Значи како патриоти треба да ги криеме криминалците, нека си ја вршат работата, не треба да ги ловиме, бидејќи ако ги уловиме ќе се расчуе низ светот дека во Македонија има криминал. Добар муабет.
Јас мислам дека во овој случај нема никаква штета Македонија. Види што се случува во Португалија, во Италија, во Полска кога се во прашање наместените натпревари. Дали таму некој размислува како вас, остајги нека прават тоа што си прават само да не слушне нешто лошо за државата. Патриот си ако се бориш чесно за својата земја и ги цениш вистинските вредности, а не да го поддржуваш криминалот.
Што се однесува до Миленко, мене тој воопшто не ми е битен во случајов, можете да отворите посебна тема за него па да дебатирате каков човек е тој, каков бил во минатото, колку местел, дали е дудлач итн. Во овој случај бил сведок против Победа, па што ако бил. Ќе го окривував него доколку натпреварот не беше наместен, па тој им нанел зло на челниците на клубот, тие праведни а тој ги окривувал. Вака нека си ебат матер, чим местеле нека го кркаат стапот, Миленко да не им е крив?