До пред 2-3 години бев патриот како ретко кој на форумов, иако сум Албанец по етничка припадност. Меѓутоа, последниве 2-3 години, гледајќи како се развива политиката кај нас, како преговараме ама колку за да не биде дека не преговараме, и многу други педерски примери кои почнав да ги пишувам ама сватив дека ми нема крај ако продолжам па ги избришав сите... Уморен сум едноставно. Уморен сум од се.
Уморен сум од преговори кои "потајно" посакуваме да им нема крај
Уморен сум од изминативе 18 години сиромаштија, газење, успевање само на партиските војничиња... и уморен сум што некој се гордее со тоа што сум "опстоил" и вика нешто у стилу "Koj? Princ? Тој може уште бе, 18 години се ништо за него!"
На темава нема да гласам за ниедна од опциите. Барем не во моментов, бидејќи сеуште не сум сигурен во мојата крајна солуција а имам 3 фала Богу: 1. Иванов 2.Фрчкоски 3.Да си го напишам моето име под овој реден број и да си го заокружам.
Само едно знам. Знам дека за 2 недели, на денот на изборите, ќе излезам. Ќе излезам и ќе земам гласачко ливче. Ќе застанам зад онаа кутијата и ќе размислам 10-20 секунди. Ќе се потсетам себеси дека нареден пат кога ќе имам право на ваков избор ќе бидам 5 години постар. Во мојов случај, денес имам 26 години, тогаш ќе имам 31 (размислете малку на овој начин... доколку сте малку повозрасни и не верувате слепо на никоја партија или личност, тогаш веројатно досега ја научивте лекцијата наречена ЖИВОТ). И ќе одлучам што ми е поважно. Иако повеќе, после овие 2-3 години (и преговори... преговори... преговори... преговори... што би рекол Иванов) ми лежи на срце НАТО и ЕУ. Некако ми е глупо јас да сум поголем Македонец од Гоце или Никола (а тие преговараат за промена на името). Сакав агресивност во проблематикава, сакав безобразност во нашиот однос, го очекував тоа од ДПМНЕ... А имаме право на тоа, сосема легитимно, некој сака да си го смениме името за да не прими во друштво. Ама не бидна... Одиме понатаму. Се надевам во НАТО и ЕУ. Другата варијанта ми е многу црна. Замислете уште 18 вакви години. Уште 18 години во кои ќе има плукање, предавници, преговарачи, пукање, неправди, непотизам, преполна администрација, празен буџет, затворени фабрики, стечајци, млекари на кои не им се плаќа млекото од фирма која ја носи владата и се слика со нејзините сопственици...
Дрога? Не, благодарам.