Збогум за архитектот на веЧната транзиција

  • Креатор на темата Креатор на темата ЉУПЧО
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Црвенковски во наследство ни остави само колекција на трикови


Автор: Мирка Велиновска
Branko.jpg
Најновата македонска национална историја, која го опфаќа периодот од 9 септември 1990 година до 17 мај 2009 година, има еден централен лик што доминира. За добро или лошо, тоа е претседателот на Македонија во заминување, Бранко Црвенковски. Овој период може дури да се означи како Бранково доба на владеење оти е полн со специфики, кои, пак, во целост ја отсликуваат неговата личност. Познато е, имено, дека владетелите донесуваат одлуки што одговараат на нивните карактери. Црвенковски, нормално, не успеа да побегне од оваа „клетва“, и покрај огромниот и единствено реално вложен негов труд, тој факт да се скрие во митолошката димензија на неговата личност. Црвенковски на една од неговите прес конференции во врска со швајцарските сметки, соопшти дека со сите средства ќе го брани тој мит за него, со што всушност остави и јасна насока за истражување на идните историчари кои ќе го оценуваат неговото политичко наследство.

Сепак, од визура на негови современици ние веќе сега може да констатираме дека заради апсолутната политичка доминација, тој изврши неверојатно силно општествено влијание чии последици се чувствуваат и денес, кога сосема сигурно неговата политичка ѕвезда е во залез. Интересно е за истражување зошто тој, иако реално во ниту една сфера не постигна резултати достојни за почит и помен, долго време беше обожаван лидер. Да оставиш драматични последици врз цела една генерација, да го обележиш времето, а притоа да немаш позитивни резултати, значи дека си макар локален политички феномен. Црвенковски само во тој поглед може да биде задоволен од својот учинок. Си заминува како магионичар кој со своите едноставни трикови успеа најдолго да ја држи во транс публиката и така да ги достигне врвовите на власта, на апсолутната моќ.

Камиказа во политиката

Времето на неговото владеење можеме да го поделиме на четири етапи. Првата од 1992 до 1994 година кога од моќните социјалистички директори беше избран да ја спроведе приватизацијата по специфичен модел.

Во тоа време Црвенковски како политичка „табула раза“ се задоволуваше со улогата на помал партнер на авторитетниот Киро Глигоров, но и тогаш, тој ја манифестираше својата бескрупулозност. Со интриги, кои се изгледа негова вистинска специјалност, успеа да стигне и на чело на СКМ-ПДП (СДСМ) и да упадне во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, добиен на изборите во 1990 година. Патем, тоа е една од неговите трајни одлики. Црвенковски низ времето многупати докажа дека не сака демократски процедури ако се регуларни, односно, ако тој не може да ги исфингира и да ги исконтролира. Тој, имено, многупати сме виделе, лошо поднесува порази, па се труди да ги претвори во колективна драма или фрустрација, не водејќи сметка за интересите на државата и народот. Неговите доминантни карактеристики на егоцентрик и одмаздољубец, всушност, се единствената платформа и идеологија, која ја спроведуваше СДСМ.

Втората фаза на неговата власт е од 1994 до 1998 година кога тој изврши целосна партизација на Македонија претворајќи ги институциите во негова лична работилница за одржување на власт. Тоа е време кога тој тотално ја приватизираше не само економијата, туку и државата. Во тој период ги елиминираше сите свои непријатели, а му успеа дури и опозицијата да ја протера од институциите, па владееше буквално како азијатски самодржец. Во Македонија нормално немаше реформи, ништо не се градеше, ништо не се создаваше како европска вредност. Омилен изговор на Црвенковски беше дека „сега не е време“. Фактички, тој не поднесува промени, не сака изненадувања, ризични потфати и затоа една од најголемите заблуди за него останува дека тој бил „камиказа“ во политиката (Јован Манасијевски). Во рамките на митот за неговите перформанси тој секогаш ја истакнува потребата големите лидери да преземаат голема одговорност, да носат храбри одлуки и за тоа да бидат спремни да платат голема цена. Во неговиот случај се работи за илузионистички трик, оти Црвенковски никогаш не донел храбра одлука, односно, секогаш одговорноста за таквите одлуки ја носеле други, па, затоа и никогаш за ништо не презел лична одговорност. Ако реторички и прифатил одговорност, тогаш претходно се осигурил стопроцентно дека со таквото признание нема да си нанесе сам на себе политичка штета, демек, нема да плати висока цена.

Пресметка со Груевски

Третиот период на Бранковото доба е од 1998 до 2004 година кога, по кратко опозиционерство, повторно упадна во туѓ мандат и тоа преку фингирана војна, а откако не му успеа парламентарниот,,преврат“ со креирање на ново парламентарно мнозинство. Големото враќање ладнокрвно го искористи за преземање на последната државна фотелја, после бизарната и нерасветлена смрт на Борис Трајковски. Никој од европските политичари не би преживеал политички два атентати на шефови на држава во време на свој мандат како шеф на влада. На Црвенковски тоа му успеа лесно, без врева, без јавна осуда. Додуша, малку кој би го преживеал и ударот на ТАТ и осиромашувањето на населението, уништувањето на средната класа, невработеноста од рекордни 37 отсто, пустошот во земјоделството, здравството и образованието, еутаназијата на културата и науката, мизерната дипломатија, партизацијата на судството, криминализацијата. Требаше да дојде Груевски за да видиме колку сеопфатно и „успешно“ била запуштена Македонија. Имено, ниту еден нишан како држава немала, а се било фингерај.

Оттаму е сосема разбирливо што Црвенковски има само личен мотив за борба со премиерот. Во секоја споредба тој губи и за тоа е длабоко свесен. Затоа и како шеф на државата веднаш, превентивно отвори фронт против владината политика во надеж дека пред да станат видливи резултатите и пред да почнат споредбите, ќе успее да ја собори по сценариото што двапати го има испробано на Љубчо Георгиевски.

Конечно, неговиот пат во политиката се затвора по четвртата фаза од 2004 до 2009 година. Како шеф на држава тој покажа дека е политичар од мал формат. Не успеа да ја надрасне позицијата на партиски лидер и никогаш не успеа да стане претседател во вистинска смисла на зборот. Додуша, не се ни трудеше да глуми. Особено што Никола Груевски не му остави ни простор ни време за таков фингерај. Црвенковски, познат по својата неверојатна самоконтрола, попушти со нервите и почна сè почесто да ги манифестира своите карактерни одлики кои не му служат на чест. Сè почесто настапуваше како партиски лидер. Непримерено и невоспитано секој свој јавен настап го користеше за напад на Владата која ја сметаше за непријателска. Не водејќи сметка ни за државата, ни за народот, се впушти во обиди за дестабилизација, во хушкање и делење на населението, јавно цинкарење, самонудење на странци, нудење на државата на тацна, лажење и подметнување.

На негово големо изненадување, и покрај видливата поддршка од медиумите, тоа овојпат не му го зголеми ни угледот ни рејтингот, заради што беше принуден да се откаже од трката по уште еден удобен мандат на критичар без одговорност. Враќањето во лидерската партиска фотелја, без демократска процедура, а со гарантен лист, тешко дека ќе му го вратат сјајот на некогашната лажна слава.

Мит за Човекот-бренд

Како врвен манипулатор и демагог - популист, успеа во македонското транзициско општество да го втисне митот за себе кој продолжува да зрачи дури и кога е јасно дека ни тој ни СДСМ под негово раководство никогаш нема да се врати на власт. Реално е да претпоставиме дека за таков исход високите кругови во СДСМ се свесни, па затоа својата стратегија за наредниот период ја засноваат на само една цел - рушење на власта низ социјални протести кои ќе ги предизвикува и координира „Големиот водач”.

Говориме за човек - бренд. Негативен, деструктивен и контрапродуктивен, ама и фасцинантно заводлив по своето влијание врз елитните слоеви на македонското население. За разлика од сите други македонски транзициски политичари, единствено Црвенковски не бил и уште извесно време нема да биде подложен на реална критичка анализа и објективна опсервација. Се додека во јавната и медиумска сфера доминираат индивидуи со траекторија на Коко мајмуни во кафез чија амбиција е преку моќта на алфа мажјакот да „фатат цицка“ (фантазија на Бранко Героски), нема да може да му се одреди реалното место во македонскиот политички пантеон.

Сепак, тоа нема да биде ни славно ни вредно за почит како што Црвенковски очекува или пак се надева. Напротив! Се работи за време обележано од неприкосновен владар кој својата моќ не ја користел за добро на населението или државата. Како политичар е неколкукратно преценет, иако бил драгоцен како соработник на грчката политика и евробирократијата. Според делото кое ни го остава во наследство се гледа дека не поседува вонсериски квалитети на солиден домаќин успешен менаџер и голем политичар. Тој не е визионер, не е креативен, нема високо и амбициозно поставени цели. Традиционалист во најлоша смисла на зборот, а плашлив и колеблив како карактер, својот личен багаж го внесе во неговата државна политика. Македонија во негово време не исчекори на ниту еден план. Или поточно, со него на чело, Македонија се движеше во рикверц. Ако го споредиме со Милан Кучан и Мило Ѓукановиќ, кои како негови современици со ист политички бекграунд, во ист временски опсег и од исти фотелји владееја со своите држави, математички точно може да се пресмета неуспешноста на Црвенковски наспроти успешноста на Кучан и Ѓукановиќ. Само на планот на економијата и надворешната политика Словенија и Црна Гора остварија колосални резултати наспроти Македонија која се уште се дави во сопствената транзиција. Наместо полнокрвен државен субјект, Македонија остана на ниво на протекторат во кој амбасадори ни водат државна политика. Површноста и лабилноста на првиот човек ја обоија државната политика како непостојана, дневно менлива, попустлива на секој вид надворешен притисок.




