Eve intersna pisuvanka od dzaman
Prezemena od blogot na dzam
Во англискиот речник може да го најдете зборот “usury“ кој води потекло од латинскиот збор “usuria“. Додека латинското значење на зборот е интерес или камата, англискиот има значење на земање на огромни камати или преведено на нашки лихва. На оваа тема се пишувало и расправало од дамнина. Каматите сигурно постојат од кога постојат и парите. Темата е скокотлива и денес, особено што населението и бизнисите се жалат на големите каматни стапки, па дури некој ги квалификуваат каматите како лихва, а банкарите како крвопијци. Да го вратиме филмот наназад две илјади и кусур години и да видиме како со лихвата се справувал Исус.
Исус и менувачите на пари
Во библијата е забележан настанот од животот на Исус кога тој од храмот на Херодот ги набркува менувачите ( money changers ) и трговците. Веднаш да напоменам дека не сум теолошки поткован и намерата не ми е да дадам толкување на светите писанија. Приказната оди вака некако: Исус пред најголемиот тогашен празник на Евреите оди во светиот еврејски храм во Ерусалем и ги затекнува во дворот на храмот трговците со жртвените животни и менувачите на пари како прават пазар. Тој зема коноп и прави од него бич со кој ги разбркува животните и ги превртува масите со пари на менувачите. Зборовите на Исус упатени кон менувачите се “ Ова е храм за молитва но вие го направивте дувло на ограбувачи“.
Случката ја пронајдов на повеќе места во различни варијанти. Како илустрација ги давам следните извадоци од библијата:
When it was almost time for the Jewish Passover, Jesus went up
to Jerusalem. In the Temple courts he found men selling cattle,
sheep and doves and others sitting at tables exchanging money. So
he made a whip out of cords and drove all from the Temple, both
sheep and cattle; he scattered the coins of the money changers
and overturned their tables. To those who sold doves he said:
'Get out of here.'(John 2:13-16)
"Jesus entered the Temple area and drove out all who were buying
and selling there. He overturned the tables of the money changers
and the benches of those selling doves. 'It is written,' he said
to them, 'My house will be called a house of prayer but you are
making it a den of robbers.'" (Matthew 21:12-13)
Уште малку објаснување за да ја доловиме приказната. Во тоа време Евереите принесувале жртвени животни во храмот и давачката за храмот се плаќала во сребреници. Сребрениците требало да бидат со одредена чистота на сребро и на нивното лице да нема лик на пагански римски император. Стандардите ги исполнувале кованиците полу-шекел, кои се од чисто сребро. Така да полу-шекелот бил монетата која е прифатлива за божјите работи. Овие монети не биле многубројни и менувачите на пари користејќи го моментот го втерувале пазарот во ќоше, ја подигале цената и остварувале големи добивки. Еден вид монопол. Истото било и со трговците на животни за жртвување. Евреите се собирале во храмот од разни страни и далечни места и не можеле сите да носат жртвеник со себе. Од таа причина ги купувале жртвениците на лице место.
Дебатите за настанот се по разни основи. Дали Исус навистина употребил сила или не, дали стравопочита кај луѓето помогнала да го растури бизнисот на трговците, зошто не го нападнале Фарисеите, дали тој се спротивставувал на жртвувањето животни или настанот бил насочен кон менувачите на пари и еден куп други дилеми и трилеми. Она што го потенцирам, дека овој настан е единствениот познат во кој Исус применува сила, или да употребам покоректна фразеологија ‘делува со минорна физичка акција‘, токму кон овие трговци и менувачи на пари. За значењето на прашањето за лихвата поткрепа наоѓаме и во исламските закони каде категорично се забранува каматата. Кај Евреите забраната за камата е во однос на самите Евреи, но не се однесува за останатите. Па одтука и распростанетото мислење за нивното лихварење кое е тема и во “Трговецот од Венеција“ на Шекспир.
Македонски камати
Каква е ситуацијата денес? Ако сум новинар и излезам да правам анкета на темата камати на скопските улици, прашањата ќе бидат во стилот “ Дали мислите дека каматите се големи? Треба ли да се намалат.“ Одговорот од анкетираните сите го знаеме. Да, да, каматите се големи и треба да се намалат – одговараат сите во хор. Понекој ќе посочи дел од политичарите како виновни, што веднаш ќе биде монтирано во репортажата на соодветно место во зависност од посочениот и ориентацијата на медиумот. А пак оние малкумина што сакаат да испаднат паметни на телевизија ќе кажат дека без ниски камати нема развој на економијата и слични мудри мисли. Тоа е за мислењето на граѓанството. А експертите? И нивните мислења се предвидливи. Треба да се води сметка за макроекономската стабилност и каматите во наредниот период, по соодветна проценка во соработка со НБМ, се очекува да се намалат. Нивото на економијата, недоволна конкурентност, задолженоста во странство, правниот систем, буџетскиот дефицит и други тралалајки не дозволуваат во моментот значително да се намалат каматите. Враијации на тема. Бидејќи се експерти имаат доста варијации на тема да извлечат од ракавот и повремено да ги промешаат во случај на замор на материјалот. Овие констатации се однесуваат не само на оваа тема за каматите, туку и за милион други. Истиве овие работи ги имаме и кај “меѓународната заедница“ спакувани во побава амбалажа и со малку повеќе усул. Експертите по задача се кријат зад купишта дебели книги и недобројани прописи за да не се види празнотијата и лажгата што зјае зад сите нивни ставови.
Да демаскираме два става:
1. Недоволна конкурентност на банкарскиот пазар и потребата за влез на странски банки. Во Македонија трите најголеми банки со над 70% од пазарот се Комерцијална, Стопанска и Тутунска банка. Последните две се со доминантни странски акционери. Комерцијалана во најголем дел е во сопственост на фирмите од познатата 10-ка и дел на странци. Значи, сопственици се странци и домашни крупни риби. Ни требаат нови странци за нова конкурентност? Кој им брани на сегашните странци да бидат конкурентни? Ни треба познат бренд. Па во Хрватска сите банки им се странски и со доста топ брендови и Хрватите не се фалат од каматите и нивниот начин на работа. Брендовите имале други стандарди и рангирања за земји како Хрватска и Македонија.
2. Пазарот на пари е скап заради ризични пласмани, големи трошоци и нестабилната и слаба економија. Ако погледнете неколку годишни извештаи на банките, а сум погледнал неколку, ќе видите дека немаат толу ризични пласмани во билансите. Ризични се ако се прават пирамидални шеми и се игра на картата да се уништи фирмата за да се крчми имотот. Извинете ама ова не држи. Големите трошоци се големи ако намерно се прават големи или ако имаш слаб менаџмент. Од каде најголемите плати да се во банкарството и сродните финансиски дејности ако неможат банкарите крај со крај да врзат од големи трошоци? И ова не држи. Нестабилна и слаба економија – па никогаш нема да биде јака и стабилна ако не ги пуштаат парите во економијата или ако ги пуштаат со двоцифрени каматни стапки. Како да стане економијата здрава и конкурентна кога каматите се дупло и повеќе во однос на светските камати? Ова не само што не држи туку е трик во смисла ‘ кога кучето ќе си ја фати опашката‘.
Има уште еден трик кај каматите. Трикот е напишан во загради или со мали букви. Она на што треба особено да се внимава се променливите каматни стапки. Променливи се затоа што можат да одат и горе и доле. Доле можат реално да одат до 1, 2 или најповеќе 3 процентни поени, додека нагоре само небото е лимит. Нашето население е обично финансиски аналфабет. Многу луѓе ќе се изгорат. Особено кога на голема врата го промовираме капиталот како водилка во државата и воведовме закони за присилна наплата и таканаречени “извршители“. Не е далеку денот кога ќе гледаме на телевизија обивање на станови и изнесување на покуќнина за да се наплати долгот. Јас можам видот на каматите и големината на каматните стапки во Македонија да ги оценувам и проценувам, но за тоа какви се навистина ќе кажат корисниците на кредити. Одамна е кажано дека односот на кредиторот и кредитокорисникот е однос помеѓу газда и роб. И за крај зборовите од Като Цензорот во Рустика:
И што мислиш за лихвата?
Што мислиш за убиството?
www.dzam.blog.com.mk