Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Нема прецизен одговор за забелешката за големиот избирачки список
Никој во земјава нема прецизен одговор за вчерашната остра забелешка од набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР – дека е нереално во една земја со едвај 2 милиони жители да има дури 1 милион и 800-тини илјади избирачи.
Министерот за правда Михајло Маневски, причината за толку големиот број избирачи ја гледа во големиот број граѓани кои живеат во странство и не се бележат со пописот, но според Уставот имаат право на глас.
„Сепак треба да се има предвид тоа дека тешко може да се споредува вкупниот број на граѓани кои се опфатени со пописот на РМ со бројот на запишаните гласачи во избирачкиот список, поради тоа што ние сите знаеме дека има голем број на граѓани – државјани на РМ кои живеат и работат во странство“ - изјави министерот за правда Михалјо Маневски.
За од сега натаму, одговорноста Маневски ја префрла на Државната изборна комисија, која од 1 септември станува надлежна за избирачкиот список. Од ДИК пак велат дека ова прашање ќе го решаваат кога ќе ја преземат надлежноста.
Инаку, засега во избирачкиот список се регистрирани само 73 илјади македонски државјани кои живеат во странство и до чие име на списоците стои ѕвездичка.
Од парламентарната комисија за преземање на избирачкиот список пак велат дека реалната бројка на македонски државјани кои живеат во странство е 250 илјади. Токму поради оваа огромна разлика, ОДИХР бара детална ревизија на списокот.
Од собраниската комисија велат дека досега ниту една владеачка структура не покажала воља да го прочисти списокот, оти 170-те илјади гласачи кои ги има на списокот, а не означени дека живеат во странство можат да се предмет за манипулации.