Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Подолго време размислувам и мислам дека слободно можам да заклучам дека: Во зависност од која партија е градоначалникот со такви бои се бојадисуваат проектите во таа општина. На пример сведоци сме кога на пример градоначалник е човек од СДСМ, се што ќе се направи или реновира задолжително се бојадисува со сина и жолта боја, а додека ако е од ВМРО- ДПМНЕ со црвена и жолта. Интересно искуството доживеав пред неколку дена како резултат на одбојноста во училиштето на група наставници кои инаку се членови на СДСМ и одбија да земат работни мантили со црвена боја со образложение дека тоа била вмровска боја. Ова е само дел од реалноста. Примери има уште многу. Вие и сами сигурно можете да видите околу вас како на пр. спортски сали, мостови итн. се бојадисани или сино- жолта или црвено- жолта.
Треба ли и во изборот на боите да влијае политиката?
На таков ли начи се остава белег од еден градоначалник за идните генерации?
Какви се вашите мислења и дали вие оправдувате такво нешто?
Јас лично не оправдувам и мене ми пречи одење до таква крајност од било која политичка партија. Мислам дека со тоа градовите губат од својата автентичност, а градоначалниците запаѓаат во една заслепеност која во едно демократско општество наликува на безидејност..