canastaa
V.I.P
- Член од
- 6 јули 2008
- Мислења
- 5
- Поени од реакции
- 0
Утре средба за укинување на визниот режим
Елена Димчова
Утре во Брисел во седиштето на Европската унија ќе се одржи важна средба на која главна тема ќе биде добивањето датум за преговори со Унијата и визна либерализација за македонските државјани.
По средбата меѓу еврокомесарот Оли Рен и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, ќе биде познато дали Македонија по успешно спроведените избори и работата на 8-те барања, ќе добие датум за преговори наесен.
МНР очекува позитивен одговор и за укинувањето на визите за ЕУ.
„Министерството за надворешни работи на Република Македонија високо ја цени поддршката којашто неодамна преку писмо ја искажаа министрите за надворешни работи на 8 земји членки на ЕУ, барајќи од Европската комисија и чешкото претседателство итно и неодложно укинување на визите за македонските граѓани“, изјави Елена Димчова, портпарол на МНР.
„Со оглед на постигнатите резултати во исполнувањето на патоказот за визна либерализација, очекуваме идниот месец, по добивањето на финалниот извештај, Европската комисија да поднесе предлог до Советот на ЕУ за укинување на визите и стапување во сила на безвизниот режим до крајот на 2009“, додаде Димчова.
source: A1