Љубовта се учи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Многу често употребувана реченица: Ме научи да сакам или Не знам да сакам и слично...

Моето прашање е дали навистина љубовта може да се научи? Дали е можно кога се во прашање емоции било што да НАУЧИШ?

Зарем љубовта не се чувствува, како може било кој да се научи да сака? Не верувам дека има било каков начин за да научиш да сакаш, можеш само да го осетиш тоа. Или сепак не?

Што подразбирате вие под тоа “Ме научи да сакам“ или “Љубовта се учи“?
 
Многу често употребувана реченица: Ме научи да сакам или Не знам да сакам и слично...
Често пати сум ги слушал овие фрази. За таа втората, "не знам да сакам" е многу она... Глупа фраза. Тоа е кога нема друга причина за некој крај на врска па демек "види јас сум виновна". Ја мразам оваа фраза исто колку онаа "не е до тебе проблемот, до мене е".
Моето прашање е дали навистина љубовта може да се научи? Дали е можно кога се во прашање емоции било што да НАУЧИШ?

Зарем љубовта не се чувствува, како може било кој да се научи да сака? Не верувам дека има било каков начин за да научиш да сакаш, можеш само да го осетиш тоа. Или сепак не?

Што подразбирате вие под тоа “Ме научи да сакам“ или “Љубовта се учи“?
Јас мислам љубовта не се учи... Секој е способен да сака, само секој го прикажува тоа на различен начин. Љубовта е почитување, разбирање и остали работи... Ама дека се учи? Зависи, јас не верувам дека се учи, љубовта се стекнува попрецизно е ако кажам. Ако има и љубов, треба да има и доверба.

А ако веќе одговорот е дека љубовта се учи - зависи на кој стадиум од животот. Некоја ја запознаваш, ама веќе знае за љубовта. За сакање сите знаат да сакаат, освен тие што сакаат многу голема варијабилност кога станува збор за партнери.

На крајот на краиштата, јас мислам и заклучив дека секоја љубов различно се прифаќа. Затоа и од секоја нова љубов отвораме нова книга за читање. Од една љубов си научил едно, од друга друго, затоа тоа ти е искуство... Искуството е само вовед во нова љубов што доаѓа, после самото се надоградува.
 
Што подразбирате вие под тоа “Ме научи да сакам“ или “Љубовта се учи“?

Повеќе или помалку во гените ни се запишани сите чуства. Меѓутоа во повеќето случаи изразувањето на тие чуства секој различно ги покажува. Оној момент кога некој ќе каже „Ме научи да сакам“, тогаш тој фактички со помош на некој успеал да ги пронајде тие чуства во големата база скриена и запишана длабоко во неговите гени.
 
Не може да кажеме дека некој не’ научил да сакаме. Едноставно можеме да кажеме дека само со нечија помош сме се соочиле со фактот што тоа навистина значи.
Емоциите не се учат, тие се стекнуваат и развиваат. Секој од нас со самото раѓање носи во себе емоции, кои во текот на животот, под различни околности, различно се развиваат.
Сумирано на крај: Не, љубовта не може да се научи. Тоа е како да кажуваме дека учиме како срцето да ни работи. Едноставно тоа е физиолошко-емоционален процес, кој се развива сам по себе, само ни треба вистинската искра за да го запали.
 
Значи немам некоја конкретна филозофија за темава. Но, сакам да кажам дека секој од нас е способен да сака. Без разлика дали ќе се вљуби порано или подоцна, во правата или погрешна личност...љубовта е една. Една, дури и почиста и поискрена од претходната. Фразата „Ме научи да сакам“ е само обична реченица, изговорена без длабоко размислување. Некој кога би ја изговорил, сигурно не бил претходно заљубен па не знаел како е.
Но...
Моето прашање е дали навистина љубовта може да се научи? Дали е можно кога се во прашање емоции било што да НАУЧИШ?
Љубовта не се учи. А кога се емоциите во прашање, се учат многу работи од различни области во животот. Се создаваат нови искуства кои подоцна ќе ни бидат понатамошни лекции во животот, а со тоа да не ги повтараме истите грешки.
 
.Сумирано на крај: Не, љубовта не може да се научи. Тоа е како да кажуваме дека учиме како срцето да ни работи. Едноставно тоа е физиолошко-емоционален процес, кој се развива сам по себе, само ни треба вистинската искра за да го запали.
Јас мислам дека мешаш различни поими. Компарацијата со есенцијалното биење на срцето е помалку ирелевантна. Срцето исто бие кај сите. Потенцијалот не е скриен во тоа дејство(фак звучам ко dedanoe), додека знаењето и комплетното препуштање на љубовта е индивидуално. Не знам дали ти бев целосно јасен. Сумирано од моја страна: Секој човек може да сака максимално, само со права личност во право време.:smir:
 
хехехе, те разбирам што сакаш да кажеш. Но поентата беше виталноста и своеволевата работа на љубовта споредена со онаа на срцето:)
Едноставно сакав да кажам дека тоа е нешто кое не се учи, исто како што не ги учиме ни органите да ги вршат виталните функции:)
 
Многу често употребувана реченица: Ме научи да сакам или Не знам да сакам и слично...

Моето прашање е дали навистина љубовта може да се научи? Дали е можно кога се во прашање емоции било што да НАУЧИШ?

Зарем љубовта не се чувствува, како може било кој да се научи да сака? Не верувам дека има било каков начин за да научиш да сакаш, можеш само да го осетиш тоа. Или сепак не?

Што подразбирате вие под тоа “Ме научи да сакам“ или “Љубовта се учи“?
Тоа „ме научи да сакам“ би било поточно кажано ако е кажано на овој начин „ми покажа што е љубов“.
Затоа што љубовта не е „егзактно“ чуство.. во овој случај најчесто како љубов се зема „најубавото“ од најчудните чувства од сите што сме ги имале пред тоа... и токму тоа чувство било кон оној на кој што му кажуваме дека ни покажал што е љубов, т.е. не научил да сакаме..
Постојат и други објаснувања на ова.. но ова ми изгледаше како апликатибилно во најпобеќето случаеви...

Мислам дека ова те збуни или ти изгледа вака како што ти изгледа затоа што проба да го сфатиш буквално :D.:smir:
 
Па богами и може да се каже дека се учи. Зборувам за љубовта.
За сакање, секој знае да сака, на ваков или онаков начин, било го покажувал тоа повеќе или помалку. Ама веќе кога станува збор за љубов малку во подлабока смисла е богами се учи.
Го тргам настрана тука и оној период првичен на заљубеност, кога се е убаво и се е така розово и се е така совршено и просто на облаци си и имаш чувство дека леташ итн... Тоа можеби е поради првичната занесеност, среќа што си го добил и остварил она што го сакаш, па нови работи случување... Ама се тоа не трае многу- настапува период кога се повеќе и повеќе го запознаваш партнерот, па почнуваш да го гледаш онаков каков што е, а не како што си го идеализирал. Е тука е оној клучен момент- ако се надмине тој период, после периодот на занесеност, ќе стапи еден период кога партнерите работат на себе, на својата врска, тука е толеранцијата, солидарноста, чувството на приврзаност, потреба... и тогаш може да се каже дека настанува зрелата љубов.

Ама за да се помине таа преодна фаза во градењето на вистинска љубов не се потребни само емоциите, туку и многу други работи, пред се искуствата што си ги собирал долж животот, градењето на личноста, зрелоста, свеста, можеби и претходни љубовни искуства...

Ај доста е :)
 
Тоа „ме научи да сакам“ би било поточно кажано ако е кажано на овој начин „ми покажа што е љубов“.
Затоа што љубовта не е „егзактно“ чуство.. во овој случај најчесто како љубов се зема „најубавото“ од најчудните чувства од сите што сме ги имале пред тоа... и токму тоа чувство било кон оној на кој што му кажуваме дека ни покажал што е љубов, т.е. не научил да сакаме..
Постојат и други објаснувања на ова.. но ова ми изгледаше како апликатибилно во најпобеќето случаеви...

Мислам дека ова те збуни или ти изгледа вака како што ти изгледа затоа што проба да го сфатиш буквално :D.:smir:
Стварно мислам дека си во право со тоа дека ме научи да сакам всушност значи...ми покажа што е љубов...
Колку пати во животот сме кажале дека сме заљубени,дека сакаме некого...сигурно многу...но кога ке дојде оној вистинскиот тогаш разбираш дека ништо од пред тоа не е љубов...туку само кратка заљубеност...и љубовта никако не се учи таа е најспонтаното нешто што само од себе доаѓа...и затоа понекогаш се вели:досега бев во заблуда сега знам што е љубов...
 
И јас мислам дека не се учи, затоа што се што се учи може и да се заборави :toe: И можеби многу рекле "ме научи да сакам" ама незнам никој да рекол заборавив да сакам. Сепак мислам дека љубовта е само чувство исто како стравот, радоста, тагата и сл.
 
Хммм често оваа изрека се користи кај сите нас... Но реално земено, љубовта не се учи. Пример се појавува некој/а кој/а ти го одзема здивот. Нема тука наука. Се случува во моментот и ти жртвуваш многу работи за да бидеш со него/неа. Тоа е она за што ти мислиш дека си научил/а. Дека жртвувањето во животот е некаква наука.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom