Fama
Bombin' thru the speakaz
- Член од
- 10 февруари 2009
- Мислења
- 518
- Поени од реакции
- 19

Во Заводот за заштита на спомениците на културата, камената плоча ја прегледале двајца археолози и еден епиграфичар. Според иконографскиот приказ и палеографските особености на натписот АСКАРИТЕС, плочата временски му припаѓа на класичниот период. Тоа е периодот пред нашата ера, но за попрецизно датирање е потребна подетална анализа на наодот.Камената плоча со димензии 63х75х15 см е фрагмент од надгробна стела и претставува типичен пример на семеен надгробен споменик. Пронајдена е покрај еден селски бунар во близина на Свети Николе. Плочата потекнува од археолошкиот локалитет Поза рид - Шојлеви камења, Светиниколско.
Во овој регион се пронајдени повеќе такви написи. Не станува збор за кирилично писмо, туку за натпис што е комбинација на латински и грчки јазик. Каменорезецот го резбал натписот во судир на две цивилизации - старата архајска и новото римско време. Ова е споменик на древномакедонската писменост и култура во Македонија, меѓутоа за неговото прецизно датирање и значење се неопходни посеопфатни истражувања и споредбени анализи. Кај нас, за жал, нема таква институција што се занимава со древната палиграфија и што ќе може да даде точно толкување.. Семејството на Насковски и натаму ја чува оваа плоча, која речиси цел век се пренесува на следните генерации како семејна реликвија.