Меморандум до Европскиот Парламент

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Треба иницијатива. Само проблемот е што на запад сите занаат дека прашањево е правно неиздржано. Позади грб и се смеат на хелл асс. Штета што дозволуваат природното право да го субординира позитивното. Сепак, наше е да се бориме а ваквите ицијативи, приватни и официјални, можат само да помогнат.

Не е битно што и` се смеат на Хелл Асс, ако ја поддржуваат политички, како што не е битно што нас нè тапкаат по рамото и ни зборат подджувачки фрази, а политички не нè поддржуваат, т.е. нè одолговлекуваат до бескрај и пак стојат зад Грција.

Но се согласувам - секоја позитивна мисла за нас, треба да се дистрибуира насекаде. Предност ни е што мислам дека се скоро навикнати да слушаат шизофреничности од Грција, па едно вакво писмо ќе им дојде како пријатен новитет.

Јасно, друго е прашањето дали ќе си го помрднат газот да направат што и да е, односно да излезат од нивната морална пропаст, која ја практикуваат поддржувајќи ја Грција.
 
Грешката е направена кога не го избравме Ристо на мој предлог за преговарач окулу името,па да можеше ваквите факти поубаво да му ги предочи и на Нимиц и на ОН,туку го пуштија Јолевски кој не знае ни два збора да вкрсти.
 
А ти со Јолевски утринското кафе на тарасичето со нижен тутун го пиевте.

Текстот на Никовски е одличен и покрај тоа што е задоцнет, сметам дека е доволно концизен и одлично поентира.
Затоа колку повеќе се шири во оваа форма и повеќе се збори за него, толку подобро ќе се чуе нашата страна.
 
Чоеков го средил написов екстра и направил супер работа ....
Камо да имавме повеќе вакви „пички“ (како шо некој го нарекува) и сите тие да составуваа вака добри текстови и да ги испраќаа на вистински места како оваа „пичка“.

Браво Г-дине Никовски
Вистински текст, екстра составен, испратен на вистинско место ...:toe:
Таа пичка беше трет човеко во МНР. Амбасадор во неколку наврати. Збор не зборна.
Карактерно гомно. СЕга, без оглед што е предоцна за него, арен текст напишал (иако не е непознат текстот во малку имзенета форма).

Не заебавај бе,па тој беше единствен што се скара со Илинка и Бранко баш за тоа прашање и беше обвинет дека самостојно превзема иницијативи за преговори со САД окулу признавањето под уставно име во замена за иземање на Американците од кривично гонење во Македонија.Само е голема штета што наместо него го пуштивме акмакон Јолевски да преговара за името.Инаку човеков е цар за Меѓународно право и дипломатија,единствен што може да им се спротистави на Гејцине и да изнајде решение за Гејскиот проблем кој се претвори повеќе во наш проблем како “разумен компромис“.:toe:
Грешка си. Не е точно.

Грешката е направена кога не го избравме Ристо на мој предлог за преговарач окулу името,па да можеше ваквите факти поубаво да му ги предочи и на Нимиц и на ОН,туку го пуштија Јолевски кој не знае ни два збора да вкрсти.
Знае Јолевски, ама не му дава бај Гвујото.
А ти со Јолевски утринското кафе на тарасичето со нижен тутун го пиевте.

Текстот на Никовски е одличен и покрај тоа што е задоцнет, сметам дека е доволно концизен и одлично поентира.
Затоа колку повеќе се шири во оваа форма и повеќе се збори за него, толку подобро ќе се чуе нашата страна.

Текстот е в ред, не е в ред авторот.

Ваквите писанија, со слини содржини значат многуи, надвор од МК.
Но, во МК, во времето на авторот, вавите текстови значеа казни и дисциплински мерки.
 
дали мора секоја добра тема да се тишти .... батали авторот..писмото е на место
 
Таа пичка беше трет човеко во МНР. Амбасадор во неколку наврати. Збор не зборна.
Карактерно гомно. СЕга, без оглед што е предоцна за него, арен текст напишал (иако не е непознат текстот во малку имзенета форма).

Грешка си. Не е точно.

Знае Јолевски, ама не му дава бај Гвујото.

Текстот е в ред, не е в ред авторот.

Ваквите писанија, со слини содржини значат многуи, надвор од МК.
Но, во МК, во времето на авторот, вавите текстови значеа казни и дисциплински мерки.

Текстот е познат,ама не бевме доволно експонирани и моќни да го презентираме во јавност бе Гаро,џабе го елабориравме на Кајгана и слични форуми своевремено со скоро иста содржина која можеби Ристо ја препишал и малку постручно ја составил одколку ние,ама не треба за тоа да го ставиме на клада.Е сега дали бил “дрмосерец“ Ристо своевремено,има по интернетов и по некој доказ на пример,како овој:
30.05.2003
Државниот секретар во МНР Ристо Никовски е обвинет дека на своја рака, без согласност на шефицата на дипломатијата Илинка Митрева, преговарал Американците да го признаат уставното име на Македонија, а за возврат да го потпишеме документот за изземање на Американците од Меѓународниот кривичен суд, велат извори на А1. Никовски одговара: „Дадов оставка ден откако разговарав со Американците“.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=20657
 
Таа пичка беше трет човеко во МНР. Амбасадор во неколку наврати. Збор не зборна.
Карактерно гомно. СЕга, без оглед што е предоцна за него, арен текст напишал (иако не е непознат текстот во малку имзенета форма).

Грешка си. Не е точно.

Знае Јолевски, ама не му дава бај Гвујото.

Текстот е в ред, не е в ред авторот.

Ваквите писанија, со слини содржини значат многуи, надвор од МК.
Но, во МК, во времето на авторот, вавите текстови значеа казни и дисциплински мерки.

Гаро дали сега има дисциплинарни мерки за вакви текстови и активности?
 
Еве текст на Македонски за да се разјасниме малку поубаво:

РИСТО НИКОВСКИ: МЕМОРАНДУМ ДО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ
pix.gif
Факти за заднината на грчката политика кон Македонија

19 април 2008 година, Скопје, Македонија -
Македонскиот народ не може да верува дека сето ова што му се случува е дел од современиот мозаик на демократска и легалистичка Европа. Дали вие верувате во тоа? Толеранцијата е синоним за култура, но може да значи и соучесништво, како во конкретниов случај. Чистата совест не смее да биде резултат (само) на слабо паметење.

1. Во април 1993 година, при приемот на Република Македонија, беше грубо прекршена Повелбата на ООН. Иако државата целосно ги исполнуваше сите критериуми пропишани со членот 4, и' беа додадени уште два нови услова! Тоа беше направено под силен грчки притисок. Во таа пригода беше игнориран фактот дека, во 1948 година, ГС на ООН има усвоено резолуција со која е стриктно прецизирано дека не е можно проширување на условите за прием во светската организација! Така, без преседан во функционирањето на ООН, без каква било легална основа, беше доведено во прашање историското и уставно име на РМ и и' беше наметната бесмислената референца: поранешна југословенска република Македонија. Значи, приемот на РМ во ООН беше класичен пример на силување на правдата, законите, процедурите и на правилата од страна на силата и политиката. Како резултат на тоа, оттогаш до денес РМ трпи исклучително тешки политички, економски и социјални последици. Доминација на политиката над правдата.

2. Во првата половина на 90-тите години, за да ги постигне своите нелегитимни цели, Грција речиси две години ја блокираше границата на РМ, која истовремено беше граница на тогашната ЕЗ. Блокадата му нанесе огромни штети на стопанството на РМ, бидејќи низ пристаништето во Солун, кое нема природна алтернатива, транзитира значаен дел од извозот и увозот на земјата. Со оглед дека тоа беше спротивно на сите меѓународни норми и директно кршење на член 5 од ГАТТ (со кој се гарантираше непречен транзит на сите стоки), останатите 14 членки на ЕЗ ја дадоа Грција на Судот во Стразбур. Судот повеќе од две години не го разгледуваше случајот и не донесуваше никаква одлука, иако РМ секојдневно трпеше огромни штети. Откако беше потпишана Привремената спогодба (ПС) меѓу РМ и Грција, во 1995 година, со која беше прекината илегалната блокада, Судот го прогласи случајот за неактуелен! Тоа беше школски пример на доминација на политиката врз правдата.РМ не возврати на блокадата, иако можеше тоа да го стори: грчките возови и камиони слободно транзитираа.

3. Со Привремената спогодба (член 11), која е меѓународен правен документ, потпишан под патронат на ООН и депониран во светската организација, Грција се обврза да не го попречува интегрирањето на РМ во меѓународните организации и асоцијации во кои е таа член. Со таа обврска, Грција официјално се откажа од правото на вето, кое формално го има и во НАТО и во ЕУ. Во април 2008, на Самитот на НАТО во Букурешт, Грција не ја почитуваше својата меѓународна обврска, преземена со ПС, и го блокираше приемот на РМ во алијансата. РМ ги имаше исполнето сите критериуми потребни за членство, што беше оценка на сите членки, вклучувајќи ја и Грција.

4. Заднината на грчката политика покажува дека проблемот со името е заради фактот дека тоа го дефинира националниот идентитет на македонскиот народ. Се' до распаѓањето на Југославија, преку нејзиниот Генерален конзулат во Скопје, Грција официјално (во своите ноти) го користеше историското и уставно име на државата (тогаш дел од југословенската федерација) - (Социјалистичка) Република Македонија. Проблемот настанува со најавата на распадот на Југославија. Грција беше загрижена дека целосно независна РМ ќе значи недвосмислена афирмација на македонскиот народ, што, порано или подоцна, ќе води до неизбежно отворање на прашањето на третманот и позицијата на целосно обесправеното македонско национално малцинство во Грција. Ова малцинство е основата на грчката политика во однос на името на РМ. Грција живее со митот дека нејзиното население е хомогено и не признава постоење на национални малцинства, кои се меѓутоа неспорни. Тоа го потврдуваат и годишните извештаи за човекови права на американскиот Државен секретаријат, и документи на Советот на Европа и...

5. Проблемот на Грција е постоењето на одделен македонски национален идентитет, сублимиран во името на државата. Со децении таа ги едуцираше сите свои генерации дека Македонци - не постојат. Затоа, цел на грчката стратегија е промена на името, заради разнебитување на идентитетот на македонскиот народ. Доколку ја нема Франција, нема ниту Французи, без Данска нема Данци... Логиката е едноставна: доколку нема изворна македонска нација, не може да стане збор ниту за македонско малцинство во Грција!

6. Врв на апсурдните грчки манипулации сврзани со името на РМ е најновото тврдење дека Грците се Македонци! Целта е повторно проѕирна: ако се тие Македонци, не може да станува збор за постоење на друга македонска нација. Таа измислица не може да ги издржи прашањата: од каде се тие Македонци? Од кога? Како станале Македонци? Дали како такви се декларирале на некој попис? На кој јазик зборуваат? Македонски? Очигледно, грчката цел не избира средства.

7. За прв пат во историјата Грција доби пристап (аццесс) на дел од регионот Македонија во 1913 година, по Втората балканска војна, со Букурешкиот мировен договор, кога Македонија беше распарчена. Никогаш порано дел од Македонија не бил под грчка власт! Делот од Македонија и Тракија, кои Грција ги доби во Букурешт, се' до средината на 30-тите години, во сите нејзини официјални документи се нарекуваа Новоосвоени територии (или Нова Грција). По тоа, тој регион беше наречен Северни територии и тоа име се користеше се до август 1988 година.

8. Поради многубројното македонско население што остана под Грција по 1913 година, името Македонија беше, практично - забрането за користење. Никогаш во својата историја, се' до август 1988 година, Грција официјално не го користеше тоа име. Тогаш (кога е веќе извесно распаѓањето на Југославија), со декрет на премиерот, областа доби неформално име Македонија и Тракија, бидејќи тоа не е дел од административно-политичката поделба на земјата. Паралелно, три дистрикти се преименувани во Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Тоа значи дека ВО ГРЦИЈА НЕМА ПРОВИНЦИЈА КОЈА ГО НОСИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА! Тоа е една од грчките многубројни манипулации, која е од сите прифатена. Но, и да има провинција со исто име, таа не може да го доведува во прашање името на суверена држава.

Правило на првенството

9. РМ го носи своето име од 1944 година, кога беше и прокламирана македонската држава. Република Македонија БЕШЕ ПРВАТА ШТО ГО КОРИСТЕШЕ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА и според меѓународното право, дефинирано во правилото Љуи приор ест темпоре, потиор ест јуре, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА § ГО ОСПОРИ ТОА ИМЕ.

