Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635

Ќе паднат ли спомениците на Аларова на плоштадот - овој оргазмички садо мазо наслов денес е лансиран од Утрински..
Ке пагале црквите, комитите и фалангите - СДС ке ги рушел, какво достигнување !!!
Спомениците биле на Аларова? не биле наши, а СДС иако губат, на оние малку места каде ке добијат барем советници, продолжуваат со политиката на бришење на културно историскиот идентитет на Македонците.
Каква радост во насловот? Ке рушеле Македонски споменици, херои кој ни припагаат на сите,каква мок,каква сила,како да не можеа да дочекаат да објават што ке прават... јад и пакост движена од желбата да се избрише се Македонско...

Засега е извесно дека мнозинството во Советот ќе биде во рацете на опозицијата
Деспина Трајковска
Општина Центар во наредниве четири години очигледно ќе функционира поразлично од досега, ако се има предвид дека мнозинството во Советот, кој е втор одлучувачки фактор покрај градоначалникот, е речиси во сигурни раце на опозицијата. Досегашниот исход од изборите укажува дека од 23 советнички места 11 освоиле кандидатите од СДСМ, едно помалку има ВМРО-ДПМНЕ, а се влезени и по еден советник од НСДП и ЛДП, партии поблиски на левицата.
Ваквата ситуација речиси и да не остава простор за евентуално коалицирање на ВМРО-ДПМНЕ со некој од советниците, како би го добила мнозинството. Така, независно дали во градоначалничката фотелја ќе седне Владимир Тодоровиќ, или Мирослав Вуиќ, како ден е јасно дека во Центар нема да има реприза на претходните четири години кога сите владини визии за централната скопска општина поминуваа без никакви

Овие прогнози во двете најбројни партии се' уште не сакаат да ги коментираат, иако признаваат дека веќе почнале да ги разработуваат „шемите“ за функционирање на Советот во наредните четири години. Од партиските штабови велат дека се сконцентрирани на исходот од вториот изборен круг и разрешување на дилемата кој ќе биде градоначалник. Од ВМРО-ДПМНЕ дури и се надеваат на изедначување во Советот оти, како што велат, очекуваат Државната изборна комисија да им ги прифати поднесените приговори, по што ќе добијат уште четириесетина гласа, токму колку што е потребно да добијат советник плус.
Инаку, во случај да се репризираат резултатите од првиот изборен круг за градоначалник, односно да победи фаворитот на владејачката партија, а мнозинството во Советот да остане кај опозицијата, Општина Центар ќе функционира слично како пред два мандата. Иванчо Вучевски, тогашен претседател на Советот, се присетува дека политичките разлики на двата органа (градоначалник од ДА во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и Совет од СДСМ), тогаш воопшто не се забележувале.
„Функциониравме беспрекорно, но првенствено се водевме со девизата дека ги браниме интересите на оние кои не' избрале, на граѓаните, а не на партиите чии членови сме. За жал, сега работите стојат поинаку, така беше и во последниве четири години“, вели Вучевски, кој во изминатиов мандат партиципираше во Советот на Центар како член од НСДП, а истата улога ќе ја има и во наредниве четири години. Вели дека очекува напорна и тешка работа на Советот и дебатирање за кое не може да суди дали ќе резултира од објективноста или субјективноста на неговите членови.