superstarpizza
Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Откриен убиецот на грозоморното убиство во Штип, неговата жена прво го отрула а потоа искасапила неговото тело.
Подетално во информацијата од сајтот на Телевизиската кука Ирис од Штип.
Подетално во информацијата од сајтот на Телевизиската кука Ирис од Штип.
49 годишниот Бранко Тренев е убиениот и исечен маж пронајден пред три години кај Градскиот пазар
четврток, 23 април 2009 16:58 Викторија Димитрова - Јованова
![]()
![]()
![]()
Расветлено грозоморното убиство на 49 годишниот Бранко Тренев од Штип од пред три години, кога беа пронајдени делови од машко тело на улицата Широк дол.
По вчерашното приведување на неговата сопруга 40 годишната Марика Тренева и двасет и едно годишниот син во полициската станица, признала дека го отровила Бранко, вечерта на 6 јуни 2006 година, ставајќи му токсична супстанција во шишето од кое тој редовно пиел вода. Потоа заминала на работа, ноќна смена. Кога се вратила од работа утрото, наредниот ден, го пронашла сопругот во креветот мртов. Веднаш потоа безживотното тело го одвлекла до бањата, а по кратко време дошол нивниот, во тоа време, малолетен син кој критичната ноќ спиел во истата куќа на горниот кат.
На неговото прашање зошто го направила тоа мајка му само му наредила да се оддалечи од куќата, и тој тоа го сторил. По кратко време Марика, со намера да ги прикрие предметите и трагите од кривичното дело зела секира и кујнски нож и најнапред во купатилото почнала да го сече на делови телото на покрупни парчиња, а потоа истиот ден во кујната и помошна просторија го исекла и на поситни парчиња кои ги ставила во повеќе најлонски кеси и ги оставила во замрзнувачот.
Нивниот син се вратил во вечерните часови и во разговор истата му појаснила се што сторила. Во наредните четириесетина дена мајката и синот континуирано, во ноќните часови фрлале делови од телото по контејнери во различни делови од градот. За да го прикријат отсуството на Бранко и двајцата на нивни блиски роднини и пријатели им објаснувале дека Бранко на 06.06.2006 заминал на работа во Италија, а тоа го поткрепиле така што синот, по претходен договор со мајката, користејќи СИМ картичка од странски мобилен оператор испраќал пораки на најблиските во име на неговиот татко.
Тмурно и мачно беше утринава на улицата Косовска во Штип. Скоро и да немаше минувачи, а роднините на Бранко Тренев не сакаа да коментираат пред камера. Немало никакви индикации дека во семејството Треневи може да се случи грозоморно убиство, а потоа на делови да се искасапи телото на сопствениот сопруг.
Соседите велат дека биле мирни луѓе и освен повремени караници како и во секое друго семејство поголеми инциденти никогаш немало. Но, на прашањето каде е Бранко и зошто го нема веќе три години, сопругата секогаш давала нејасни одговори.
„Нема го...нема го...незнаеме каде е...кога ги прашаат каде е...не знаеме, го нема во Италија е, не знам каде...“ - изјави Гористија Ѓеоргиева, соседка на Бранко Бранко Тренев, по потекло е од кочанското село Кучичино.
Бранко долго време работел во земјоделскиот комбинат „Црвена Ѕвезда“ од Штип. По ликвидарањето на фирмата, останал технолошки вишок. За да го прехрани семејството, со сопствениот трактор започнал да се занимава со транспорт на песок. Неговата сопруга, која е 10 години помлада од него, работи во една од штипските конфекции, а неговиот дваесет годишен син работи како таксист.
Ажурирано ( четврток, 23 април 2009 21:33 )