mmm121
Pentaxian
- Член од
- 27 јуни 2006
- Мислења
- 545
- Поени од реакции
- 21
И сеа? Шо се десило со јунаците? Фатени се? Скинати се?
Можда ги бројат парите некаде ......
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И сеа? Шо се десило со јунаците? Фатени се? Скинати се?
Накај Саем блокирано е?На радио кажаа дека фатиле двајца кај судска. Нема ништо по телевизииве. Само кога има избори јадат лајна.:kesa:
Цел град е блокиран, се тресат Бит Пазар и Чаир врие од Специјалци и Алфи.
Според најновите информации, полицијата уапсила две лица во автомобил во близина на судската палата за кои се мисли дека се од напаѓачите.
Имало полицаец починат и жена која излегувала од автобус![]()
Појма немам за таму, ама како што кажуваат сите раскрсници се блокирани.Накај Саем блокирано е?
Ранети пред Влада од грабеж на банка
Најмалку едно лице е рането од заскитан куршум пред зградата на Владата од грабежот што утрово се случи во филијала на ПроКредит банка, дознава forum.com.mk. Во грабежот се убиени сите четворица крадци, а повреден е и полицаец.
Новинар на екипата на Форум беше сведок на вооружениот грабежот се случил утринава околу 9 часот и 15-тина минути близу Соборниот храм, во филијалата на ПроКредит банка која се наоѓа на крстосницата на почетокот на булеварот Партизански одреди и булевар Васил Главинов.
Според сведоштвото на новинарот, во банката имало обезбедување кое реагирало веднаш на грабежот, па што настанала вооружена пресметка. Дали имало повредени во банката од вработените или пак од граѓани кои се затекле во нејзе, не се знае. пресметката траела 10-тина минути, крадците биле вооружени со автоматски пушти. Од полициски извори, дознаваме дека полициските алфи кои пристигнале на место на настанот тргнале по четворицата крадци и ги пречекале кај Судска палата.
Повторно била отворена оружена пресметка, при што крадците биле ликвидирани.
Инаку, куршумите кои фрчеле во банката и околу неа во центарот на градот завршија во автобус на автобуската станица пред зградата на Владата, при што најмалку е повредено едно лице.
Засега нема официјална потврда за настанот. Forum.com.mk наскоро ќе објави ексклузивни фотографии од настанот пред банката и пред Владата.
извор
Најнови информации од Сити радио, групата која го извршила грабежот на Прокредит банка е фатена, билансот е 2 ранети полицајци и една жена, сите други во банката се живи и здрави.
А состојбата на полицајците и жената ако се знае ?