PIC Microprogramming

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
prenote: Наведов PIC пошто само со такви имам работено.

PIC (Peripheral Interface Controler) интегралните кола се линија од програмабилни кола изработени од страна на Microchip technology. Секој од нивните модели е составен од целосно фунцкионален CPU со додатни регистри, RAM и EPROM меморија и неколку влезно/излезни порти. Некои понапредни модели имаат серија од други уреди кои можаат да се контролираат преку постоечките пинови со едноставна замена на функционалност. Така да едно IC може да биде програмирано да работи и со аналогни и со дигитални сигнали поради A/D конверторот и сл.

Особено добра е нивната програмерска страна. Mikroelektronica имаат развиено цел систем за програмирање како и серија од компатибилни програматори и тестни плочи за развој и дебагирање на изградените склопови. Дијапазонот на програмирање е различен: едно IC може да се програмира во Assembler, Micro C, Micro Pascal па дури и Micro BASIC. Најдобра, најблиска и најконтролирана околина е секако програмирањето под Assembler.

Во скоро време изградив цел склоп за контролирање на ред на чекање во повеќешалтерска институција. Уредот се поврзува со печатар и со три лед-панели за приказ на броевите. Како централен елемент користев PIC16F877 IC и дополнително неколку логички порти и мал аналоген механизам.
Ај да се пофалам:

n1219971813397664819188.jpg

Поентата ми е: ако ви е ќеф да кодирате на машина и резултатот да ви излезе на машина, кога ќе испрограмирате и изградите нешто кое на крај ќе ви биде опиплива, едноставно сакате повеќе :).
Примам прашања, примам заинтересирани. Повелете, погледнете.

п.с. За подетални информации:
http://en.wikipedia.org/wiki/PIC_microcontroller
 
Заинтересиран :)
Имам EasyPIC 3 дома сакам 5ката да си ја купам со цела опрема, ама чекам пари :)
Имав една идеја за осцилоскоп ама ја баталив ќе одам на далечинско управување на уреди.

Е од еден проект слика немам :)

P.S> Убаво средено напрaвеното :)

P.S.S> кои интегрални кола се ?

Сега гледам, не е баш благодарно да програмираш во асемблер. Има 32-35 колку беа инструкции, ама микро Ц си е микро Ц :), губиш на простор ама за поголем проект во асмеблер ќе се отепаш (мн добро знаеш кај ком дали е подобро асемлбер или програсмки јазик од повисоко ниво).
 
Колку коштат EasyPIC 5? И од кај ги набавуваш?

п.с.с 4001DC - 4 x Логичкa НИЛИ порта.

Иначе, асемблер си е асемблер бато.
 
Баш и мене ме интересира од кај може да се набават.

Едит: и за која цена.
 
Колку коштат EasyPIC 5? И од кај ги набавуваш?

п.с.с 4001DC - 4 x Логичкa НИЛИ порта.

Иначе, асемблер си е асемблер бато.

100еу логинг електроник мислам дека беше во Скопје е (да сеа проверив) http://www.logingel.com.mk/
http://www.mikroe.com/
дома имам 3ка не е моја, на средното училиште кај што завршив е за еден проект слета кај мене дома и уште е тука :) планирам 5ка за месец - два да си земам.

Асемблер работев, и јас сум конзервативен :) не менувам работи често. Не сакав да почнам со микроЦ ама кога видов за поголема работа колку работа ќе ми заврши асмеблерот го оставив. Иако програмирам во микро Ц, сепак размислувањето е за аслемблер делимно оти сепак мора, нема оперативен систем да мисли за мене.

дајте бе некој проект нешто :) јас имав идеи само сам не ми се работи . . . еден другар и така и вака е :)

ЕДИТ: цените ги имате на сајтот на миркое, ама по цени таму од Србија, овде е поскапо . . .
 
Се надевам дека темава нема да замре. Македонски форум за микроконтролери нема, книга од Емитер една почетничка но ништо особено, уште една книга е во подготовка само кога ќе се заврши не знам . . . слабо ептен. Пишете нешто
 
Јас сум тотален newb кога се работи за микроконтролери ама одамна им се спремам =) Може еден краток вовед што треба да знам и што се ми треба за да направам еден најпрост склоп?
 
Производител:

Microchip со примери !

Материјали:

Се има . . .

Проекти и книги:

Тука (банерите по страна гледај ги а не ги чепкај :) )

и

Тука (чепкај шо сакаш :))

Развојна околина асемблер:

MPLab

Развојна околина програмски јазик од повисоко нив прилагоден за PIC:

MikroC, PICBasic, PICPascal. . . со примери !

и download:

Тука

Како симулатор за електрника можеш да користиш Proteus, Eagle, Protel . . .

Основна работна околина за да работи еден PIC.

Супер, само не мора првичната конфигурација на пиновите да биде таа.

Фреквенцијата не мора да бида 20MHz, може да се стават различни комбинации на кристал + кондензатори за да се постигнат пониски фреквенции.

Пинот за master clear е пожелно во серија да има не само отпорник туку и диода заради подобра заштита и мало доцнење на старт.

Двата кондензатори на напојувањето и немаат некоја потреба ако се користи претходно коло за стабилизација кое што се содржи од 7805 ИК било која варијанта.
 
yep, работен такт на 16F877A а и на серијата 16F мислам дека беше за сите од 4 до 20. Шемата е онака општа .....
Напојувањето мора да биде потполно исправно со жаргонски “испеглан“ напон оти ќе изгори пикот :)
 
ова мене ми требаше за симулирање на електроника баш овој Eagle го имав ама ојде со форматот... ова само ради водови праење... а иначе пикојве се малку незгодни за работа ама многу јаки ако знајш да напрајш програма... имаше и уште едни со програмирање Arduino мислам беа...
 
Прашање. Треба знаење од електроника?
 
Има да, Atmel 8051, поефтини се од пикот . . . ама што знам сакав ама не најдов време не седнав да читам . . .

Прашање. Треба знаење од електроника?

без електроника тешко дека ќе се снајдеш освен ако не ти речат еве ти влезни параметри и прави на излез тоа и тоа . . . мислам дека не може ама . . . пробај си. Proteus инсталирај си и имаш пример, верзија 7.
 
Има да, Atmel 8051, поефтини се од пикот . . . ама што знам сакав ама не најдов време не седнав да читам . . .

без електроника тешко дека ќе се снајдеш освен ако не ти речат еве ти влезни параметри и прави на излез тоа и тоа . . . мислам дека не може ама . . . пробај си. Proteus инсталирај си и имаш пример, верзија 7.

Ме збуни сеа...инсталирај ова инсталирај она =). Нема врска, фала сепак, да ми поминат колоквиуми и ке се ангажирам сериозно.
 
Ме збуни сеа...инсталирај ова инсталирај она =). Нема врска, фала сепак, да ми поминат колоквиуми и ке се ангажирам сериозно.

Еве подобро.

Ако сакаш да работиш во асемблер инсталирај MPLab.
Ако сакаш во MikroC тогаш симни MikroC имаш линк.

Е сега се ќе направиш ама да провериш дали работи со електронски делови оти со дебагирање се е ок, за тоа ќе инсталираш Proteus. Во Proteus имаш можност на пикот да му го внесеш hex фајлот ( таков фајл се генерира за да се запише во пикот од страна на компајлерот), два пат клик на пикот и имаш да внесеш.

ете што треба, за почеток препорачливо е MPLab и да симнеш datasheet за пик пример 16F84 или 16F877(A) (имаш на страната на micochip или гугл или alldatasheet.com) ... и во MPLAb програмирај си научи составни делови на пикот (хардверот) и тогаш оди на MikroC.

Еве пример за Proteus од Examples>

Во работа:

И шах :) :)

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom