Бошкоски: Гласовите да не бидат предмет на трговија
На гласовите на Љубе Бошкоски се надеваат и од двата табори за вториот круг од претседателските избори. Тој досега не се изјасни на чие конто ќе одат неговите гласови. Цел ден денеска заседаваше неговиот изборен штаб, а одлуката ја кажува за А1.
Вашите гласови, едни од најпосакуваните од двата политички табори на кандидатите за претседателската трка. На кого ќе ги дадете?
- Јас сакам да се промени досегашната пракса дека гласовите кои ги дале граѓаните за еден од претседателските кандидати по некаква директива треба да одат за некои од кандидатите кои влегуваат во вториот круг. Во првиот круг граѓаните на Македонија имаа можност да бираат од седум кандидати. Јас бев избран со околу 200.000 гласови, од кои 150.000 беа верификувани од страна на ДИК. Овие 150.000 гласови се моја обврска, јас имам обврска кон овие граѓани кои веруваа во мојата програма, која беше јасна, која ја презентирав во целиот изборен, предизборен период посебно.
Јас не сакам гласовите на граѓаните на Македонија да бидат предмет на трговија. Тие гласови се гласови кои се дадени за визијата на Љубе Бошкоски, тие гласови се гласови кои се исклучиво дадени за мене.
На почетокот на изборите, коишто завршија во недела, зборувавте за некој политички притисок. Дали и сега има политички притисок врз Љубе Бошкоски за да поддржи кандидат?
- Апсолутно, оваа кампања, можеби денот на изборите се заврши во фер и демократски дух, би рекол, но во самата кампања беше извршен досега најсилен притисок. Се сеќавате на анкетите во периодот, кои покажуваа моја популарност и мој рејтинг од 3 до 4 насто, се сеќавате на бруталните напади од страна на една телевизија или на нивниот главен и одговорен уредник, кој постојано, секоја вечер, се интересираше, правеше такви инсинуации, кои покажуваа дека имаат намера по секоја цена да ме дискридитираат во оваа предизборна кампања.
Сега Љубе Бошкоски заврши со претседателската трка, меѓутоа дали ќе остане активен на политичката сцена?
- Па и покрај инсинуациите кои доаѓаат од разни табори во овој период, иако се прават разни комбинаторики за мојот политички ангажман, повеќе од очигледно е дека се активирам на македонската политичка сцена, но тоа ќе го направам со договор со граѓаните на Македонија и со мојот изборен штаб и ќе донесеме одлука заедно со иселена, не само со татковинска Македонија, и затоа заминувам овие денови на една кампања надвор од Македонија.
Линк