Прво и основно пред да почнеш било што да правиш обавезно направи клон на целиот хард диск вака како што е (и јас добив ист таков и во моментов од него го пишувам ова).
Јас го најдов овој програм за клонирање кој е доста ефикасен и е на база на Линукс -
Clonezilla
Следи ги упатствата напишани на страницата и припреми го USB стикот преку windows машина. Нема потреба да го форматираш USB сткот опишан во чекор 1 од упатствата бидејќи стикотвите по дифолт се феќе форматирани во FAT32 систем. Доколку треба да го форматираш тогаш користи ја опцијата за фоматирање во Windows explorer - десен клик врз стикот и формат.
(Може и преку линуксот на Eee.pc-то да го средиш истото само зависи колку си расположен да учиш нови команди.)
Овде се наоѓа ептен јасен и сликовит туториал за тоа како се користи Clonezilla
Имиџот кој што го направив јас од Eee.pc-то фати околу 3.7 GB, a го работев со помош на USB стик од 8 GB.
Знам дека ова не е тоа што бараше но верувам дека ќе ти помогне во иднина во случај на несакано зезнување на системот.
А моја препорака е - батали го windows и стави нова верзија од едубунту 9.10 (ги има истите програми како старата 7.04) и пребриши ја старата (откако ќе ја клонираш за секој случај). Од министерство не предупредија т.е. условија да не ставаме windows на компјутерчињава, но ни дадоа изим да ја надградиме во нова верзија од линук едубунту.
Еве ти линк за
едубунту 9.10 (ова е официјалниот торент за ISO фајлот со инсталација на
сајтот за Едубунту)
И ова е
упатството за припремање на бутабилен USB стик (во чекор 1 ти го дава линкот за истиот торент кој го наведов претходно за едубунту 9.10 така да тоа скокни го и оди на чекор 2 директно).
Последна работа, за да се бутира Eee.pc директно од стик ќе мора да влезеш во BIOS (стисни F2 при старирање) и и во менито за BOOT DEVICES (со претходно уклучен стик во компјутерот) треба од второто мени да подесиш под бр. 1 да бутира од УСБ стик а под бр 2 да биде HDD. Ова „второ“ мени (не ми текнува точно како се вика) се појавува само доколку имаш веќе приклучено УСБ стик пред стартрање на компјутерот. Вкупно има три менија под страницата за Boot devices priority кога е вклучен УСБ стик при стартирање на компјутерот.
Толку од мене доста ти е за сега. :smir: