Признавањето на Косово може да биде повлечено

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно е тоа што Србија ги користи сите свои средства за да докаже дека независноста на Косово е незаконска, без разлика дали тоа ќе вроди плод или не, додека ние седиме и си го прчиме додека некој ни вели да си го смениме името.
 
Србија ja убедила Македонија да не учествува во судењето за Косово

Србија убедила неколку држави од регионот, кои веќе ја признале косовската независност, да не учествуваат во процесот пред Меѓународниот суд на правдата за независноста на Косово, објавил денеска весникот “Зери“.
Приштинскиот весник пишива дека Белград успеал да ги убеди Македонија, Хрватска и Црна Гора, да не ја бранат независноста на Косово во Хаг. Според “Зери“, шефот на срспката дипломатија, Вук Јеремиќ бил најзаслужен за убедувањето на овие три земји, особено за Хрватска, да стојат настрана од судскиот процес во Хаг, или да не депонираат релевантни материјали за разгледувањето на случајот Косово.
“Словенија, пак, е единствената држава од просторите на поранешна Југославија, која ќе му помогне на Косово во овој судски процес“, се вели во текстот на приштинскиот весник.


http://www.time.mk/story_9db8bc63ed_article_517a741751.html
 
Признавањето на Косово ги прекрши сите норми и правила кои ООН ги пропишува ..... трагедија во цела ситуација е што и унијата го призна косово . Исто и прогласувањето на Албанската независна држава на Соборот во Валона се случило во многу сложени меѓународни околности и изразени спротивности меѓу големите сили во врска со разрешувањето на ситуацијата на Балканот. Тоа ги поттикнало Големите сили да му посветат посебно внимание на Албанското прашање на конференцијата што се одржала во Лондон во 1912-1913 година. На конференцијата била формирана посебна меѓународна комисија и како резултат на нејзината работа, во 1913 година било признато постоењето на независна Албанска држава .... истата слика повторно со Косово. Малце беше една Албанска држава па требаше уште една ? Што е следно ? Барање на трета држава , обединување на двете или ....
 
Малце беше една Албанска држава па требаше уште една ? Што е следно ? Барање на трета држава , обединување на двете или ....

Нене албанците рекоа дека Косово и Албанија се како два прсти од една рака. Па ти види колку прсти има раката ... :toe:
 
Читам денес во весник: Експертот по мегународни право британецот ралф вајлд изјави дека декларацијата за незавиисно косово е еднаква на незаконска сецесија. И додава дека нова држава според мегународното право може да се формира од делот на постоечката и нејзиното создавање и признавање од други држави ќе биде законско ако тоа се случува под притисок на „родителска држава„.
 
Како ќе каже Америка така, ние опинци ќе си играме.


Во право си,ама едно е сигурно дека САД нема да се фокусира толку на балканот како што беше на времето,тие си имат работа со блискиот исток така да јас мислам за балканот европските земји како речат така ќе биде..
 
Нене албанците рекоа дека Косово и Албанија се како два прсти од една рака. Па ти види колку прсти има раката ... :toe:


Инцестоидна рака може да има 6 прста :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom