Водите во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Викаат водата е најголемото богатство на планетава......
Бевме сведоци на разно-разни лопатарења во предизборието но очигледно никој од лопатарите не води сметка за екологијата......нормално не е тоа така звучно, популарно, популистички, екстрагавантно ко кога ќе се спомне: филхармонија, скулптури, разни џонсони, LCD-а, цркви...итн...... едноставно работите кои живот значат не се интересни.....

Во продолжение еден напис за на прилепчани познатата „Гомнарка’’.....

Водите во Македонија: Прилеп


t.gif
20080428144205prilep_reka203_4.jpg


Оревоечка река нема многу вода, но сепак велат дека го дели Прилеп на два дела. Долга е 20-тина километри и се влева во Црна Река. Но, нејзините води одамна се бактериолошки загадени и неупотребливи.



Затоа се поставува прашањето колку незагадена може да биде храната што се произведува околу неа.
Фекалната и атмосферската канализација од градот без никаков третман со децении наназад се влеваат во водите на Оревоечка река.
-„Тоа е причината што водите од оваа река денес се екстремно загадени", потенцира Љубомир Петковски, експертот за животна средина кој врши испитувања на квалитетот на водата на Оревоечка река.
-„Прилепска река спаѓа во класата 5, екстремно е загадена и хипертрофна средина. Секое наводнување од реката е непожелно, а во врска со човековото здравјето реката е потенцијална опасност за разни заразни болести."
Блиска канализација
Граѓаните од урбанизираната градска населбата „Димо Наредникот" велат дека иако имаат платено за изградба на канализациска мрежа, нивните фекалии се’ уште се влеваат директно во водите на реката која тече само неколку метри од пред нивните куќи.
-„Канализација за в река има и нагоре како ќе одите се гледаат цевките в река што одат. Смрди, ѓубре се фрла. Се’ в река оди!"
t.gif
20080428144122prilep_reka203_1.jpg



-„Од клозетиве, тоа сето течи тука. Сето гнаса, овде мириса. Права депонија е! Јас сум овде 40 - години, години овде така е!"
-„Животов покрај рекава овде е многу тежок. Тука играат деца кои се изложени на заразни болести и владее прилично голема нечистотија. Водата не е воопшто чиста. Цевките се од фекална вода кои од куќиве директно одат во водата. Апсолутно водат не смееме да ја употребуваме за ништо, а слушаме дека излезот каде што е таму долу, ја употребувале за вадење на земјоделски производи."
Во селата каде што поминува реката земјоделците не сакаат многу да говорат од каде користат вода за наводнување.
-„Не ,не, не! Ние не користиме вода од градската река туку од нашите сопствени бунари затоа што знаме дека реката е загаденa."
-„Вода користиме најчиста од бунари, подземни!“
Фондови
Со цел прилепскиот регион да остане еко чист во подготовка е проект за изградба на пречистителна станица за третман на отпадните води, чија изградба би требало да започне 2010 година.
t.gif
20080428142751crna_reka203_3.jpg



-„Проектот би чини над 10 милиони евра, а поголемиот дел од средствата се предвидени да бидат обезбедени од претпристапните европски фондови", вели Методија Томески, директор на водовод и канализација.
-„Прилеп ќе биде првиот град кој ќе добие готов проект за фондовите на Европската Унија за пречистителна станица за отпадни води. Добар дел од проблемите што сега ги имавме ќе бидат отстранети, а регионот ќе добие почиста река."
Според европски стандарди за води, секое населено место над 10 илјади жители треба да има станица за третман на отпадните води.
Мал број од македонските градови тоа го имаат, но Македонија се обврза пред ЕУ, во наредните 15 години да изгради системи за преработка на отпадните води во сите населени места.



http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2008/04/080421_water.shtml
 
Не е гомнарка, лањарка е уште комунистиве ве лажат :).
Инаку се јавна тајна е тоа за земјоделските производи затоа од некои села не ги ни купуваме.
 
Не е гомнарка, лањарка е уште комунистиве ве лажат :).
Инаку се јавна тајна е тоа за земјоделските производи затоа од некои села не ги ни купуваме.

Фала за исправката..не ми текнуваше по прилепски изразот за гомно(а)....
 
јебига
кај нас водата е најуба во Македонија
 
Да те прашам, дали коњот има ручна??????????????:vozbud::vozbud:
 
Рекава е приказна за себе.Вода нема, ама шишиња има со тони.Еднаш пробаа да ја пречистат, ама џабе, од Тризла пак ја наполнија со пластични шишиња.Коритото е никакво, обраснато со коприви и други најразлични треви, кој паднал внатре знае како е:)
За смрдеата да не зборувам, секој ден ја чувствувам зашто ми е на 5 метри пред врата.
 
Секогаш почнува така штом се работи за 20 милиона евра вредна прочистителна станица која започнува со изградба,за споменатата река.Инаку предходните власти веќе направија една во вредност од 2 милиони евра,ама ја прогласија за технички нефункционална и промашена како инвестиција.Се разбира дека одредени луѓе добро се нафатираа од тој тендер.Така ќе биде и со овој новиот кој е толку високо платен како да ќе градиме прочистителна станица на Амазон.:toe:
 
Секогаш почнува така штом се работи за 20 милиона евра вредна прочистителна станица која започнува со изградба,за споменатата река.Инаку предходните власти веќе направија една во вредност од 2 милиони евра,ама ја прогласија за технички нефункционална и промашена како инвестиција.Се разбира дека одредени луѓе добро се нафатираа од тој тендер.Така ќе биде и со овој новиот кој е толку високо платен како да ќе градиме прочистителна станица на Амазон.:toe:

Некој има 10 пати поголем апетит:vozbud::kesa:
 
Некој има 10 пати поголем апетит:vozbud::kesa:

Во Прилеп повеќе нема никаква индустрија која тешко би го загадила ова поточе,кое нема ни изглед на река,освен кога има поројни дождови па игра улога на канал за регулација од поплави,како што има насекаде низ Македонија,само што се заборавени и непрочистени веќе 30тина години,а ова каналче малку повеќе се чисти.Прочистителната станица сходно на тоа воопшто не е ни потребна оти за тие пари можеа да се направат доволно каптажи на чиста вода која би била доволна за Прилеп во следните 2 века.:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom