Се крчка ли и промена на Уставот?

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
Само УСТАВЕН СУД кој во своето работење се покажал дека државата му е помила од комунистичката партијата е СУД кој може да биде почитуван.

Овој суд како и целокупното судство не е достојно за таква почит.

И Македонија имаше промена на устав ради предавство, не ми се праите на тошо.
 
Еми нели ви зборев дека терате двојни аршини...
Руфи предлага промена на устав, веднаш се јавувате желни да го линчате, се што иде против уставниот е предмет на затварање, тепање и непочитување кон државата.

Камо сега ист третман за другите кои заговараат промена на уставот? :):)
 
Толку е проѕирно и смешно. Наеднаш протести низ цела држава дека се укинала веронауката. Па ние име за малку ќе сменевме никој жив не дојде на плоштад освен кајгана crew, за една веронаука државава се крева на нозе. Лесно е коа си партија на власт да организираш што ти е мерак.

И сега владата ќе мора да стори нешто против ваквата скандалозна одлука на уставниот суд, и да ги преземе работите во своите разумни раце. :tapp:

Се прашувам дали можеби треба да го извадам мозокот и да го предадам во владата на РМ, тие сигурно ќе можат да размислуваат место мене... толку подобро и попаметно.
 
Толку е проѕирно и смешно. Наеднаш протести низ цела држава дека се укинала веронауката. Па ние име за малку ќе сменевме никој жив не дојде на плоштад освен кајгана crew, за една веронаука државава се крева на нозе. Лесно е коа си партија на власт да организираш што ти е мерак.

И сега владата ќе мора да стори нешто против ваквата скандалозна одлука на уставниот суд, и да ги преземе работите во своите разумни раце. :tapp:

Се прашувам дали можеби треба да го извадам мозокот и да го предадам во владата на РМ, тие сигурно ќе можат да размислуваат место мене... толку подобро и попаметно.


Не мора мозок, доволно е партиска книшка и да ќутиш:)
 
Дали ВМРО-ДПМНЕ по жестоката реакција на одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во основното образование, за да ги дисциплинира судиите, крчка и промена на Уставот или носење Закон за Уставен суд.
Ниту демантираат ниту потврдуваат, но повторуваат судиите, од политички побуди донесоа одлука против интересите на 15.000 ученици.
Според ВМРО-ДПМНЕ секуларноста не е атеизам, одлуките за укинување на два проекта на Владата - за наталитет и веронаука, судот темпирано ги донесе во време на избори.



„Македонија не смее да се врати во периодот на мрачната и матна транзиција кога се беше дозволено и Македонија ќе се бори против таквите тенденции“, рече Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски вели нема да дозволиме да се ограничи правото на избор, а Уставниот суд се обидува да се стави над Извршната и законодавната власт.
Нивниот коалициски партнер ДУИ ќе поддржи и Уставни промени и законска рамка во делот на носење на одлуките на Уставниот суд. И се со цел да се реализира нивната идеја кога Уставниот суд одлучуваше за уставноста на законот за знамињата.
„Во Уставниот суд многу одлуки треба да се донесуваат со бадентерово мнозинство“, изјави Рафиз Алити, ДУИ.

Според ДУИ, законот за основно образование со кој беше воведена веронауката, не е добар и треба да се менува, со некои реакции, вели Алити и ИВЗ претера.
Реакциите на власта за опозицијата се скандалозни, тие се класичен притисок врз независноста на судството и значат рушење на уставниот поредок.
„Во изминативе три години, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се обидоа буквално да го фамилизираат судството како трета власт. нема да не зачуди доколку посегнат и по Уставниот суд“, вели Емилијан Станковиќ, СДСМ.
„Не сум изненаден да после сите овие напади наскоро на мојата работна маса видам и предлог за измена на Уставот на РМ“, изјави Андреј Жерновски, ЛДП.

