@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Пауза од околу 20 години во преговорите за името поради комплексноста на проблемот меѓу Македонија и Грција за кој тешко може да се најде решение предложи посредникот Метју Нимиц. Ваквиот предлог Нимиц го соопштил на трибината за прашањето за името што се одржа пред два дена на универзитетот „Јејл“ во Њујорк. Македонија и Грција треба да најдат привремено решение за спорот и по пауза од 20 години да се продолжи со менаџирање на проблемот. Ова, како што велат претставници на Обединетата македонска дијаспора, Нимиц го истакнал со образложение дека за некои сложени спорови е потребно и 100 години за да се дојде до решение. Како пример го навел кипарското прашање.
Дебатата за името на која беше поканет Нимиц ја организира студентската програма на грчките студенти на „Јејл“ и беше отворена за јавноста. Ваквата можност ја искористија македонското и грчкото лоби, кои ги судрија спротивставените ставови и аргументи преку жестока дискусија за историјата, употребата на терминот „македонски“ во двете земји и другите жешки прашања што произлегуваат од спорот за името. Грчкото лоби на чело со Нина Гацули, претседателка на Панмакедонската унија, обвини дека Македонија ја краде грчката историја и го праша Нимиц како може држава во која живеат само 65 отсто Македонци да се вика Македонија. На ова Нимиц одговорил дека преговорите ги води македонската влада, која го претставува целото население, како и дека кога Албанците кога одат надвор од земјата се Македонци. Александар Митревски од Обединетата македонска дијаспора го прашал Нимиц како може некој од надвор да и наметнува на една држава друго име, иако самата земја веќе одбрала име што го употребува во својот устав.
- Нимиц одговори дека не може да присили никој да го менува своето име, затоа што тој само дава предлози што двете страни можат да ги прифатат или да ги одбијат. Тој уште додаде дека поради спорот за името и блокадата од Грција, Македонија не може да се зачлени во НАТО и во ЕУ - изјави Митревски.
Од ОМД истакнале дека во Грција се случува масовно прекрстување на аеродроми, области и на универзитети со името „Македонија“. Интересно прашање поставил и еден од присутните на трибината, кој бил од Турција. Тој се интересирал зашто граѓаните и во Македонија и во Грција да немаат право да се нарекуваат себеси Македонци. Од ОМД отвориле дискусија и за непризнавањето на правата на македонското малцинство во Грција. Повеќето професори што учествувале на трибината биле Грци.
http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=369&ArticleID=22764