Тргување со валути-FOREX

Член од
1 декември 2008
Мислења
223
Поени од реакции
11
www.babypips.com е стварно добро веб сајтче за да стекнеш основни познавања од форех, го читам веќе некој месец и отворив демо во forex.com а ќе ви пренесам нешто од искуството иако нема да е големо, мислам дека Piters е некој кој е добро упатен во форех. Убаво би било да каже некој повеќе инфо за оваа.
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
www.babypips.com е стварно добро веб сајтче за да стекнеш основни познавања од форех, го читам веќе некој месец и отворив демо во forex.com а ќе ви пренесам нешто од искуството иако нема да е големо, мислам дека Piters е некој кој е добро упатен во форех. Убаво би било да каже некој повеќе инфо за оваа.
Можеш да ми поставис било какви прашања. И ако можам, ке ти одговорам експресно. Мислам дека и постирање на Графикони е возможно овде..

Поздрав!

П
 
Член од
15 мај 2009
Мислења
4
Поени од реакции
13
Би замолил ако има некој во Македонија реално искуство со Forex нека го сподели тука.Ме интересира преку кои брокери работат нашите и како оде плаќањето.Јас досега работам на демо дено 3-4 месеци и гледам некои вебинари во живо на интернет, во врска со неколку стратегии. Значи до сега читав само погодувања и шпекулации, со исклучок на Piters, но тој работи од странство.Па би бил благодарен ако некој ги разјасни овие работи.
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
Брокери и Македонија

За жал Македонија е сеуште на црна листа кај многу од странските брокери. Постојат брокери, каде може да се отвори сметка или account.. Но тоа е најмал проблем овде.

Колку што разбрав, дури и подинечното тргување или шпекулација на пазарите на пари или Forex Markets, подпаѓа под надворешно трговско работење, кое за жал сеуште работи под стоги закони, донесени од после Марковиќ, и било каква надворешно трговска трамсакција е под Народна Банка. Така да дури е многу тешко да се трансферираат пари од Македонија надвор и обратно..

Баш штета, од неколку причини:

  • Во македонија корпоративена даночна стапка е 10% за разлика од западниот свет каде таа е од 30% до 55% значи привлекување на странски капитал..
  • FX или FOREX, е најголемиот пазар на пари во светот со дневна циркулација од над 4 Трилиони долари Дневно..
  • Едукација и учество во тие пазари, би им донеле на Македонија свеж прилив на девизи или пари.
  • Многу мала инвестиција, а добра заработувачка.. итн.. итн..
Ако некој има информации како од македонија е можно да се отвори девизна или обична сметка, и како може да се трансферираат (праќаат пари) од и до брокерот во странство.. нека ме корегира .
 
Член од
15 мај 2009
Мислења
4
Поени од реакции
13
Јас имам искуство со праќање пари од тука на странска фирам, поточно се работеше за обложувалницата BWin, значи отвараш девизна сметка, потоа со ибан и свифт преку банкарски трансфер пушташ пари.Од таму ми побараа скениран државен документ со слика за утврдување на идентитет и скениран документ за трансферот и од кога им ги доставив ми отворија акаунт. Е сега тоа беа малку пари па ги изгубив и не дојде ред да побарам повлекување на средства.Со разговор со еден брокер дознав дека по тешко е да пратиш пари од колку да ти пратат, пошто тоа е прилив на средства во државата. Истите документи ги бараат сите странски форекс брокери за да ти отворат акаунт.Значи не е логично да можиш да праќаш пари во странски кладилници а да не можиш на форекс брокери. Е сега треба да си одбериш регуларен брокер кој има добра платформа и долгогодишно постоење, значи од доверба.А во врска со повлекување на парите немам искуство, значи тука барам некој кој има искуство во ова, па да го сподели.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
И Буш пред некое време инјектираше 700 милјарди усд па доларот од тогаш расте а не паѓа иако логички би било да паѓа заради поголемата количина на пари во обрт али не е само тој ефект се јавуваат и многу други помалку или повеќе видливи ефекти. Патем се ќе заврши како што ни кажува историјата, традицијата е на стрна на американците кои брзо ќе се опораваат а остатокот од светот ќе се гуши и многу тешко ке се опоравува. Јебига брат кој како си ја наредил. За тие таму ( американците) да имаат побогат живот мора некој да има полош а дали баш ние (европјаните) ќе ја плаќаме нивната сметка ќе видиме, ни останува да се надеваме
значи у право сум бил пред 2 и пол месеца :baeh:
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
57
Поени од реакции
1
За жал Македонија е сеуште на црна листа кај многу од странските брокери. Постојат брокери, каде може да се отвори сметка или account.. Но тоа е најмал проблем овде.

Колку што разбрав, дури и подинечното тргување или шпекулација на пазарите на пари или Forex Markets, подпаѓа под надворешно трговско работење, кое за жал сеуште работи под стоги закони, донесени од после Марковиќ, и било каква надворешно трговска трамсакција е под Народна Банка. Така да дури е многу тешко да се трансферираат пари од Македонија надвор и обратно..

Баш штета, од неколку причини:

  • Во македонија корпоративена даночна стапка е 10% за разлика од западниот свет каде таа е од 30% до 55% значи привлекување на странски капитал..
  • FX или FOREX, е најголемиот пазар на пари во светот со дневна циркулација од над 4 Трилиони долари Дневно..
  • Едукација и учество во тие пазари, би им донеле на Македонија свеж прилив на девизи или пари.
  • Многу мала инвестиција, а добра заработувачка.. итн.. итн..
Ако некој има информации како од македонија е можно да се отвори девизна или обична сметка, и како може да се трансферираат (праќаат пари) од и до брокерот во странство.. нека ме корегира .
братче гледам дека мн мн се разбираш и се што кажа е тотално точно како што спомна нема 100% систем кој нема мана разберете се е релативно и се се базира на спротивности колку повеќе спротивности повеќе флуктуации,не знам каде работиш би сакал да знам и сакам да поразговараме, иначе немој да си секогаш сигурен дека е процентот 80/20% значи психологија и да речам аналитички способности ако било така ќе имаш само еден тип односно еден вид брокери а како што и самиот веќе знаеш тоа не е така а за системите има милиони системи и стратегии кои се користат и за сите ПОЧЕТНИЦИ
тргувањето со секаков вид на хартии од вредност и девизи НЕ Е КОЦКАЊЕ а за некои овој исказ е навред затоа ве молам поштедете не од нив тоа ти е исто како да речиме дека Хирурзите се Месари или КАСАПИ
те молам пиши ми приватна порака
и да се тргува во МК иако не на црна листо сите банки го прават преку девизните оддели во нив каде работат брокери со специјални лиценци за кои се полага, можете секаде да отворите сметка, и има данок на капитална добивка во земјава моментално е 8-12% некаде а до скоро беше 13% до пред некоја година, иначе немојте да давате мислење за работи за кои не сте сигурни.Може да се тргува преку форекс и се вистински пари не користете го терминот РЕАЛНИ затоа што не е соодветен и представуваат друг тип на девизи или поинаку дефинирана национална валута, парите се префрлаат на сметка ако работите самостојно на сметката која ќе ја пријавите по добивање на лиценцата ако работите за правно лице тогаш на сметка која специјално ќе ви ја отвори вашиот шеф како што е случајот со брокерите со акции и обврзници.


Би сакал да ми кажиш нешто повеќе за таму каде си и фјучерс договорите затоа што кајнас овие да речам егзотични тргувања ссеуште не можеме да ги сватиме во целосто односно да ги имплементираме поради неразвиеност на нашиот пазар на капитал али се со време прво банкарскиов систем да се унапреди после отом потом
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
ДА.. во право си..

Јас сум во Форекс и фјучерс трговијата повеке од 6 години.. од ФХ специјалност ми се Британската фунта и Јапанскиот Јен, од Фјучерс најповеке со Стандардс и Пур ES договори (S&P 500) и YM (Dow Jones Industrial Index).

Што се однесува до самиот начин на трговија, тој од моја страна е прифатен во главно со Техничкиот Аспект (Technical Analysis) dodeka drugot - фундаменталниот го пратам само од информативен аспект. Да, надвор сум од Македонија веке 9 години. Прашањето ми беше повеќе наменето кон можноста за отворање на приватни и компаниски сметки (accounts) од Македонија.

Знам дека повеќето од брокерите (американски) се уште ја имаат Македонија на банкарска Црна листа како земја од каде неможе да се отвори или трансферираат средства (мислејки на зештита од перење на пари), но познавам и голем дел на Европски брокери кај кој тоа е возможно...
Единствениот проблем со кој се соочив од кај нас е постапката на на праќање пари (трансфер) или поседувањето на девизна сметка како граѓански лице или компанија - премогу е комплицирано.. Ме препраќааат кон Народна банка, па кон наши брокери и сл..

Јас поседувам околу 6 различни сметки со различити брокерски куќи, некои се воАмерика, некои се Европски.. Ги користам во зависност од потребата и валутните парови со кој тргувам, како spread, execution, итн.

Многу би било интересно кога би можело овие технички банкарски проблеми да се надминат, и тогаш отворањето на банкарски сметки, или трговски друштва, како и едукација кај нас и раширувањето на овој бизнис би биле полесни..

Сепак FOREX е интернационален бизнис и најголема берза на пари каде дневниот промет се проценува на 3-5 Трилиони долари.. Што би значело за една земја како Македонија да обучи - отвори неколку компании - или студенти, и да го стимулира овој тип на бизнис, за кој едноставно без многу средства каде користејки го комфорот на сопствениот дом, компанија се возможни високи Профити ??

Ке ти пратам Приватна порака Денес...

Поздрав
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
јас имам слаби познавања за вакви можности па ве замолувам да ми одговорите дали јас што на пример имам штедна или трансакциска во некоја овдешна банка можам по електронски пат да тргувам со акции од светските берзи да купувам странски обврзници да можам да инвестирам во желик, нафта какао, кафе, итн итн... како што може "нормалниот" свет тоа да го прави ????
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
јас имам слаби познавања за вакви можности па ве замолувам да ми одговорите дали јас што на пример имам штедна или трансакциска во некоја овдешна банка можам по електронски пат да тргувам со акции од светските берзи да купувам странски обврзници да можам да инвестирам во желик, нафта какао, кафе, итн итн... како што може "нормалниот" свет тоа да го прави ????
Би требало да можеш. Не ми се познати правилата на игра од Македонија за надворешно - трговското работење, мислам сеште има нејаснотии.. меѓутоа..

Да отвориш сметка - акаунт со некој брокер надвор .е лесно.. има листа, има и брокери со ФЕР и евтини провизии, кај кој можеш да отвориш сметка од која ке тргуваш.
Проблемот е со Трансферот на пари.. Многумина од нив сега и дозволуваат трансфер преку кредитна картичка, некои од нив дури и ПЕЈПАЛ, вестернјунион,, и друг вид на трансфери.. Јас сеуште не видов начин како можам да отворам девизна сметка во македонија и да вршам електронска дознака во странство т.е. да трансферирам во мојата брокеркса или трговка сметка кај мојот брокер..

Одкако ке го решиш овој проблем, брокерот со кој имаш отворено сметка ке ти прати линк за да го симнеш - доунлодуваш софтверот, со кој ке можеш да вршис трговија.

Одкако го инсталираш. и одкако парите ќе „легнат„ на твојата брокерска сметка.. тогаш и ќе можеш да тргуваш.. Од Валути, до фјучерс договори (соја, брашно, злато, сребро, нафта..итн) до Државни обврзници - бондови, разни Фондови, акции итн..
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
аха фала баш ме интересира ова е супер можност тука сме мн назад и за и-бај и за се поврзано со тоа, штета. А што е со заштита и сигурност на сметките еве да кажеме избирам добар брокер со искуство и се тоа е ок, но пто е со заштитата од вируси ја користам кракуван нод 32 за кој незнам што се вика дали е антивурис или вирус ......
Значи тоа би се одвивало на пример вака уплаќам да кажеме 1000 евра на сметка која ќе ми ја каже брокерот (мисалм на тие јузери-елетронски) си имам таму некој си како профил
и добивам потврда дека парите ми се пребацени на таа сметка и одлучува да ри разменам за долари зимам да каземе 1300 долари па по некој период ми текнува да купам акции или било што сакам и купувам и се тоа си се регистрира и виртуелно јас го имам, па еве по некој период продавам се што имам и имам сега на сметка 2000 долари . Е сеа што е со профитот ќе се оданочи? каде???? како да ги извадам парите и да ги потрошам овде во Скопје? и дали имате информации дека се тоа е легално т.е. во склад со нашето законодавсвто и тоа треба да се пробери ????


*фјуџерс беше договор кој ќе се реализира во иднина по некоја си цена што ја утврдуваат брокерите како беше тоа ? така некако ? дај ми пример како да да инвеситрам во кафе да кажеме.

фала, позз
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
57
Поени од реакции
1
да не се збуниме, малку ќе навлезам во друго мест и малце нелегално, да виобјансам нешто, мислам посоветувам иако мислам сте постари од мене, јас можам да приложам дека банкарскиов систем во земјава е на ниско ниво и искрено кажано касниме години за разлика од странство,е сега убаво е што не сме напреднале во оваа сфера затоа што тоа ќе доведеше до распад на оваа држава затоа што развиени финансиски институции во вака растроена состојба во земјави би значело крах.
најпрво ова е за ЦЕЗАР бато најпрво не можеш сам на своја рака да си земис и да си тргуваш и тра лал ла ништо да си правиш експерименти,мора да најмис брокер без разлика за што сакаш и како сакаш да трговаш,би ти препорачал детално да се запознаеш со стоката која ќе тргуваш и со условите,доколку се одлучиш за акции оди кај брокер,ама спрема мене моментално благајничкиве записи во оваа цела година се со супер камата така да се доста исплатливи (ова е мој совет) пара на рака Мара за рака е работава 8 посто камата за 28 дена
каде го има беше и девет итн итн. Сепак ако сакаш сам на своја рака да правиш зделка запиши финансиски факултет потоа земи брокерска лиценца (во земјава можеш да полагаш само за брокер за Хартии од вредност акции и обв значи за нашиов пазар на капитал) или земи си лиценца за фин советник,а ако сакаш да работиш со девизи ама затоа што си почетник неби те советувал затоа што тие се врзани со се и за се буквално ќе мора милиони др работи да научиш пред да почнеш да ги разбираш пазарниве сили стратегии методи принципи системи со можност за стратегии тоа ти е не знам би рекол мора да го сакаш за да го работиш мислам јас душата ја имам дадено за тоа и уште мн учам,така да слободно барај совети и помош ама гледам треба да почнеш од самите основи.Каков факултет имаш и слично образование за да можам да ти помогнам подобро.

За сметките ПИТЕРС бато има шанси да се направи нешто ти сакаш да го направиш тоа како во странство не си научен на спори системи нестручен кадар и смотани работници влезени на база на непотизам,кажи ми подетално што сакаш да направиш и како да ја користиш девизната сметка па некако ќе се обидам да ти помогнам,се надевам ако ми објасниш подобро ќе можам да ти излезам во пресрет.

а за мк на црната листо ако ти кажам што е десено ќе замалиш смеење ама ајде др пат за тоа!!!
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
види држе јас кога наведував какви трансакции сакам да правам ги давав како пример знам дека не е така едноставно и како мене ми текнало да тргувам. Запознает сум со некои најосновни работи за берза,брокери банки и слично за финансискиот пазар но до сега немам тргувано со ништо немам ни една акција купено. Јас сум у некоја почетна фаза на учење пред знаења:toe: Иначе сум втора година на Економски факултет-Скопје. И сакам да почнам освен теорија малце и ваква пракса да учам :)
позз
 

Piters

Collector
Член од
19 април 2009
Мислења
455
Поени од реакции
43
нема проблем друже...

спремаме една акција овде.. ќе почнеме од тука, па ќе видиме до каде ,,,

позз
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
57
Поени од реакции
1
да како што спомна ПИТЕРС се спремаме да направиме нешто јас ианче ако имаш некои прашања со задоволство ќе ти помогнам за се,и за пракса и за теорија и за задачи(мислам за школото) јас дипломирав меѓутоа бев демонстратор па сега асистент ама може ќе напуштам не ми се свига условите.

Иначе ќе работиме со ФОРЕКС затоа што е помалку да речам шпекулативно за некое време полнуваме па сакаме да развиеме еден убав проект,само би ви рекол да соберете некое денарче во моментов за да можете и сами реално да пробате секако кога ќе се осечате како спремни
 

Kajgana Shop

На врв Bottom