Опстанокот на Македонија

Во целата негова кариера како доминантен политичар Црвенковски единствено успешно го проблематизираше опстанокот на земјата. Придобивките од плурализмот ги претвори во свој траен коцкарски влог. Изгради вавилонска кула од мааните и слабостите на луѓето и преку постојани уцени, застрашувања и рекет ја одржува легендата за неговата неуништивост и предодреденост за победи.




Само Митеран

Никој освен евентуално великиот Франсоа Митеран, не успеал политички да преживее пет последователни порази, а да остане неоспорен политички авторитет од кој се очекува и политички пресврт. Никој детронизиран и до нозе поразен водач не добива бланко шанса да опреми и организира победничка армија освен Бранко Црвенковски.





Одговорност за „успесите“

Големи владетели во историјата на човештвото се труделе да остават личен печат, како егоцентрици, имале амбиција славата низ времето да си ја обезбедат преку градителски потфати за кои ќе се зборува, по кои ќе се споменуваат и помнат. Бранко Црвенковски е во таа смисла уникатен случај. Неговиот мит се заснова исклучиво на сегашноста. Тој нема перцепција за времето. Нема однос кон минатото. Не го интересира ни иднината. Тој живее сега и овде. Неговиот мит е градба која умира со него и генерацијата која го постави на пиедестал заради што заедно со него ја носи одговорноста за сите „успеси“ на Македонија.

http://novamakedonija.com.mk/Deskto...=2&fCat=1&top=1&EditionID=369&ArticleID=22758
 
Човече
не можам да ја сватам таа опседнатост со ликот и делото на бране(лошо и добро)

Цело време се трудите да го ставите во некој фокус ,зошто цело време мислам дека Б.Ц иде у пензија

А ако отиде у пензија тогаш што ќе правиме ?
јас сваќам да дркате на ова--->
B000HNL2K2.01-AEQUBR67DCF10._SCLZZZZZZZ_V61608407_.jpg


ама тоа што не сваќам е да дркате на нечие заминување од функција ама што да се прави,денеска разни фетиши постојат на светов
 
Мене овој дел најмногу ми се допадна.

Земете бел лист хартија и до 17 мај, кога и официјално завршува Бранковата доба, обидете се да се сетите на макар три крупни и за нацијата важни проекти што овој маркантен политичар ги остава како свое политичко наследство, во спомен на времето кога бил апсолутен владар. Тешко ви оди, нели?

Ајде да видам маж, може и жена, да напише три крупни позитивни работи за нацијата кои ги направил Бранко.
 
Цело време се трудите да го ставите во некој фокус ,зошто цело време мислам дека Б.Ц иде у пензија

А ако отиде у пензија тогаш што ќе правиме ?
Ќе плачам секоја вечер по него за да се врати.
А бре има весеље да биди :music5::music5::music5:.
 
Мене овој дел најмногу ми се допадна.

Земете бел лист хартија и до 17 мај, кога и официјално завршува Бранковата доба, обидете се да се сетите на макар три крупни и за нацијата важни проекти што овој маркантен политичар ги остава како свое политичко наследство, во спомен на времето кога бил апсолутен владар. Тешко ви оди, нели?

Ајде да видам маж, може и жена, да напише три крупни позитивни работи за нацијата кои ги направил Бранко.

Па нема брат. Кога правам муабет за политика и кога ќе прашам некој зошто гласа за СДС ги довивам следниве 2 одговора.

1. Вмро се сељачиша
2. Па сите се исти, за кој и да гласам исто е

Факт е дека таа партија не направи ама баш ништо за оваа земја и заслужува да си ја испратиме во историја.
 
Ќе плачам секоја вечер по него за да се врати.
А бре има весеље да биди :music5::music5::music5:.
поентата ми беше кого тогаш ќе криват за се што се случува ?
кој тогаш ќе ја превземе улогата на сатаната ?
 
Факт е дека таа партија не направи ама баш ништо за оваа земја и заслужува да си ја испратиме во историја.
Партијата не, ама моменталното нејзино раководство заедно со Бранко Црвенковски да.

поентата ми беше кого тогаш ќе криват за се што се случува ?
кој тогаш ќе ја превземе улогата на сатаната ?
Не е сатана човекот не го преценувај.
Според мене историски секогаш ќе биди крив, затоа што во негово владеење ја добивме срамната кратенка FYROM, и затоа што во неговото владеење комунистичките директори се направија капиталистички газди. По тоа ќе биде запамтен човекот по ништо друго.
 
Партијата не, ама моменталното нејзино раководство заедно со Бранко Црвенковски да.


Не е сатана човекот не го преценувај.
Според мене историски секогаш ќе биди крив, затоа што во негово владеење ја добивме срамната кратенка FYROM, и затоа што во неговото владеење комунистичките директори се направија капиталистички газди. По тоа ќе биде запамтен човекот по ништо друго.
според текстовите кои упорно ги штанцаат за него он е сатана во вечната битка на доброто меѓу злото,меѓу господ(гвујо ) и злото (празно) кој ќе го пополни сеа местото?
Ми ја сваќаш метафората?
who's next?
кој ќе ни биде крив за секој економски и било каков неуспех на нашава влада?
 
според текстовите кои упорно ги штанцаат за него он е сатана во вечната битка на доброто меѓу злото,меѓу господ(гвујо ) и злото (празно) кој ќе го пополни сеа местото?
Ми ја сваќаш метафората?
who's next?
кој ќе ни биде крив за секој економски и било каков неуспех на нашава влада?

Па баш затоа СДС се идиоти и го враќаат Бане пак на сцена. А се знае дека Грујо и Бане не се иста категорија. Бане е прочитана книга. Човек што се разбира од историја од политика, што следи што се случува нема да гласа за него.
 
според текстовите кои упорно ги штанцаат за него он е сатана во вечната битка на доброто меѓу злото,меѓу господ(гвујо ) и злото (празно) кој ќе го пополни сеа местото?
Ми ја сваќаш метафората?
who's next?
кој ќе ни биде крив за секој економски и било каков неуспех на нашава влада?


Дали мора да биде пополнето тоа место?
 
pazi utrinski densen vo del od tekstov posveten na vrakjane na branko na kormio na sdsm so vika

``...Во враќањето на Црвенковски на кормилото на опозициската партија се вперени и надежите на меѓународната заедница, која токму од искусниот лисец очекува СДСМ да го врати на старите позиции и така да стане вистинска алтернатива за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која државата, според нивни неофицијални изјави, ја носи во погрешна насока....``
 
Дали мора да биде пополнето тоа место?
баче со оваа влада а и претходните (ама не беа до толку )
мора да има некој кој ќе им биде крив за се ,сеа
who's next ?
или да зеам да гледам на карти а ?велите ?
 
pazi utrinski densen vo del od tekstov posveten na vrakjane na branko na kormio na sdsm so vika

``...Во враќањето на Црвенковски на кормилото на опозициската партија се вперени и надежите на меѓународната заедница, која токму од искусниот лисец очекува СДСМ да го врати на старите позиции и така да стане вистинска алтернатива за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која државата, според нивни неофицијални изјави, ја носи во погрешна насока....``



Леле и тие ли дркаат на Бранко.

Марсовке види и на овие од утрински прати им сликичка:tapp:

п.с. Па на утрински текстовите знаеме дека стигаат од шабот на СДСГ и нема потреба за коментар.

баче со оваа влада а и претходните (ама не беа до толку )
мора да има некој кој ќе им биде крив за се ,сеа
who's next ?
или да зеам да гледам на карти а ?велите ?


аааа тоа ти така си мислиш, пошто така ти текнало.
Се гледа дека си од Марс.:vozbud:
 
Леле и тие ли дркаат на Бранко.

Марсовке види и на овие од утрински прати им сликичка:tapp:

п.с. Па на утрински текстовите знаеме дека стигаат од шабот на СДСГ и нема потреба за коментар.




аааа тоа ти така си мислиш, пошто така ти текнало.
Се гледа дека си од Марс.:vozbud:
кој штаб бе мали ?

:pos2::pos2::pos2:

не знам дали да се смеам или плачам дали си ги гледал пола прес-конференции што ги држеле полни се со обвинувања кон опозицијата секој пат кога ќе им се каже дека грешат во врска со нивната политика ,за секој нивен неуспех е крив Б.Ц или сдсм

толку сте забгале у партиски препукување дури и некој од страна да ви рече дека нешто не е како што треба пак му лепите етикет :сдсм,предавник итн :pos2:
ах боже бетер сте од америчкине параноици и откривачи на заговор теории

а од кај толку сигурни дека Б.Ц се враќа?
 
Ти знаеш нешто што ние другите не знаеме или си видовита?!!!?
поентата ми беше кого тогаш ќе криват за се што се случува ?
кој тогаш ќе ја превземе улогата на сатаната ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom