскиот департамент на руското министерство за надворешни работи дека "учителот Миладинов е познат по своите заслуги во полза на бугарската народност и распространувањето на образованието меѓу православните жители на Македонија, беше неодамна упасен од турците поради сомнение за врска со руските агенти" (Селишчев, А.М. Сем'ја Д. Миладинова. Из донесениј консула М. Хитрово (1864 г.) — Македонски преглед. В (919 г.), кн. 3, стр. 65).
За бугаризацијата што ја спроведувал Миладинов, финансира и осмислена од страна на тогашна Царска Русија, пишуваат и останатите дипломати во Македонија.
Чарлс Калберт, британскиот конзул во Битола во извештајот до британскиот амбасадор Хенри Булвер во Цариград и до англискиот државен Секретар Џон Расел по повод апсењето на Димитар Миладинов пишува: "Димитар Миладинов е еден руски пропагандист“ (Никола Трајков. Братја Миладинови..., стр. 215.). Понатаму британскиот конзул објаснува до своите претпоставени: " Доста големата преписка на Димитар Миладинов, составена од добиени писма и преписи од испратени писма, не остава ни најмало сомнение, дека тоа лице е агент на руската пропаганда" (Никола Трајков. Братја Миладинови..., стр. 217.).
Англискиот дипломат од Битола St. Pisani до неговиот надреден Sir H. Bulwer пишува дека “Миладинов примал плата од руската влада и неговиот брат живее во Русија како агент на пропагандата“ (ориг. “Miladenoff, he said, was receiving a salary from the Russian Govt and his brother is residing in Russia as an Agent of the Propaganda“ , извор St. Pisani, Public Record Office, Foreign Office 195/685 Turkey, Monastir; “Братја Миладинови – преписка", ред. Никола Трајков, III. Дипломатически документи -АНГЛИјСКА ДИПЛОМАТИЧЕСКА ПРЕПИСКА, Писма 94 — 96 .).