Eве,Брус Џексон ќе ти каже дали ние сме или не сме изолирана земја,а тој е малку покомпетентен од Џорџе Иванов за такви оценки:
Голема тема во Македонија деновиве е дали земјата е во изолација или самоизолација по ветото од Букурешт. Како ја дефинирате Вие состојбата?
Македонија секако е изолирана и ќе биде уште повеќе. Интеграцијата во НАТО е ставена на чекање, интеграцијата во ЕУ е заглавена и не оди напред и ова е контрибутивен фактор. А ова се случува во најопасното време во модерната историја поради светската финансиска криза. Ни требаат институции и ни треба интеграција. Така што ова е премногу опасна позиција за Македонија. Ова е време во историјата кога некои држави можат да исчезнат, дали Украина или Исланд... Зборувам за физичко исчезнување. Така што ќе жалиме ако Македонија не добие интеграција многу бргу. Растот во земјите што се интегрирани е за половина или четвртина поголем од неинтегрираните и ќе биде голем финансиски проблем за Македонија да остане на линија со остатокот на Европа. Не може сами да се отсечете од неа. Ќе биде голем проблем ако македонските националисти се почувствуваат побезбедно изолирани во Европа, каде што сите други заклучиле спротивно.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2792292998A44E40B27B85B70E934EBF
Јанес Јанша кажа дека не сме во изолација.
Јанес Јанша беше премиер кога Словенија раководеше со ЕУ.
Ахх да бе утрински само еден човек непознат за цела јавноста најде, јас мислев дека бар двајца ќе најде.