Bratot
Стоик и Машкртник!
Тогаш ќе те молам, дефинирај што е “изборен предмет’’?!
Изборен предмет, факултативен, незадолжителен, доброволен.
Затоа и неможе да станува збор за нарушување на секуларноста.
Кога имаш 2 (или повеќе) изборни предмети, тоа значи дека ти се ставени на избор. Но, еден (или неколку доколку се повеќе изборни) од нив мора да избереш.
Веронауката и Историја на религиите беа 2 изборни предмети и учениците се определуваа за едниот меѓу нив.
На факултет таквите предмети ги нарекувавме “задолжителни изборни“, со оглед на фактот дека од 3 изборни предмети моравме да се одлучиме за 2.
Но со сегашната одлука на Уставниот сид -- кој, патем, игра по гајдата на СДСМ -- се забранува такво нешто, иако тоа изгледа е уставно заштитена категорија:
ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН СЕ ПОЧИТУВА ПОЛОВИЧНО
Не учиме за верата, само се запознаваме </SPAN>
Владата не ја почитува целосно одлуката на Уставниот суд за укинување на верското образование во основните училишта, велат експертите по уставно право. Министерството за образование објави дека ќе биде прекината наставата по веронаука, но предметот запознавање со религиите останува како дел од наставата, со тоа што учениците што го одбрале тој предмет ќе имаат една оценка повеќе на крајот од учебната година, за разлика од учениците што досега изучуваа веронаука.
Токму продолжувањето на наставата по предметот запознавање со религиите е спорно за експертите по уставно право, кои тврдат дека одлуката на Уставниот суд не е испочитувана до крај. - Одлуката е објавена во „Службен весник“ и таа треба да се спроведе во целост. Нема тука толкување како мисли Министерството или како мисли некој друг. Судската одлука е јасна и се однесува на сите предмети кои се внесени во програмата со измените на Законот за основно образование. Одредбата се укинува, а со тоа и предметите веронаука и запознавање со религии - вели
Осман Кадриу, професор на Универзитетот ФОН. Таквиот став го делат и другите правни експерти кои ги консултиравме. :kesa: Според нив, ако тој предмет се занимава со историски факти, тогаш не постои проблем, но кога во него, на пример, Исус се опишува како човек со посебна моќ дадена од Бога, а за тоа нема научни докази, тука има религиозна димензија, а токму на тоа и се однесува одлуката на Уставниот суд. - Тоа се верувања кои не се засновани на факти.
Министерството за образование ќе мора да објасни во кој акт, дали во наставни планови, програми, правилник за определување предмети или во Законот за основно образование е предвиден предмет запознавање со религии, односно каде е наведена содржината на тој предмет - вели поранешен судија во Уставниот суд. Непочитувањето на одлуката на Уставниот суд е регулирано во член 377, став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа следуваат и затворски казни за сите што не ја спроведуваат одлуката. Секој граѓанин кој мисли дека оваа одлука не се почитува, може да се обрати до Обвинителство, кое е должно да ги испита наводите. Тоа може да го стори секој граѓанин, па и самиот Уставен суд.
Обвинителството го разгледува случајот и до судот поднесува обвинение против тој што не ја извршил одлуката. Од Министерството за образование велат дека тие ја почитуваат одлуката на Уставниот суд, а во продолжувањето на наставата по предметот запознавање со религиите нема ништо спорно. - Запознавање со религиите не е верско образование туку предметот го предаваат социолози, историчари и филозофи. Оттаму не гледам дека има непочитување на одлуката на судот - вели министерот за образование Перо Стојановски. И директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ, тврди дека наставната програма на запознавање со религиите не се третира како веронаука и не е спорна во никој поглед, бидејќи овој предмет го предаваат дипломирани филозофи и социолози. - Тоа нема врска со веронаука бидејќи е од историско-филозофски и социолошки аспект. А, за реализирање на овој предмет, идната година Министерството дополнително ќе информира. Досега никој не реагирал до нас. Доколку има каква било реакција, ние ќе одговориме - вели Хорватовиќ.
Само како дополнување на термините, бидејќи нашите “експерти“ кои коментираат погоре или не прават разлика или се политички мотивирани да даваат такви коментари.
Доколку се определат да ја тужат Владата или Министерството за образование, само ќе ја потврдат заложбата која ја посочив претходно, дека намерата им е да се спротивставуваат на секоја една одлука на Владата, се разбира политички мотивирани.
Затоа после одлуката на Уставниот соодветно се пласираат и следниве коментари од:
Опозицијата укажува -Македонија е неславен рекордер во Европа по оспорени владини проекти пред Уставниот суд
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107479
Значи токму тоа им е целта. Да ги оспоруваат сите владини одлуки.
Од 365 закони и владини одлуки на оваа гарнитура на премиерот Никола Груевски, секој петти е оспорен во Уставниот суд, а секоја трета одлука укината.
Владата и ВМРО ДПМНЕ се декларираат дека ќе го реализираат решението на Уставниот суд за укинување на веронауката, вели министерот за образование Перо Стојановски.
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,4214333,00.html
И сега бесплатен курс за “експертите“ на опозицијата и А1.
Постојат два видови на образование кое се занимава со верата-религијата како општествен феномен: неконфесионално и конфесионално верско(религиско) образование.
Конфесионалното верско образование е систем кој ги внесува слушателите во суштината на религиозниот систем на кој му припаѓа слушателот. Таму се изучува верата, заветот, светите книги, тајните и се она кое е битно за изградба на еден верник.
Наспроти ова го имаме неконфесионалниот модел на верско образование кој е извор на информации и запознавање со културолошкиот, општествениот и тредиционалниот феномен на религиите во наша близина и насекаде во светот.
Овој тип на верско образование се потпира на поинаков пристап и понакви методи, а како крајна цел има сосема поинакви поенти од конфесионалното религиско образование.
Освен тоа голема е разликата и кој го предава т.е кој може да го предава едниот и другиот тип на верско образование. Конфесионалното е во тесна врска со теолозите, а неконфесионалнот е “занает“ на историчари, социолози, филозофи и теолози.