Крајници!

Sophelia

дежурен лејбек
Член од
3 јуни 2009
Мислења
18
Поени од реакции
4
Најгадното искуство евр! Коа ми го ваѓаа 3тиот крајник се сеќавам имав 7 години.
Ма каква анестезија ништо не помогна... Ме седнаа таму ми ги врзаа очите со нешто демек да не гледам... али се гледаше пак. Коа пикуваа ножици и триста чуда... пола саат ми течеше крв од нос и од уста... Сирото јас...:cry:
 
Малата

Smile..It Confuses People
Член од
2 јуни 2009
Мислења
40
Поени од реакции
3
пред неколку дена ја видов темава ама си реков абе супер немам проблеми и денес откако станав едниот крајник ми е испакнат и неможам да голтам ... што да правам? :(
 
اختيارين أحلاهم

اسامة شخصيا
Член од
30 мај 2009
Мислења
90
Поени од реакции
5
стави си ладни облоги - мраз од надвор....

и напиј се метамизол (аналгин, јакагин,...), но не парацетамол за тоа што парацетамол нема против-воспалително дејство. а аналгин, па и аспирин, ибупрофен, кетопрофен имат против-воспалително дејство и делуваат освен на температурата, болката, и на воспалението.
 
Малата

Smile..It Confuses People
Член од
2 јуни 2009
Мислења
40
Поени од реакции
3
стави си ладни облоги - мраз од надвор....

и напиј се метамизол (аналгин, јакагин,...), но не парацетамол за тоа што парацетамол нема против-воспалително дејство. а аналгин, па и аспирин, ибупрофен, кетопрофен имат против-воспалително дејство и делуваат освен на температурата, болката, и на воспалението.

Идам веднашш Господ здравје да ти даде па никогаш да немаш со нив проблеми :)
 
Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Фала богу до сега не сум имал проблем со крајниците.Не планирам да ги вадам дур не почнам ради нив да се разболувам.Чим се деси тоа еднаш одма ги вадам не размислувам.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Извадени ми се уште од мал така да немам проблеми. :toe:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ај гледам се раздвиже темава па да пишам.

Јас извадив крајници еве баш на 20 години. Инаку долги години имав проблем со носот при спиење и постојано ми беше затнат. Прво мислеа дека имав воспалени синуси и дури потоа ми го открија третиот крајник како зголемен притоа зафаќајќи 3/4 од носната шуплина. Со двата во грло немав некои големи проблеми но почесто имав настинки и во последно време едниот почна да се зголемува и се решив на операција.
Операцијата беше со целосна анестезија и во болница бев дополнителни 3 вечери и 4 ден си заминав дома. Дополнително уште 5-6 дена јадев само течна храна и потоа таму 9 ден започнав полека нормално да јадам. Подобрување осеќам големо, од настинки и посебно со носот кој што сега ми е многу поотпушен.
Колку е постара особата има поголеми болки, кај мене имаше силни болки и тие 8-9 дена се измачив баеги изгубив и 6 кила но сепак вредеше.
 
D

dh00|

Гостин
може да се каже дека имам мал проблем со крајниците. често пати сум имала гној на ангина и стварно чувството ми беше одвратно,не можев ни да голтам ко шо треба, ни нишо...
се сеќавам,лани летото три пати се разболев од тоа чудо:nesum:
само сакам да прашам дали би било пожелно да ги извадам крајниците за да неам ваков проблем затоа што се плашам да не ги оштети случајно гласните жици?...потребни ми се:nesum:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нема никакво оштетување на гласните жици по операција. Јас еве ги извадив сите три и сега зборам нормално, значи исто како претходно :)
Вадење крајници е рутинска операција само зезнат си првите 5-6 дена по операцијата има големи болки но и за тоа се примаат соодветни лекарства. Инаку ако имаш постојани проблеми отиди на контрола, како и да е сите што ги знам по операција немале никакви проблеми со грлото или носот и се спасиле од постојано консумирање лекарства како што е и во мојот случај.
 
за зборењето не ми е баш гајле...за пеењето ми е мене:pos: пошо веќе почнувам професионално да се занимавам со тоа (соло пеење,опера)...ова ме мачи мене:nesum:
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
за зборењето не ми е баш гајле...за пеењето ми е мене:pos: пошо веќе почнувам професионално да се занимавам со тоа (соло пеење,опера)...ова ме мачи мене:nesum:
нема гајле не се секирај ... јас побуо пеам од ко ги извајв крајниците :):) :icon_lol:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Сеуште ги имам здрави прави,да не ги урочам пупупу.:kesa:
 
Член од
6 август 2009
Мислења
43
Поени од реакции
7
Па као мал многу се разболував и на 7 год ги извадив крајниците :smir:
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
117
Поени од реакции
10
јас веке долго време имам проблеми со крајниците околу 2 3 години.грлото ми е затнато,имам тескотии при голтане и дишене.моите ме тераат да одам да ги извадам но не мозам да се решам.Ама по ова сто го процитав ке одам.Вака не бива.
 
Mali )

Колку е саат?
Член од
26 ноември 2009
Мислења
75
Поени од реакции
3
Фала му на бога ги имам и немам проблеми.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom