МАНУ и нивната активност околу спорот со името!

Дали сметате дека МАНУ е заспана институција !


  • Вкупно гласачи
    54
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Ристовски: Ги имаме сите постулати што ги бараше Чуповски

17.04.2009 18:10

Академик Блаже Ристовски

Нема реакција од официјална Атина на вчерашната изјава на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски дека зад спорот со името се крие намерата на Грција да го оспори македонскиот идентитет.

Милошоски повика на национално единство на сите нивоа. Битката на ова поле очигледно се води и денеска, со еднаков интензитет како и пред сто години. Точно пред еден век еден од најголемите борци за македонската кауза бил Димитрие Чуповски.

Според многумина неправедно третиран од историјата. Обид да му го врати вистинското место прави академик Блаже Ристовски во своето најново дело, кој зборува во интервју за А1.

Во кои редови да ги бараме современите херои?

- Современите херои нужно треба да ги бараме сред интелигенцијата. Македонската интелигенција денеска е знатно побројна отколку што беше пред 100 години, и добар дел воспитувана и школувана во нашите училишта, во нашата средина, а не како тогаш, да одите по туѓите средини, да потпаднеш под разни влијанија.

Тогаш беше далеку, далеку посложено, ама нашите луѓе наоѓаат патишта и начин да можат да ја изразат македонската национална мисла и да ги покажат перспективите на македонската државност.

Денес еден век по него, една од неговите визии и желби е остварена - Македонија има своја држава, меѓутоа зошто се недостижни останатите негови стремежи за кои се залагал, пишувал и сл?

- Не би се согласил. Прво, ние формиравме држава, макар и на еден дел од територијата, оти тогаш се замислуваше целина, таа беше секогаш во историјата една целина, немаше Егејска или Вардарска Македонија - тоа беше една целина, една територија еден народ и навистина во такви околности денеска имаме држава изборена со наши луѓе, со пријателите што ги имавме во Втора светска војна, со наша идеологија, а велите - нешто што тие го имаа, а ние го немаме.

Како? Па ние денеска покрај државата имаме и македонски јазик како службен, а тие се бореа во невозможни околности тој јазик да го афирмираат. Ние имаме признаена македонска нација, таа нација денеска во светот никој не ја оспорува, имаме македонска црква, која во тоа време беше многу суштествена, бидејќи ширијатското право во Турција диктираше други околности и беше неопходно да има македонска црква.

Ние и тоа го имаме денеска, дури и во други околности. Значи ги имаме сите постулати што ги бараа на времето Чуповци, токму во тоа е суштината што визијата на Чуповски, на Мисирков и на Другарството е реализирана во оваа Македонија, пред 100 години планирана, видена и денеска реализирана.

Целото интервју со академик Ристовски погледнете го на видеото. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107338
_____________________________________________________________________________________________________________________________

ова е интервјуто на А1 на академин Блаже Ристовски.
на оваа тема би сакал да упатиме АПЕЛ до МАНУ и нивните членови за поголема активност околу прашањето со името и Македонскиот идентитет.
Во денешно време сметам дека е раритет да видиме некој академик да се изјасни на медиум за било кое прашање.
ве замолувам членови на форумов да ги испровоцираме на некој начин МАНУ да го дадт нивниот придонес за Македонија и да се разбудат.
секоја чест за некои работи кои ги кажа академик Ристовски.
НО
јас би поставил неколку прашања.
Зошто нивната официјална веб страна http://www.manu.edu.mk/ постои како цела само на англиски јазик?!?
Зошто не се разбудат од зимскиот сон и не си ја вршат својата должност? како тоа тие ја оправдуваат титулата која ја имаат а не се активни по ниедно прашање како на пр. името и идентитетот кое во моментов е најактуелно а и те како имаат надлежност да работат на тоа.

единствен траг од нивната работа околу прашањето за името е следново:
http://www.manu.edu.mk/PROMEMORIJA-mak.pdf на овој линк целосно ...

а еве само извадок за да ве заинтересирам .... btw. ставов ама ич не ми се свиѓа ... оставам на вас да коментирате.


СТАВОВИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА МАНУ ЗА ПРЕДЛОГОТ
ЗА РЕШАВАЊЕ НА РАЗЛИКИТЕ ОКОЛУ УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Претседателството на МАНУ, во проширен состав со поранешните
претседатели на МАНУ, по добивањето на Предлогот на посредникот Нимиц од
25 март 2008 година за разрешување на недоразбирањата со Република Грција
околу употребата на името на Република Македонија, на седницата одржана на 28
март 2008 година ги усвои следниве ставови: .....................................
...............................................................................
2. Според оценката на Претседателството, Предлогот претставува
прифатлива основа за постигнување согласност со Република Грција, затоа што
го поддржува уставното име на Република Македонија и ја афирмира
македонската национална самобитност.
......................................................................................
5. Претседателството смета дека новопредложеното меѓународно име
„Република Македонија (Скопје)”, за меѓународна службена употреба, не е
негација на уставното име на Република Македонија. Со прифаќањето на ова
меѓународно име, ќе се надмине апсурднатоста на досегашната привремена
референца (ПЈРМ). Отфрлањето на овој предлог може да има крајно негативни
консеквенции за Република Македонија, како по однос на натамошното
опстојување на привремената референца, така и по однос на одлагањето на
приемот на нашата држава во НАТО и ЕУ.
.........................................................................................................

Значи целта на темава е провокација кон МАНУ да почнат да работат За Македонија и за нашите државни интереси ...
воедно и наши размислувања за нивната досегашна активност и нивната иднина ....
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
јас еве не сум запознает многу со активностите на МАНУ ..
кој е поупатен у ова ако може да образложи некои работи ...
како на пример ..
Земаат ли тие плата од државата или не ...?
Кои се нивните задачи во МАНУ и како треба да го оправдаат нивниот статут на Академци и членови на МАНУ?
Зошто јавно не излагаат со решенија и предлози идеи околу битни прашања за државните интереси на Македонија.?
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Ај ти прво Груевски оправдај го :smir:
зборуваме за МАНУ ... како институција полна со „Академци“. Дали тие како институција се должни да завземат став при битни прашања кои се во насока на државните интереси на Македонија, и да се активираат околу тие прашања.

Веројатно се должи на тоа што разбираат дека спорот со името е политичко, а не историско прашање.
Сепак ова политичко прашање се заснова на историјата и е од историско значење за Македонија.
а тие со титула академици, членови на МАНУ мислиш дека не треба да се занимаваат со прашања од државен интерес??

патем го прочитавте нивниот став од 2008 за последниот предлог на Нимиц ... кој став е и едниствен што некогаш го произнесле .. ако сум грешка поправете ме.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Koja река тече испод Савског моста ?

Јасно си е...Наука и уметност, не глеам политика тука нигде па боље да не се мешаат...
Ја не би ги мешал и нив, го заболе светот за нивниот став....
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
Koja река тече испод Савског моста ?

Јасно си е...Наука и уметност, не глеам политика тука нигде па боље да не се мешаат...
Ја не би ги мешал и нив, го заболе светот за нивниот став....
Ќе ти го цитирам Академик Ристовски ... вероватно не си го прочитал текстот ... прочитај па дебатирај ...

Академик Ристовски, има ли актуелниот општествен моментум интелектуален капацитет од габаритот од типот на Чуповски, со докажано чувство на национална припадност и идентитет, а во исто време и со истенчено чувство за балканска или за европска интеграција?

- Секогаш имало, секогаш има и ќе има, не можеме да речеме дека пред 100 години имало Чуповски, имало Мисирков, денеска нема „Мисирковци“ и „Чуповци“. Доволно е само да им се даде можност да дојдат до израз, а тоа беше време кога Македонија беше бездржавност, во услови на европска Турција.

Според тоа, и денеска има и сите времиња си носат околности што ги диктираат и потезите. Еден Блаже Конески живееше во наше време, а јас мислам дека тој е рамен со Мисирков и со Чуповски. Зошто да му симнуваме нему од вредностите и активностите? Така, секое време, па и нашето денешно си го образува својот век.

Во кои редови да ги бараме современите херои?

- Современите херои нужно треба да ги бараме сред интелигенцијата. Македонската интелигенција денеска е знатно побројна отколку што беше пред 100 години, и добар дел воспитувана и школувана во нашите училишта, во нашата средина, а не како тогаш, да одите по туѓите средини, да потпаднеш под разни влијанија.

Тогаш беше далеку, далеку посложено, ама нашите луѓе наоѓаат патишта и начин да можат да ја изразат македонската национална мисла и да ги покажат перспективите на македонската државност.
прочитај го и нивниот став од 2008г. па дебатирај ....

дали тие „Академици“ во МАНУ не се избрани како елитна интелегенција од Македонските интелектуалци од секоја област? или се лажам?
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
зборуваме за МАНУ ... како институција полна со „Академци“. Дали тие како институција се должни да завземат став при битни прашања кои се во насока на државните интереси на Македонија, и да се активираат околу тие прашања.



Сепак ова политичко прашање се заснова на историјата и е од историско значење за Македонија.
а тие со титула академици, членови на МАНУ мислиш дека не треба да се занимаваат со прашања од државен интерес??

патем го прочитавте нивниот став од 2008 за последниот предлог на Нимиц ... кој став е и едниствен што некогаш го произнесле .. ако сум грешка поправете ме.
Напротив, воопшто не се заснова на историја. Кога би се засновало на историја не би го имале овој спор.
Во политиката победуваат посилните не правичните. А тоа што е исходот ќе биде од историско значење за Македонија треба повеќе да ја загружува владата, моќта носи одговорност, апсолутната моќ - апсолутна одговорност. Сега МАНУ ли ќе го кривиме за нивната неспособност ?
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Прашањето не е е историско? Очигледно својата историја не си ја познавате доволно.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Очигледно ти не знаеш како функционира светот.
Колку што е прашањето историско толку е и политичко. Да не се случеле некои работи во историјата, денес немаше да преговараме за сопственото име.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom