Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
АРМ мора да продолжи да се модернизира, развива и да учествува во меѓународни мисии, рече претседателот Бранко Црвенковски, врховен командант на вооружените сили, кој вчера одржа проштален работен ручек со раководниот кадар на армијата.
- Политичката поддршка за реформите мора да продолжи со несмален интензитет, вложувањата во армијата и во нејзините луѓе - исто така. Тоа е од највисок, стратегиски интерес за Македонија. Учеството во меѓународните мисии неоспорно придонесува за остварување на националните и државните интереси. Токму затоа, во наш интерес е со таквиот ангажман да продолжиме, со што, на долг рок, најдиректно ќе овозможиме реализирање на стратегиските интереси на Македонија - рече Црвенковски.
Тој го истакна разочарувањето од исходот на Самитот на НАТО во Букурешт, каде што и покрај највисоките оценки, Македонија не доби покана „од исклучително политички причини, кои немаат никаква врска со критериумите за интеграција“.
- Сепак, историјата на Македонија не завршува и не смее да заврши со Самитот во Букурешт - рече Црвенковски.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=B9AC8EBC45D367418AB6AFA8E949485A