Македонската “визна“ сага нема крај. И покрај високите генерални оценки за исполнувањето на најважниот услов поставен од страна на Европската Унија во т.н. „Патоказ за либерализација на визниот режим“, а тоа беше спроведувањето на мирни демократски Претседателски и Локални избори , европските пратеници повторно разочаруваат и продолжуваат да ја одложуваат визната либерализација за Македонските граѓани.
Еврокомесарот Оли Рен, изборите во Македонија ги нарече "момент на вистината" за земјата која се стреми за членство во ЕУ и во НАТО.
Портпаролката на Рен, Кристина Наѓи, која изјави дека Европската комисија многу внимателно ќе ги следи и претстојната кампања и самите избори, потенцирајќи дека треба да поминат во согласност со меѓународните стандарди и да бидат слободни и фер бидејќи се
клучен услов за нормален развој на односите меѓу Европската Унија и Македонија.
Напредокот во дијалогот и датумот за укинување на визниот режим зависат од капацитетот на вашите власти да ги исполнат условите“, рече Мајкл Ли, Европска комисија за проширување.
Па да погледнеме
дел од оценките за изборите:
-
Македонија гласаше на претседателски избори, важни за нејзините стремежи за членство во Европската унија, кои минаа мирно и под будното око на меѓународната јавност, по насилствата на парламентарните избори во 2008 година, стои во веста на агенцијата "Франс прес".
- Изборите минаа во мирна атмосфера и ние ги поздравуваме членовите на избирачките комисии и граѓаните поради тоа, кои и покрај лошото време излегоа да гласаат, ја пренесува "Ројтерс" изјавата на Фуере.
-Во Македонија беа спроведени претседателски и локални избори, многу важни за амбициите на државата за членство во ЕУ и во НАТО, информира "Дојче Веле".
-Тоа беа едни многу мирни избори. Се мина исклучително достоинствено - коментира Тим Џуда, новинар на "Економист".
Актуелниот претседавач со Советот на ЕУ и чешки премиер
Мирек Тополанек потенцираше дека Македонија ги исполни сите услови кои се очекуваа од неа и очекува до крајот на 2009 година укинување на визниот режим, а во прилог одат и позитивните оценки од трите оценски мисии што Европската комисија ги реализира во земјава оваа година, а доколку се појават проблеми, како што вели Тополанек,
тие ќе бидат исклучиво од политичка природа.
Во контекст на ова и покрај позитивниот извештај, во одредени кругови во Брисел постои скептицизам за визната либерализација.
Карл Билт, министер за надворешни работи на Шведска, и добар познавач на балканските прилики, е резервиран околу укинувањето на визите во интервјуто за А1:
-
Не очекувам да биде решено годинава. Во смисла на укинување на визниот режим за Западниот Балкан. Но сметам дека ќе можеме да направиме значителни чекори годинава.
Дали може да очекуваме укинување на визите следната година?
-
Ќе видиме. Зависи од прогресот.
Како и секој граѓанин на земјава, така и јас си го поставувам прашањето “зошто се обидуваат да не држат во “карантин““? Постојано додаваат критериуми, бенчмаркови и услови кои треба да ги исполниме, а за возврат не ги додржуваат своите ветувања.
Надоврзувајќи се на моменталната финансиска криза јас сум скептик за либерализацијата на визниот режим за Македонија, затоа што членките на ЕУ тешко дека ќе се согласат на нешто такво, во сегашниве услови кога стотици илјади нивни граѓани остануваат без работа.
„
Тие стравуваат дека луѓето од Балканот ќе може да им ја земат работата“, забележува Џуда, истакнувајќи ја реакцијата на партијата на германскиот канцелар Ангела Меркел, која побара замрзнување на процесот на проширување на ЕУ по приемот на Хрватска.
Сепак, колку ова “стравување“ оправдано кога се работи за една мала земја како Македонија?
Да потсетам, за исполнување на услови, најави, разговори, почеток на преговори постојано слушаме и читаме со години наназад, а најновиот „реален рок“ е 2009-та година (претходниот беше крајот на оваа 2008-ма). Што е реално за ЕУ кога станува збор за Македонија?
Како што информира
Секретаријатот за европски прашања, потпретседателот на Европската комисија потврдил дека Македонија има постигнато најголем напредок во однос на остварувањето на условите предвидени со „Патоказот за визна либерализација“, во споредба со останатите земји од регионот.
Тој потенцирал дека Македонија може да очекува укинување на визите во текот на 2009-та година.За моменталнава состојба мислам дека европската комисија создаде лажна надеж дека има некакви шанси Македонците од 2009 да патуваат без визи, па затоа сега пуштаат балони да видат дали Македонците би се задоволиле со „бесплатни визи„ и така за уште една година да го пролонгираат укинувањето бидејќи се работи за околу
пет милони евра годишно за шенген визи во касите на Германија,Италија,Австрија,Франција итд.
Македонија е единствената земја од Западен Балкан, која во извештајот на Европската Комисија добива главно позитивни оценки околу подготвеноста за укинување на визниот режим. За ова се свесни и во Европскиот парламент, чии претставници постојано го нагласуваат истото. Германската европратеничка Дорис Пак,
за Македонската програма на Дојче Веле, изјави дека Македонија со воведените биометриски пасоши и потпишаниот договор за реадмисија, направила многу повеќе од останатите земји од регионот.
Пак смета дека сега на потег е ЕУ. Тоа според нејзе го очекуваат и обичните луѓе кои сакаат конечно да можат без проблеми да патуваат низ Европа.
Според дипломатски кругови во Брисел,
постои ризик Македонија визите за Македонија да бидат укинати дури во 2010, а не во 2009 година како што претходно се најавуваше.
Дали треба да продолжуваме сите капацитети во земјава да ги посветуваме кон исполнување на “стандардите“ кои ни налага ЕУ или децидно да застанеме и побараме првин исполнување на нивните ветувања со што би го оправдале кредибилитетот пред македонските граѓани?
http://absurdum.blog.com.mk/