hotmail
GiO
- Член од
- 1 февруари 2008
- Мислења
- 1.333
- Поени од реакции
- 426
Скандал на конференцијата на ОН против расизам во Швајцарија. Претставниците на земјите-членки на Европската унија ја напуштија конференцијата кога се обрати иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
Тој почна да го обвинува Израел за водење расистичка политика.
Говорот на Ахмадинеџат го прекинаа и тројца демонстранти со перики кои извикуваа „расист“, по што беа отстранети.
„По завршувањето на Втората светска војна, сојузниците прибегнаа кон воена агресија, за да го лишат еден цел народ од неговата земја, при што за да го оправдаат тој чекор го користеа страдањето на еврејскиот народ“, изјави Ахмадинеџат.
Конференцијата уште на почетокот беше осудена на пропаст. Главни причини за бојкотот на САД, Израел, Германија, Полска, Австралија, Италија, Канада, Нов Зеланд и Холандија е учеството на Иран и стравувањето дека конференцијата може да биде терен за антисемитски собири.
„Длабоко жалам што некои избраа да бидат на страна. Се надевам дека тоа нема да трае долго“, изјави Бан Ки Мун.
Израел го отповика својот амбасадор од Берн во знак на незадоволство бидејќи швајцарскиот претседател Ханс-Рудолф Мерц го прими иранскиот колега Махмуд Ахмадинеџад.
„Да го имаш Ахмадинеџад како гостин на светска конференција против расизмот, 65 години по настаните во Европа од минатиот век, е уште една потврда колку светот е полуден“, изјави Ехуд Барак, министер за одбрана на Израел.
Пред зградата на ОН во Женева се одржуваат протести на групите за заштита на човековите права во Иран.
„Денешната конференција е срам и губење време. Државниците наместо да се фокусираат на вистинските проблеми, дебатираат со оние кои ги кршат човековите права“, рече Мајкл Диксон, организатор на протестот.
„Тоа е пропуштена можност за луѓето кои неправедно се осудени од режимот во Иран“, додаде Диксон.
Конференцијата е продолжение на првиот ваков Форум што се одржа во јужноафриканскиот град Дурбан во 2001 година, кoга САД и Израел демонстративно ја напуштија конференцијата, бидејќи во завршниот документ се велеше дека Израел води расистичка политика на палестинска територија.
A1