Нашата вечна загатка- Ажурирањето на ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК!

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Книгата на гласачи станува се' подебела пред секој изборен циклус. За две децении Избирачкиот список е зголемен за 421.000 гласачи. Во 1990 година биле регистрирани 1.371.176 гласачи, во 2000 имало запишано 1.634.859 избирачи, додека последните евиденции од 2009 се дека право на глас имаат 1.792.082 лица.

Чудна математика:2000 година биле запишани 1 634 859 избирачи,а во 2004 година 1 695 103 ????? Од 2000 година до 2004 година бројот на избирачи се зголемил за 60 244.
Епа како е можно од 2004 година до 2009 година да се зголеми за 96 979 гласачи????
 
Зошто правиш кавга со сила. Еве сеа да ја оправдам дипломата.

Гласаат полнолетни лица со македонско државјанство, а не жители. Македонија има 2,1 жители што што имаат државјанство и плус уште едно 300-500 илјади емигранти(жители на друга земја) со македонско државјанство. Значи од 2,5 милиона лица со македонско државјанство 1,8 милиони се полнолетни.

Дали сеа сум достоен за титулата?

Сега дури треба да го затворат факултетот каде ти ја дале дипломата кога не знаат да прерачунаат колку се 20% од 2.6 милиони државјани на Македонија.:toe:
 
Што ви е толку чудно што имаме толку многу гласачи. Убаво е напишано дека Во 1990 година биле регистрирани 1.371.176 гласачи. Значи право на глас имале родените до 1972 год. Во просек кај нас се раѓаат околу 30 000 новороденчиња. 18 години до 1990 год(што сега имаат право на глас)по 30 000 нови деца се 540 000 нови гласачи(одприлика)
Во 2000 или не знам која година што дадоа 100 000 државјанства на избеглиците...
Тоа се околу 650 000 гласачи...

Се надевам дека ми ја разбравте поентата...
 
Да, ти ја разбравме... само не разбираме како никој не умре од 1990 година (или бројот на починатите државјани е незначително мал).
 
Сега дури треба да го затворат факултетот каде ти ја дале дипломата кога не знаат да прерачунаат колку се 20% од 2.6 милиони државјани на Македонија.:toe:
Ние сме млада нација, највеќе ради Албанците и нивниот прираст и малолетни лица се 30 посто, а не 20 посто.

0,7*2,6=1,82 полнолетни.
 
Што ви е толку чудно што имаме толку многу гласачи. Убаво е напишано дека Во 1990 година биле регистрирани 1.371.176 гласачи. Значи право на глас имале родените до 1972 год. Во просек кај нас се раѓаат околу 30 000 новороденчиња. 18 години до 1990 год(што сега имаат право на глас)по 30 000 нови деца се 540 000 нови гласачи(одприлика)
Во 2000 или не знам која година што дадоа 100 000 државјанства на избеглиците...
Тоа се околу 650 000 гласачи...

Се надевам дека ми ја разбравте поентата...

Домашниот есап не излегува на пазар,или излегува само доколку Македонските државјани станале бесмртни за овие 18 години.:pos2:
 
Мојата повеќе пати јавно поставувана дилема...Дали некој од Институциите макар и малку се грижи(л) за навремено ажурирање на податоците кои се внесени во (сега заклучениот) Избирачкиот Список?.
Како ...не би се случило во иднина да се се повторува правилото за гласање на т.н. „мртви„ души..ептен користено и многу практикувано порано..кога „овие„ ..а кои си мислеа дека се „сраснати„ за Институциите на Власта..во Државата Македонска.
Иако јас лично сум лаик..сепак што е многу..многу е..мислам на бројот на гласачи со право на глас!!!.
За сега не знам..но посебно порано..кога тоа беше еден од иструментите за манипулација , кога беше се поинаку одколку денес..кога Власта самата дозволи председателот на ДИК да биде припадник од Опозицијата..нешто незамисливо и никојпат не реализирано порано!!!!.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A93F128F7A5AC24A857EA96604D43486
:pipi:
 
Епа кога на тие фамозни 1.371.176 гласачи од 90 год ке се додаде бројката од 650 000 нови се добива бројка од околу 2 020 000 гласачи.
А според сегашниот список имаме нешто помалку од 1 800 000 гласачи

Значи недостасуваат 220 000 гласачи, кои или починале или се иселиле

Тоа е некоја моја логика, која мислам дека фаќа место:toe:
А инаку не верувам во пописот од 2002 год, беше очигледно дека го местеа за да имаме доволен процент за малцинства, нови закони, урамени, воа, она....
 
Со оглед на вака импозантна бројка гласачи С-рамковниот договор може слободно да биде прогласен за неважечки,а сите закони и законски акти произлезени од него да се прогласат за ништавни.:toe:
 
Според Wikipedia
July 2008 estimate 2,061,315 (142nd)
- 2002 census 2,022,547

Значи за 6 год бројот на население се зголемил за 38 768 жители

За тие 6 години всушност се родиле околу 180 000 деца, а нема шанси да умреле 140 000 граѓани, нема логика

Затоа не треба да се верува на статистичките податоци, кои очигледно, исто како и предизборните анкети се наместени

Од веб страната на а1:
Во Македонија се помалку се раѓаат деца. Во 2003-та година бројот на живородени изнесува 27.000, што е за околу 2.300 новородени помалку во споредба со 2000-та година и двојно помалку од пред четириесетина години кога годишно во просек се раѓале 45.000 деца.

Значи уште повеќе паѓа тезата за бројот на граѓаните дека е 2 милиони

Автоматски сите закони кои ни ги наметнаа, треба да бидат анулирани
 
Според Wikipedia
July 2008 estimate 2,061,315 (142nd)
- 2002 census 2,022,547

Значи за 6 год бројот на население се зголемил за 38 768 жители

За тие 6 години всушност се родиле околу 180 000 деца, а нема шанси да умреле 140 000 граѓани, нема логика

Затоа не треба да се верува на статистичките податоци, кои очигледно, исто како и предизборните анкети се наместени

Од веб страната на а1:
Во Македонија се помалку се раѓаат деца. Во 2003-та година бројот на живородени изнесува 27.000, што е за околу 2.300 новородени помалку во споредба со 2000-та година и двојно помалку од пред четириесетина години кога годишно во просек се раѓале 45.000 деца.

Значи уште повеќе паѓа тезата за бројот на полнолетните граѓани дека е 2 милиони

Автоматски сите закони кои ни ги наметнаа, треба да бидат анулирани

Токму тоа ми беше муабетот,особено доколку навистина имаме 1.8 милиони гласачи со Македонско државјанство.:toe:
 
Одете на сајтот од Заводот за Статискика, ќе најдете една брошура во пдф фајл која се вика МАКЕДОНИЈА ВО БРОЈКИ.

Таму го имате одговорот на дилемата со прирастот.
 
Токму тоа ми беше муабетот,особено доколку навистина имаме 1.8 милиони гласачи со Македонско државјанство.:toe:

Јас тука напишав милион постови за да објаснам од каде е таа бројка, ама ако ве мрзи да читате или имате некои скриени намери тоа е ваш проблем.

Уште еднаш

2,1 македонски жители
300-500 000 емигранти во странски земји со мак. државјанство

=2,4---2,6 милиони граѓани*0,7 со право на глас пошто 30 посто се малолетни се добива таа бројка.

Инаку сите телевизии и весници ги мрзи да ја направат калкулацијава или па соросоидиве користат секоја прилика за да прикажат дека не биле фер избориве.
Јас мислам дека е второво.
 
Оф топик, според последниот попис, колку албанци живеат во Македонија?И во колкав процент се???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom