Највисок човек на планетава

  • Креатор на темата Креатор на темата ivana22
  • Време на започнување Време на започнување

ivana22

хиперактивна
Член од
21 декември 2007
Мислења
34
Поени од реакции
7

Највисок човек на планетава



Кинезот, Жао Лијанг (27) со висина од 2,46 метри е највисокиот човек на светот и за 10 сантиметри го надвиши досегашниот рекордер. Лијанг висината со која влезе во најновото издание на Гинисовата книга на рекорди ја измери во болницата во Тајланд, каде дошол на преглед за повредата која ја заработил пред 10 години.

Младиот Лијанг бил дел од една кошаркарска екипа, но неговата кариера била прекината поради тешка повреда на стапалото. Родителите на највисокиот човек на планетата имаат нормална висина, па поради тоа научниците не ја знаат причината за големата висина на Жао.

Досегашниот рекорд го држеше неговиот сограѓанин Бао Хишуан со 2,36 метри.

tallest-man.gif



Абе ова кинезиве или се најниски или се највисоки нема кај нив средина :nesvest:
 
Ова е пореметување на хипофизата, не е до природната висина. Џуџест раст и гигантизам.
 
Абе ова е болест.Незнам како се викаше се мислам на х беше некако.И не е највисок.Го имаше еден американец 2.76 метри бил висок.На рипли го гледав.
 
Абе ова е болест.Незнам како се викаше се мислам на х беше некако.И не е највисок.Го имаше еден американец 2.76 метри бил висок.На рипли го гледав.

Роберт Вадлоу? Но тој е највисок воопшто, а овој изгледа од живите е највисок :).
 
Ај овој рипни го во јанино-јанино да те видам....:smir:
 
Роберт Вадлоу? Но тој е највисок воопшто, а овој изгледа од живите е највисок :).

Да, да овој Кинезов е моментално највисок, а Вадлоу највисок воопшто во историјата.Колку што знам умрел од некоја болест на коските.
 
Ај залепи му банана на овој да ве видим :pos2:
 
Сошо го хранеле овој бе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom