МИСТИЧНАТА ТАЈНА НА СОНЦЕТО ЈА РАЗБИРААТ САМО МАКЕДОНЦИТЕ
Од книгата на Пандил Костурски и Ристо Поповски "Александар Македонски Македонизам"
Лавот е специфика во древните времиња на македонските простори и претставува симбол на македонскиот идентитет. Македонците за Лавот негуваат земен култ, како што за шеснаесеткракото сонце негуваат воздушен сончев култ. (Херодот спомнува дека персиската војска предводена од Ксеркс била нападната од лавови).
Неговата симболика секако лежи во јаката природа на лавот но, исто така, лежи во империјалноста, достоинството, гордоста, храброста и супериорноста на македонската цивилизација, добрата волја и позитивната енергија на Македонците.
Шеснаесеткракото Сонце, како сончев симбол бил во најголема мера составен дел на орнаментиката во разни видови апликации кај Македонците. Познато е дека тие особено го почитувале сонцето и кон него имале изградено посебен култ т.н. Култ кон сонцето. Сонцето претставувало светлина, енергија, живот, активитет и хармонија.
Посебно, ваквото сонце има своја мистична тајна, која ја разбираат само Македонците и таа се пренесува од колено на колено како најголема светија. Македонците биле воспитувани дека се деца на Вселената, а Вселената ја создал Господ токму во оваа форма која е потребна за живот. Родителот на Вселената преку неговите интелигентни жители им дава живот на децата на Вселената, кои се стремат кон тоа да личат на своите родители. Не се сите деца во универзумот сосема слични, поради малите разлики во природните величини и бојата на кожата. Меѓу овие деца на Вселената, само некои се приспособени повеќе од другите зачетоци во развојот на животот, до напредното ниво на интелигенција. Најдобри се оние кои се најрепродуктивни, а оние кои најмалку одговараат се безживотни и не продуктивни. Така се одвива процесот на "природна селекција". Затоа сите македонски кралеви и цареви имале многу жени, кои требало да раѓаат по многу деца како света должност.
Одговорот на овој стар филозофски проблем, за кој Алберт Ајнштајн рекол: "Најнеразбирлива работа за Вселената е тоа што таа е разбирлива", го дава професорот Едвард Харисон од Универзитетот “Масачусетс” во неговите две дела: "Космологија" и "Темна е ноќта". (THE TIMES-Лондон, 1996, "Колку сме стари" и "Не сме настанале случајно"). Тој тврди дека тоа е точно, но денес на ова наше цивилизациско ниво, не постои начин да се до каже или да се оспори оваа теза. Сепак, тој смета дека таа е добра основа за дискусиите на филозофите и за изучувачите на Вселената.
Според научните методи и техники на егзактните науки, овој симбол во себе го содржи македонскиот систем на живеење и владеење. Секој детаљ на него -внатрешните кругови, внатрешната десеткрака розета, сината и виолетовата боја, осумте помали и осумте поголеми зраци имаат свое значење со толкувања.
Континуитетот на толкување е изразен преку неговиот развој и проширување. При тоа, типично за македонскиот систем, за разлика од до сегашните толкувања за наводната ѕвезда од исток е што тоа претставува систем на верувања и почитувања.
Системот е во непрекинато животно пулсирање на наизменично примање и давање енергија. Таа пулсира во бранови, со што прави спој на луѓето со Бог, преку енергијата и обратно на Бог со луѓето.
Македонскиот систем претставува збир (спој) од геоцентричен и хелиоцентричен пулсирачки систем. Неговата ефикасност е условена од неговите потсистеми, нивната взаемност, едновременост, континуираност, но и зависност.
Четирите темели (фундаменти) на системот се: енергијата, земјата, човекот и душата (волјата).
Во светско историска смисла македонската култура на градителство, јазик и религија, како потсистеми беа тие кои ги чуваа Македонците да не го изгубат идентитетот. Оттука секое погрешно однесување на било кој во светот кон шеснаесеткракото македонско сонце е рамно на самоубиство или харикири. Во македонската археолошка ризница постојат голем број и други артефакти, преку кои може да се носат согледувања за општите и за поединечните карактерни особини на древните Македонци.
Народното творештво, книжевноста, верувањата, преданијата, обредите, празниците, песните, постите, благословите и здравиците на древните Македонци претставуваат граѓа, која во себе носи некои законитости, како најдобра брана од фалсификати. Ако сакаме да се запознаеме со тие законитости, ни останува една можност да се наднесеме над текстот, добро да го слушаме гласот на усниот раскажувач или добро да ги гледаме празничните обредни ритуали, ослушкувајќи го низ просторот и времето и шепотот на традицијата.
За тоа ќе земеме само неколку примери: Македонците верувале само во Бог (универзум), и дека се тие Божји чеда создадени од Него. Погрешни се учењата за наводно паганство или верувања во 12 или 8 богови (Атинскоримско или Египетско на Монето). Доказот е во Керамичкиот печат од локалитетот "Церје", близу до селото Говрлево, датиран од времето на неолитот, 6.000 години пред Ристос. На печатот светските археолози прочитале дека пишува: "С,л с бо с,м", што значи "Сал со бога сум" или "Само со Бога сум".
Овој доказ ја потврдува тезата дека древните Македонци ја практикувале православната средишна идеја, дека "Бог стана човек за да човекот стане Бог", бидејќи според неа, големината на човекот не се состои во тоа да биде микрокосмос, односно мал свет во големиот, туку со своите дела да биде голем во големиот свет. Со овие идеи се воспитувал и Александар.
Друга потврда за континуитетот на македонскиот систем за опстанок и развиток се сите славски песни, кога се крева славскиот леб и кога се пее Господе помагај ни, како и сите славски песни кои се во слава на Бога. Оттука постоеле разни видови песни кај Македонците од древнина до ден денешен. Имале песни кои ја опеваат пролетта, како враќање на животот, преку враќањето и на природната вегетација или т.н. коледарски или Ѓурѓевденски песни - почнувајќи од Божиќ, Бадник, па песни за раѓањето на Исус Ристос - кога се раѓа се најавува, па песни за Водици - кога според верувањето е крстен Исус Ристос.
Треба да се каже дека имале и песни со семејна содржина, песни кои го воспеваат домот и семејството, песни од зимски циклус итн. Освен овие песни за природните појави, постоеле и кратки фолклорни жанрови, меѓу кои особено се истакнувале Богословите. Тоа биле народни умотворби засновани врз магичната моќ на зборот. Тие особено се истакнувале во разни прилики, најчесто во свечени моменти при сечење на обредниот леб.
Пред почнувањето на вечерата се кажувале вакви народни умотворби, значи богослови и здравици. Најмногу ги кажувале оние луѓе кои имале дарба. Тоа биле посебно надарени луѓе, како што вели М. Цепенков "кога ќе земат чаша и ќе почнат да кажуваат да ти е мило да ги слушаш и секој што ги слуша верува дека така ќе биде". Македонците имале свадбарски песни, а специфичноста била во тоа што имале различни песни зачувани и денес во чест на нункото, свекорот, бајрактарот и др.