bebush
Portable Heater
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 4.468
- Поени од реакции
- 5.166
Сигурно повеќето сте погледнале на вести или сте слушнале од вашите пријатели за самоубиството кое се случи пред 15тина дена во градот Скопје, населба Центар.Човекот кој изврши самоубиство фрлајќи се од балкон од осмиот кат на станот во кој што живеел, оставајќи зад себе болна жена од рак и три прекрасни деца.
10тина дена после смртта на Скопјанецот Љубиша Милошевски, почина и неговата жена, Сузана Милошевска која беше болна од рак, но и болна од страдањата кои ја следеа после загубата на својот сопруг.
Овие три деца, живеат во мојата зграда.Едниот од нив, ми е многу добар другар.Тој е втора година во ДИФ, додека неговиот постар брат е веќе втора година на факултет, а најмалото и најмилото сушество - Мила нивната сестра, учи заедно со сестра ми во клас и е 5то одделение.
Со овој пост и оваа вест, би сакала да ја поттикнам солидарноста во вас форумџиите повторно да дејствувате со вашата хуманост.
Имено, во сабота во дискотеката РПМ(карши Католичка црква) со почеток од 21 часот, ќе се одржи хуманитарна забава за овие три деца, со цел да се соберат доволно средства за почетокот на нивно издржување, додека да се снајдат понатака.Цената на билетот е 200 денари.
Жртвувајте пиво или кафе со пријателите и наместо тоа помогнете им на овие три деца, кои мене ми се особено драги комшичиња.
Бидете хумани кајганџии, помогнете повторно!