Евроамбасадорот Фуере бара Владата да воспостави доверба меѓу институциите.
„Оние коишто се прашуваат за одлуките на Уставниот суд треба да се запрашаат што со ова ќе се постигне, освен да се намали власта и независноста на една од најважните институции во државата“, рече Фуере.
Опозицијата укажува - Македонија е неславен рекордер во Европа по оспорени владини проекти пред Уставниот суд.




http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107479

ајмо на здравје стрижење

се извинувам на модераторите ако има дупла тема

весник Дневник 22 април 2009 год

Власта станува суд над судовите

Немате проблем со Уставниот суд, туку со Уставот, и' порачаа вчера уставните судии на владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Политичка некултура, непочитувањето на авторитетните државотворни институции и непознавање на уставното начело на поделба на власта во демократските општества, е оценката на експертската јавност за последните ставови на партијата на власт на сметка на Уставниот суд. Последните навреди од ВМРО-ДПМНЕ се само кулминација на партиските напади од сите бои врз врвната судска институција, која е задолжена да го штити највисокиот државен акт - Уставот. Од слични, но многу поумерени и „попрефинети“ напади врз Судот не е имуна ни опозицијата.

Сите институции, особено судството во целина, постојано се под опсада од партиите, кои сакаат своите програми сосила да ги истуркаат. Тоа најмногу го почувствува третата власт, која всушност треба да ги контролира другите две. Првин од политичкиот врв судството ги доби епитетите корумпирано, неефикасно, нестручно. Главната поента на „реформата“ со која „ликот на судијата треба да стане европски“ се сведе на избор на судии од списокот на партијата на власт.

КОМЕНТАРИ НА ОДЛУКИТЕ

Како никогаш досега, Уставниот суд стана институција за поткусурување. Не се руши ли со тоа авторитетот на оваа институција? Не е ли тоа повик да не се почитуваат нејзините одлуки? Или можеби е повик и отворање пат уставните судии предвреме да бидат сменети? Сега е од суштинско значење Владата да ги насочи сите свои напори во повторно воспоставување јавна доверба во соодветното функционирање на државните институции. Оние што ги ставаат под знак прашалник одлуките на Уставниот суд треба да се прашаат себеси дали со тоа ќе се постигне и нешто друго освен што ќе се поткопа авторитетот на една од најважните институции во земјата - изјави вчера евроамбасадорот Ерван Фуере.И македонските експерти се со сличен став.

- Ние сме млада држава, со очигледно мала традиција во однос на државотворноста и пиететот кон државните институции. Тоа се одразува на политичката култура. која е со примеси на лутање и непознавање, изразена преку можноста да се коментира секоја ситуација. Кај нас секој може, што не значи и дека има право, туку си зема право. да коментира одлуки на Уставен суд. Тажно е за една држава што институцијата Уставен суд веќе неколкупати е во ваква ситуација. Уставниот суд треба да се раководи од уставните решенија, па ако треба во нешто да се интервенира, тоа треба да се направи во Уставот. Одлуките на Уставниот суд во државите со поголема демократска традиција не се коментираат - вели политикологот Ѓорѓи Тоновски, декан на Правниот факултет на ФОН.
Во демократска држава одлуките на Уставниот суд не смее да ги критикуваат ни партиите ни научната јавност, смета професорот по социологија на Филозофскиот факултет Зоран Матевски.

- Кај нас тој стадиум на развиток не е постигнат и политичката демократија се'уште ги прележува овие детски болести на општеството. Уставниот суд е натпартиско тело и е коректив на извршната власт. Самите членови на Судот треба да бидат аполитични и да го бранат Уставот. Некоментирањето на одлуките на судот влегува во кодексот на однесување во едно политички демократско општество. Кај нас демократијата не е развиена, па преку коментарите партиите меѓусебно политички се пресметуваат - вели Матевски.

ТЕОКРАТСКА ДРЖАВА

Според него, причина за лавината реакции од владејачката партија е што не може да го протурка проектот за веронауката. Ако се смени членот 19 од Уставот, кој ја гарантира секуларноста на државата, ќе станеме теократска држава - вели професор Матевски.

Наспроти тоа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вели:

- Одлуката на Уставниот суд е политичка и донесена помеѓу два изборни круга. Нема да дозволиме да се чепка во правата на граѓаните, а Уставниот суд да се става над сите власти.

Владејачката партија има проблем со Уставот, а не со Уставниот суд, порачуваат уставните судии. Во вчерашното соопштение, Уставниот суд посочува дека директна основа за донесувањето на укинувачката одлука е Амандманот 7 точките 1 и 2 според кои „верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата“ и „верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето верски училишта“. „Уставниот суд ги штити уставноста и законитоста, а неговите одлуки се конечни и извршни, не може да се оспоруваат и мора да се спроведат. Имајќи ја предвид уставната положба и надлежност на Судот, изнесените реакции за одлуката за верското образование во основните училишта, како и за други одлуки на Судот (фискалните ‘патриотски’ сметки, родителски додаток за второ, трето и четврто дете...) се непримерен притисок и обид за дискредитација на Уставниот суд како највисока правна институција во државата. Тоа е обид за обезвреднување на уставните определби, па и на уставното начело на владеењето на правото“, се вели во соопштението од Судот.

Проблем со Уставот и Уставниот суд има и ДУИ. Потпретседателот на оваа партија и на Собранието, Рафиз Алити, вчера повторно ја реафирмира идејата за промена на Уставот и за воведување на Бадентеровиот принцип. Андреј Жерновски, потпретседателот на ЛДП, партијата што иницираше пред Уставниот суд оценка на уставноста на веронауката во основните училишта, вели оти нема да биде изненаден ако „уште денеска на работната маса најде предлог за измени на Уставот“. Пратеникот на СДСМ Емилијан Станковиќ вели: Сега кога ВМРО-ДПМНЕ ја има целата власт како во фашистичките држави, нема да не' зачуди ако побараат промена на Уставот.

Новата црква, место за сликање

Граѓаните ќе може да се СЛИКААТ пред новата црква на плоштадот Македонија е една од ПРИДОБИВКИТЕ од изградбата на црква на плоштадот во Скопје, смета ВМРО-ДПМНЕ. Со самото тоа што граѓаните гласале за неа, ВМРО-ДПМНЕ смета дека сите нејзини проекти имаат зелено светло од гласачите.

- Околу црквата на плоштадот ќе се случуваат општествени и приватни настани. Секој ТУРИСТ нема да пропушти можност за ФОТОГРАФИРАЊЕ пред неа. Таа ќе стане дел од препознатливоста и симбол на градот и дел од РАЗГЛЕДНИЦА или книга за Скопје. Добивме поддршка од половина милион гласа, кои се поддршка и за издвојување пари од буџетот за изградба на црквата - пишува во партиското соопштение. Иако жестоко критикуваше за одлуката за веронауката, ВМРО-ДПМНЕ за новата црква се повикува ТОКМУ НА ОДЛУКАТА на Уставниот суд да ја отфрли иницијативата за „Малиот ринг“. Никаде во Уставот или законите нема експлицитна забрана за обновување цркви. Во Општина Центар над 99 отсто од граѓаните се христијани, и природно е Советот на општината да го поддржи проектот. Именуваната црква е срушена од државата, по земјотресот и останува обврската и државата да ја изгради - се вели во соопштението

Црвенковски: Атак врз независноста

Директен атак врз независноста на Уставниот суд, е оценката на шефот на државата Бранко Црвенковски за жестоките напади на ВМРО-ДПМНЕ врз Уставниот суд, во кои беше посочен како „налогодавач“ за укинување на веронауката.

- Ако Владата се јавува како поттикнувач и рушител на уставниот поредок, таа држава не е правна држава. Груевски подолг период ја врши функцијата и на извршна и на законодавна власт, а по претседателските избори ја презеде и улогата на претседател. Сега сака да ги присвои и ингеренциите на Уставниот суд. Тоа, според сите теории и светски искуства, се нарекува тоталитарна власт. Неговата политика се заснова на постојано продуцирање нови внатрешни поделби и конфронтации во македонското општество. Поделбите на патриоти и предавници, на преродбеници и кочничари, на антички и словенски Македонци, на верници и неверници, сега само го достигнаа својот врв со наметнување на изборот послушност кон Груевски или почитување на Уставот. Убеден сум дека овој пат тоа нема да помине и дека нашите граѓани, како и секогаш, ќе знаат да го направат вистинскиот избор“, се вели во соопштението од Кабинетот на шефот на државата.

Натали Н.Сотировска, Анета Тодевска
Фото Слободан Ѓуриќ
 
sudija vo ustaven e taa ingilizova koja bese predsedatel na dik vo 98 i koja spored nejzini tokuvanja togas im skrate nekolku mandati vo 1 krug na vmro i da, kako nagrada za toa bese postavena vo ustaven...i sega kako da veruvam deka nema politicko vlijanie vo dejnosta na odredeni sudii tamo ?
 
sudija vo ustaven e taa ingilizova koja bese predsedatel na dik vo 98 i koja spored nejzini tokuvanja togas im skrate nekolku mandati vo 1 krug na vmro i da, kako nagrada za toa bese postavena vo ustaven...i sega kako da veruvam deka nema politicko vlijanie vo dejnosta na odredeni sudii tamo ?

И сега што праиме? Да го рушиме уставниот суд. Да не се спроведуваат одлуките на уставниот суд. Да ги смениме уставните судии. Да организираме уставни избори во кои народот ќе ги бира уставните судии. Да го укинеме уставниот суд па пратеници од владејачката партија да ни го толкуваат уставот. Да го менуваме уставот. Ова последното и да се направи пак ќе останат истите судии во него и пак ќе го имаат истиот кредибилитет. Ај дај предлог што да се прави. Јас не гледам што во ваква ситуација може да се направи освен да се чека следниот мандат и нови уставни судии.
 
sudija vo ustaven e taa ingilizova koja bese predsedatel na dik vo 98 i koja spored nejzini tokuvanja togas im skrate nekolku mandati vo 1 krug na vmro i da, kako nagrada za toa bese postavena vo ustaven...i sega kako da veruvam deka nema politicko vlijanie vo dejnosta na odredeni sudii tamo ?


Дрвце бе ,немаш ти проблем со Ингилизова,ти имаш проблем со Уставот
 
И сега што праиме? Да го рушиме уставниот суд. Да не се спроведуваат одлуките на уставниот суд. Да ги смениме уставните судии. Да организираме уставни избори во кои народот ќе ги бира уставните судии. Да го укинеме уставниот суд па пратеници од владејачката партија да ни го толкуваат уставот. Да го менуваме уставот. Ова последното и да се направи пак ќе останат истите судии во него и пак ќе го имаат истиот кредибилитет. Ај дај предлог што да се прави. Јас не гледам што во ваква ситуација може да се направи освен да се чека следниот мандат и нови уставни судии.
za pocetok da se priznae deka ustavniot sud vo del od svoite ulogi umesuva politika.

a sega ima i drug nacin koj vika deka mora nekoj sudija da doceka do sledniot mandat )))))))

- edna mediumska kampanja za prljav vesh ( garant ima za sekoj po nesto) na nekoj e najblaga forma, se deskriditira i se ceka ``sam`` da podmnese ostavka od zdravstveni pricini.
- drug metod sekoj sudija ima svoja cena
- tret metod kraen i nepozelen....da mu padne klavir vrz glava ))))

Дрвце бе ,немаш ти проблем со Ингилизова,ти имаш проблем со Уставот
e kako ustavov vo odnos na veronauka zakonov sega stana protivustaven.....neli istiot bese i pred pocetok na skolska godina?
 
e kako ustavov vo odnos na veronauka zakonov sega stana protivustaven.....neli istiot bese i pred pocetok na skolska godina?


Епа ако беше спорен само овој закон тогаш долг е периодот ,нажалост реалноста нешто друго ни покажа, скоро секој втор закон од твојве падна на уставен :helou:
 
Епа ако беше спорен само овој закон тогаш долг е периодот ,нажалост реалноста нешто друго ни покажа, скоро секој втор закон од твојве падна на уставен :helou:
e pa toa de vikam...dur e ovoj sostav ke pagjjaat...ama na sve krajot mu se naogja )))
 
Епа ако беше спорен само овој закон тогаш долг е периодот ,нажалост реалноста нешто друго ни покажа, скоро секој втор закон од твојве падна на уставен :helou:

му даваш само аргумент повеќе дека уставниот суд е под влијание на другите.

измена: еве видов, додека го пишував ова, тој веќе ти одговорил.
 
e pa toa de vikam...dur e ovoj sostav ke pagjjaat...ama na sve krajot mu se naogja )))

Пфффф ти ќе му најдеш крај! Спомна клавири ,така да батали тоа ,ко прво ти незнаеш да свириш на клавир па од таа страна уставните судии се сигурни ич мака да немаат :pos2:

му даваш само аргумент повеќе дека уставниот суд е под влијание на другите.

Аргумент може да му биде само уставот ништо повеќе
 
-zakon za treto dete
- patriotski fiskalni
- veronauka

ovie gi padnaja zakoni

site zakoni koi odea vo polza na jacanje na nacionalniot duh kaj makedonecot.

i sega so da praam muabet.....e ke se vitkaat kicmi, da i ja svitkam na ingilizova taa zilata si znae koja )))))
 
Odlukava za ukinuvanje na задолжителен притвор e dovolna za razreshuvanje na Brankovite ustavni sudii. No nea za chudo nashive "demokratski" i "vistinoljubivi" novinari nikako da ja iskomentiraat.

A so ovaa odluka na Brankoviot sud shto se otvora "realen":

Укината одредбата за задолжителен притвор

prazno.gif
prazno.gif
20.04.2009 16:13

Нелогичен потег на уставните судии кои ја укинаа одредбата во законот за кривична постапка, со која се предвидуваше ако некој биде првостепено осуден на минимум 5 годишна казна затвор или повеќе, притворот да му се продолжи до правосилност на пресудата.
Кривичарите зачудени од ваквата одлука на уставните судии кои ја сметаат и за скандалозна.
„Нема совесен судија којшто нема да определи мерка притвор тогаш кога ќе изрече висока казна затвор, значи ако дури е неприродно, ненормално, да се очекува дека некој што е осуден на 10 години казна затвор, ќе седи дома и ќе чека покана за издржување“, изјави Гордана Бузаровска Лажетиќ, универзитетски професор.
Уставниот суд одредбата ја укина бидејќи сметаше дека законодавецот не смее преку законот за кривична постапка да пропишува одлуки за задолжителен притвор, по изречена пресуда од минимум 5 години казна затвор, како што беше до сега случај.
Законот наместо судот, сметаа уставните судии, определувал ограничување на слободата на човекот. Одлучувањето останува на судиите во постапката.
„Не можам да откријам што е причината за ваквата одлука на Уставниот суд, не сакам да верувам дека е за еднократна употреба“, вели Бузаровска Лажетиќ.
Основите за продолжување на притворот, можност од бегство, повторување на делото и влијание на сведоци како механизам, остануваат во функција.
Останува на првостепените судии да ценат дали криминалец осуден за тешко кривично дело, ќе го пуштат на слобода се додека пресудата за него не стане правосилна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom