N
n/a
Гостин
Плелодбата плодолзува.
Дебил ко овој, и не мислам да коментирам.
Само ќе наведам извор.
И на тие што не контаат,би им објаснил дека нема зголемување на обем на работа и производство без сигурен извор на свежи пари.
А таков... НЕМА! :nerv:
Славески: Размислете дали треба да ги зголемите каматите!
Министерот за финансии Трајко Славески вчера ги повика банкарите да размислат дали треба да ги зголемат каматите на кредитите откако Централната банка за два процентни поени ги поскапе благајничките записи, минатата недела. Оваа изјава на министерот за финансии следува откако банкарите веќе јавно најавија дека ги прават калкулациите за тоа колку ќе го поскапат капиталот што ќе им го позајмуваат на граѓаните и на стопанството. Според нив, поскапувањето ќе важи за кредитите што допрва ќе се одобруваат.
- Секој кој ја зголемува цената на она што го нуди ризикува дека
ќе има помал интерес за неговата услуга. Од друга страна стануваат и поризични некои проекти кои што банките би сакале да ги финансираат. Банките живеат од тоа, ако сакаат да имаат заработувачка ќе треба добро да размислат дали треба да ги зголемат цените на своите производи - изјави вчера во Охрид, министерот за финансии Трајко Славески.
Дебелоглаво животно, у.п.м.
И издржан коментар од човек:
Која било надеж дека платите на државната администрација или пензиите би можеле да се зголемат во наредниот период - ќе исчезне
Пред неколку дена до мене стигнаа информации дека нашата Влада предводена од премиерот, потпретседателот и министерот за финансии, започнала итни и тајни преговори со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Ова не е ниту случајно ниту неочекувано - барем за оние што ја следат макроекономската состојба во Македонија. Иако деталите околу причините за започнување на преговори со ММФ се' уште не се јавно обелоденети, со сигурност може да се претпостави дека нужноста од вакви преговори доаѓа како резултат на алармантното зголемување на дефицитот на тековната сметка.
Да потсетам, тековната сметка претставува билансот на нашата севкупна девизна размена со останатиот дел од светот. Севкупниот извоз минус севкупниот увоз е тоа што го нарекуваме трговски дефицит. Девизните дознаки и трансфери од дијаспората го намалуваат недостатокот на девизи произлезен од трговскиот дефицит. Така го добиваме дефицитот на тековната сметка. Тој дефицит може да се финансира од три извори: влез на директни странски инвестиции, нови странски кредити или, пак, од девизните резерви на државата. Колку и да се обидуваат разните владини стручњаци да ја комплицираат оваа тема, најверојатно, за да ја „збунат“ вистината, едноставно може да заклучиме: финансирањето на дефицитот на тековната сметка е причината зошто Владата е принудена или допрва ќе биде принудена да започне кризни преговори со ММФ.
Официјалните бројки на Народна банка на Македонија (НБМ) покажуваат дека дефицитот на тековната сметка за 2008 година изнесуваше рекордни 850 милиони евра. Оваа бројка е неспоредливо повисока од која било претходна година. Финансирањето на дефицитот на тековната сметка во првите девет месеци од 2008 година беше обезбедена од приливите на нови странски инвестиции и нови задолжувања во странство. Меѓутоа, проблемот околу финансирањето настана од почетокот на октомври во 2008 година. Тогаш НБМ беше принудена да интервенира на девизниот пазар со продажба на девизи за да се финансира дефицитот на тековната сметка. За оваа цел НБМ во последните три месеци од 2008 има „стопено“ 200 милиони евра, а бројката е слична и во првите три месеци од оваа година. За нецели шест месеци, девизните резерви на државата се намалени за околу 400 милиони евра, со цел да се покрие настанатиот дефицит на тековната сметка за овој период и да се одржи стабилен курс на денарот. Државните девизни резерви се намалија на околу 1,3 милијарда евра, но тоа, сепак, не го спречи гувернерот на НБМ минатата недела храбро да изјави дека одржувањето на курсот на денарот немало цена. Сепак, гувернерот треба да знае дека одржувањето стабилен курс на денарот, под моменталната макроекономска ситуација во која Македонија се наоѓа, има и цена и „максимум“ цена. А, цената е намалување на девизните резерви. Таа цена гувернерот веќе ја платил со нивно намалување за над 400 милиони евра во последните шест месеци. Максимум цената која гувернерот може да ја плати е да ги искористи останатите 1,3 милијарди евра со цел да одржи стабилен курс на денарот. Но, се поставува прашањето што би правел гувернерот потоа?
Се разбира, ова е реторичко прашање. На гувернерот, како и на владината економска тројка Груевски, Ставрески, Славески, веќе му е јасно дека, сепак, постои лимит до кој може да се користат девизните резерви со цел да се финансира дефицитот на тековната сметка. Со самото пристапување кон преговори со ММФ, Владата де факто признава дека е постигнат тој лимит. Затоа, почитувани читатели, се извинувам ако звучи нескромно, но слободно може да ја прочитате мојата колумна во неделникот „Фокус“ од 24 октомври 2008 година, кога предупредив дека „нема да помине долго време кога Македонија ќе се најде со шапката в рака пред ММФ“.
Тоа време очигледно пристигна! Сега Владата е принудена да бара спас од ММФ. Но, одењето пред ММФ со „шапката в рака“ во вакви макроекономски услови подразбира дека ќе треба да се плати соодветна цена за соодветна помош. Ми се чини дека првиот сигнал од ММФ го добивме минатата недела, кога не' предупредија за издавањето скапи државни обврзници за покривање на недостигот од даночни приливи во државниот буџет. Се разбира, постои и друг начин кој може да го реши недостигот на приливи во буџетот. Владата ќе мора да ја донесе тешката одлука драстично да ги намали расходите. Оваа ќе биде едно неверојатно тешка, но неизбежна одлука за една влада која три години едноподруго неконтролирано ги троши народните пари за низа дубиозни проекти и кампањи.
Со сигурност може да очекуваме дека ММФ, меѓу условите кои ќе ни ги наметне, ќе биде и најсуштинскиот ребаланс на буџетот кој воопшто бил направен во последните десет години од која било влада. Овој ребаланс би требало да се случи при крајот на мај или почетокот на јуни. Може да очекуваме крај на скапите реклами платени со народни пари кои, меѓу другото, не' убедуваа дека ТИ (во целата своја економска безнадежност, невработеност и сиромаштија) си Македонија! Впрочем, доаѓа крајот на доминацијата на закуп на маркетиншкиот простор во електронските и во печатените медиуми од страна на Владата. Може да очекуваме и крај на набавките на разни статуи и изградбите на споменици. Може да се претпостави дека ММФ ќе инсистира и на стопирање изградби на културни центри и спортски сали, како и секаков вид непродуктивни инвестирања.
Каква било надеж ќе исчезне дека платите на државната администрација или пензиите би можело да се зголемат во наредниот период. Најаларманто од се', според мене, ќе биде инсистирањето на ММФ да се направи рационализација во јавната администрација. Со други зборови, како дел од условите за добивање финансиска помош од ММФ, Владата ќе биде принудена да се обврзе да отпушти одреден број вработени од државниот сектор. Ќе има и други услови од ММФ и не може да се исклучат изненадувања. Преговарачката позиција на Владата е релативно слаба и ќе мора да ги прифати речиси сите услови од страна на монетарците.
Крајниот исход би требало да биде заем од ММФ за Република Македонија од околу 200-300 милиони евра. Не треба да се исклучи можноста износот да биде дури и поголем. Со ваков заем, платниот биланс ќе се стабилизира, што наедно ќе ја зголеми и довербата кон Република Македонија од страна на потенцијалните странски инвеститори и финансиски институции. Под вакви услови, најверојатно, ќе се избегне и нужноста од девалвација, која инаку би била неминовна оваа година.
Можеби премиерот ќе ја научи најосновната лекција во економијата - не постојат бесплатни ручеци. Некој секогаш мора да ја плати сметката. А, сметката за неодговорната и раскошната фискална политика во последните три години дојде на ред за плаќање. Како и секогаш, сметката ја плаќа народот. А, овој пат ќе биде намирена преку нови и дополнителни задолжувања на идните генерации!