10. Цело време Грција цврсто стои на својата позиција, чија основна и единствена цел е разнебитување на македонскиот национален идентитет. Од самиот почеток, Грција жестоко инсистира во името на РМ да го нема зборот Македонија. Со изнудената Лисабонска декларација од 1992, Грција ја доби дури и поддршката од ЕЗ која, меѓутоа, брзо ја сфати апсурдноста на тоа барање и дискретно се повлече. Факт е дека РМ со целата своја територија (100 отсто) лежи во регионот Македонија. Дел од истиот регион, кој се наоѓа во Грција, претставува само 23,9 отсто од нејзината вкупна територија. И заради тоа, никој не може да и' го оспори правото на РМ да го користи името Македонија.РМ не и' го оспорува на Грција правото да го користи името Македонија според своите потреби и во согласност со меѓународните стандарди.

11. Врз основа на сите овие факти, сосема е јасно дека грчката пропаганда, дека тие преминале две третини од патот до компромис за името, се чиста манипулација. Тврдењата дека тоа го постигнале со „спремноста“ на РМ да и' го „дозволат“ користењето на зборот Македонија во нејзиното име, се апсолутно неодржливи. Значи, евидентен факт е дека Грција не се помрднала ниту за милиметар од своите првични, тврдоглави и целосно неосновани барања. Останува отворено и прашањето врз основа на што Грција бара и инсистира на целосна ексклузивност во користењето на името Македонија?
 
Промена на тактиката

12. Кога и самата Грција се увери дека никако не може да го оспори користењето на зборот Македонија во името на северниот сосед, таа ја промени тактиката и сега настојува значењето на тој збор да се релативизира, односно да не ја симболизира македонската нација. Тактиката е променета, но целта останува: разнебитување на македонскиот национален идентитет. Дека е тоа точно зборува и реакцијата на министерката за надворешни работи Бакојани на најновата изјава (април 2008) на американскиот помошник-државен секретар Даниел Фрид, дека македонската нација и јазик не се таканаречени, како што тврдат Грците, туку реалност. Таа веднаш одговори дека такви изјави не придонесувале за решавањето на проблемот и дека тие нема да се инволвираат во такви дискусии! Зар е можно денес некој да поддржува игнорирање на еден народ?

13. За разлика од екстремната грчка непопустливост во процесот на решавање на овој наметнат проблем, РМ покажа целосна кооперативност и флексибилност, иако сите аргументи и факти беа на нејзина страна. До сега, РМ направи, во меѓународната практика, невидени отстапки: го промени својот Устав, со цел на Грција да и' се дадат додатни гаранции а) за неповредливоста на границите и б) за не мешање во нејзините внатрешни работи, преку македонското малцинство. Интересно е дека Грција таква гаранција бараше, иако тврди дека македонско малцинство во земјата - нема! РМ го смени и знамето, чиј симбол го оспоруваше Атина. Треба да се спомене и фактот дека т.н. Бадентерова комисија, која во името на ЕЗ оценуваше кои држави од распаднатата федерација заслужуваа меѓународно признавање, одреди дека само РМ и Словенија ги исполнуваа критериумите. Комисијата на врвни правни експерти, во која беа претседателите на пет уставни судови од земјите-членки, јасно заклучи дека името на РМ не имплицира никакви територијални ревандикации.

14. Неодржлива е грчката теза дека и' се заканува опасност од македонскиот иредентизам. Тоа е чиста измислица. Впрочем, членството на РМ во НАТО, кое токму Грција грубо го спречи, би било најдобра гаранција против такво нешто. Не само дека нема такви намери, РМ нема ниту какви било воени капацитети со кои би можела да ја доведе во опасност грчката безбедност, да не зборуваме за нејзиниот територијален интегритет. Грција има 240 илјади, а РМ осум илјади војници. Навистина, РМ има четири хеликоптери, но факт е дека, од разни причини, два од истите се речиси постојано приземјени!ѓ

15. Доколку постои некаков иредентизам, тој може да се нотира само кај грчката страна. Таму постојано се извикува дека „Македонија е Грција“. Што треба да значи тоа? Неодамна, владиката солунски изјави дека делови од РМ (Битола...) треба да се присоединат кон Грција и слично. Наспроти тоа, македонското малцинство и' е лојално на Грција, и покрај сите неправди на кои било и е изложено од 1913 година до денес. РМ целосно го поддржува тоа. Меѓу нив нема заговорници на иредентизам, иако секаде има екстремисти.

16. Тврдењата дека РМ присвојува дел од културното наследство на Грција се само манипулација повеќе. Сите земји што биле дел од огромната империја на Александар Велики имаат еднакво право да ги користат сите симболи од тој период. Аеродромот во Скопје не може да биде исклучок, и' се допаѓало тоа на Атина или не, иако моментот на преименување можеби не беше најсреќно одбран. Со тоа никој не е ниту може да биде загрозен бидејќи тоа не имплицира никакво право. Впрочем, никој нема ексклузивност на античката историја: таа е историско наследство на човештвото.

Добрососедството е обврска

17. И покрај сите досегашни отстапки и крајната грчка нефлексибилност, РМ е сепак спремна за барање компромис со кој ќе се надмине проблемот. Компромисот меѓутоа, во никој случај, не смее да го доведе во прашење идентитетот на македонскиот народ ниту да ја постави државата во нерамноправна положба на меѓународната сцена. На РМ НЕ МОЖЕ ДА § Е ЗАБРАНИ ВО БИЛАТЕРАЛАТА И ВО МУЛТИЛАТЕРАЛАТА ДА ГО КОРИСТИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА, како што тоа го прават Германија, Италија, Шведска и сите други држави, со што ги симболизираат своите нации. За жал, грчката единствена цел е да го спречи токму тоа: експонирање на македонската нација. РМ смета дека е невозможно такво нешто да биде поддржано од високоценетите европратеници.

18. Со својата политика, Грција директно ја дестабилизира не само РМ туку и целиот регион. Обврската за градење на добрососедски односи не може да важи само за новите демократии, а не и за членките на НАТО и на ЕУ. Грција мора да биде лидер во регионот и пример за другите земји. РМ е целосно заинтересирана за надминување на недоразбирањата со Грција и за развој на најшироки односи и соработка со неа. РМ ја смета Грција за природен сојузник и логичен промотер на нејзините евроатлантски интегративни процеси. Досега, Грција играше крајно негативна улога во тие процеси и беше загрозувач на мирот и на стабилноста на регионот.

19. Основен столб во системите на сите западни земји е легализмот. Европскиот парламент (ЕП) треба и мора да биде симбол на највисоките демократски дострели. Пратениците и службите на ЕП, како највисок законодавен дом на Европа, треба и мора да бидат носители на борбата за доминација на правото над политиката. РМ е конкретен тест за сите.

20. Македонскиот народ не може да верува дека сето ова што му се случува е дел од современиот мозаик на демократска и легалистичка Европа. Дали вие верувате во тоа? Толеранцијата е синоним за култура, но може да значи и соучесништво, како во конкретниов случај. Чистата совест не смее да биде резултат (само) на слабо паметење.

**********

Меморандумот е наменет за Европскиот парламент кој, до крајот на месецов, треба да усвои извештај за нашата земја. Треба да се проследи до сите парламентарци. На подиректно инволвираните - лично да им се предаде. Со мали приспособувања, меморандумот може и треба да се користи и за сите други потреби.Со ова би можело да започне и исклучително потребната кампања за пробивање на вистината за спорот, која во светот (речиси) никој не ја знае. Пред некој ден, Дорис Пак, која е ангажирана на Балканот и (треба да) ги знае работите, во Скопје ни порача: ви го дозволуваат зборот (не името!) Македонија, што сакате повеќе?

Ристо Никовски (Авторот е дипломат)
 
Светот не го вртат фактите, туку ИНТЕРЕСИТЕ.
 
Па Гарфилде,јас и ти не сме дипломати,ние сме само Кајганџии,зар очекуваш да бидеме благовремено разбрани и преведени?Ајде не заебавај,ебаго.:smir:
 
Требаше да ги подвлечеш (нашминкаш) најважните поенти:

5. Проблемот на Грција е постоењето на одделен македонски национален идентитет, сублимиран во името на државата. Со децении таа ги едуцираше сите свои генерации дека Македонци - не постојат. Затоа, цел на грчката стратегија е промена на името, заради разнебитување на идентитетот на македонскиот народ. Доколку ја нема Франција, нема ниту Французи, без Данска нема Данци... Логиката е едноставна: доколку нема изворна македонска нација, не може да стане збор ниту за македонско малцинство во Грција!

6. Врв на апсурдните грчки манипулации сврзани со името на РМ е најновото тврдење дека Грците се Македонци! Целта е повторно проѕирна: ако се тие Македонци, не може да станува збор за постоење на друга македонска нација.
Таа измислица не може да ги издржи прашањата:
од каде се тие Македонци?
Од кога?
Како станале Македонци?
Дали како такви се декларирале на некој попис?
На кој јазик зборуваат?
Македонски?
Очигледно, грчката цел не избира средства.

7. За прв пат во историјата Грција доби пристап (аццесс) на дел од регионот Македонија во 1913 година, по Втората балканска војна, со Букурешкиот мировен договор, кога Македонија беше распарчена. Никогаш порано дел од Македонија не бил под грчка власт! Делот од Македонија и Тракија, кои Грција ги доби во Букурешт, се' до средината на 30-тите години, во сите нејзини официјални документи се нарекуваа Новоосвоени територии (или Нова Грција). По тоа, тој регион беше наречен Северни територии и тоа име се користеше се до август 1988 година.

8. Поради многубројното македонско население што остана под Грција по 1913 година, името Македонија беше, практично - забрането за користење. Никогаш во својата историја, се' до август 1988 година, Грција официјално не го користеше тоа име. Тогаш (кога е веќе извесно распаѓањето на Југославија), со декрет на премиерот, областа доби неформално име Македонија и Тракија, бидејќи тоа не е дел од административно-политичката поделба на земјата. Паралелно, три дистрикти се преименувани во Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Тоа значи дека ВО ГРЦИЈА НЕМА ПРОВИНЦИЈА КОЈА ГО НОСИ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА! Тоа е една од грчките многубројни манипулации, која е од сите прифатена. Но, и да има провинција со исто име, таа не може да го доведува во прашање името на суверена држава.

Правило на првенството

9. РМ го носи своето име од 1944 година, кога беше и прокламирана македонската држава. Република Македонија БЕШЕ ПРВАТА ШТО ГО КОРИСТЕШЕ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА и според меѓународното право, дефинирано во правилото Љуи приор ест темпоре, потиор ест јуре, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА И' ГО ОСПОРИ ТОА ИМЕ.

15. Доколку постои некаков иредентизам, тој може да се нотира само кај грчката страна. Таму постојано се извикува дека „Македонија е Грција“. Што треба да значи тоа? Неодамна, владиката солунски изјави дека делови од РМ (Битола...) треба да се присоединат кон Грција и слично. Наспроти тоа, македонското малцинство и' е лојално на Грција, и покрај сите неправди на кои било и е изложено од 1913 година до денес. РМ целосно го поддржува тоа. Меѓу нив нема заговорници на иредентизам, иако секаде има екстремисти.

16. Тврдењата дека РМ присвојува дел од културното наследство на Грција се само манипулација повеќе. Сите земји што биле дел од огромната империја на Александар Велики имаат еднакво право да ги користат сите симболи од тој период. Аеродромот во Скопје не може да биде исклучок, и' се допаѓало тоа на Атина или не, иако моментот на преименување можеби не беше најсреќно одбран. Со тоа никој не е ниту може да биде загрозен бидејќи тоа не имплицира никакво право. Впрочем, никој нема ексклузивност на античката историја: таа е историско наследство на човештвото.
 
Абе сега,навистина декларацијата е малку преобемна и за мој вкус,ама така ќе делува посериозно во Европскиот парламент.Така ни советуваа некои странци своевремено:-Помогнете си за да ви помогнеме.Декларацијата е токму навреме,не е задоцнета и мора да биде вака малку пообемна доколку се сака да се постигне саканата цел.
 
Чекај малце, горе стои дека е од април, 2008-ма година. Грешка е датата или?
 
Чекај малце, горе стои дека е од април, 2008-ма година. Грешка е датата или?

Па таа е со малку постар датум,практично од времето кога работевме на една слична декларација и со некои членови на овој форум,кој сега се лутат малку на Ристо оти ја препишал на Англиски и ја објавил токму сега за да им се даде на сите Европарламентарци токму во овие моменти кога Европарламентот треба да донесе многу суштествени одлуки за Македонија.:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom