Стивнаа ли лопатите со кукулче од предизборието?

  • Креатор на темата Креатор на темата delboy
  • Време на започнување Време на започнување
шо и да напраи чоек за државава секогаш ќе има некој незадоволен ...

btw. знаете оти се дешава ова ..
оти сдсм се утепаа од лажење толку години па сега никој на ништо не верува ...
дури и ако се оствари ...

на оваа држава и треба малце оптимизам и обединување околу народни, државни, колективни, а не лични интереси ...
позз .
 
Така е потполно се согласувам со тебе, човек треба да мисли добро за да му се случи добро,ако мисли лошо може да му се случи да биде комуњар и предавник!

btw Лопатите на седесе се покажаа како рѓави,и затоа се премачкаа на три последователни избори,народот бара остварување на ветеното а не барање на кривицата кај опозицијата и после 3 години власт, се разбираме нели ?
 
сепак моменталнава власт си ја врши работата во најмала рака 3пати подобро од старата ...
ако испаднат подобри ок ... сега за сега тоа е ...
 
Лопати може, шини не може




Кога скопскиот градоначалник Трифун Костовски пред околу три години кажа дека ќе работи на проектот Скопје да добие трамвај како алтернативен превоз, никој не му веруваше. Луѓето се чудеа и се потсмеваа со таа идеја, сметајќи ја за невозможна мисија, споредувајќи ја со изградба на космодром во земјава. Но по триесетина месеци студии, истражувања, подготовки, процени и каква ли се не папирологија, се обезбедија осум милиони евра во градскиот буџет и се распиша тендер за да почне изградбата. Но жителите на главниот град сепак нема да добијат трамвај. Барем не наскоро. Проектот пропадна, ниту една фирма не се пријави на повикот откако антикорупциската комисија испрати предупредување дека распишаниот тендер е незаконски затоа што е објавен по 10 јануари, кога се приближувала предизборната кампања. Според антикорупционерите, спроведувањето толку голем проект во услови кога има избори може да влијае врз определбата на гласачите, како еден вид кампања, а за неа е недозволиво да се финансира со народни пари.

Но, наместо модерен шински превоз (каков што барем се најавуваше), Скопје ќе добие модерен (додуша малку старомоден) објект за Уставниот суд, Архивот и за Археолошкиот музеј, кој почна да се гради меѓу двата круга избори. Во исто време се удираат камен-темелниците и на зградата на Филхармонијата и на новиот Драмски театар. За време на кратката тринеделна кампања почнаа (барем почнаа) да се градат водоводи, патишта, тротоари и што ли уште не. Лопати на сите страни. Првата за некој од Владата, најчесто за премиерот Никола Груевски, а на вторите им се редат попови, па потоа градоначалници и други службеници. Иако беше повикана, антикорупциската комисија сè уште не се изјасни дали владино-локалната „лопатијада“ влијае врз определбата на гласачите, бидејќи и за неа најчесто се трошат народни пари.

Скопје треба да добие и двокатни автобуси, со уште еден старонов проект, кој на магичен начин треба истовремено да нè одведе 50 години наназад и 10 години нанапред. И ова е проект на Владата преку Министерството за транспорт и врски. По неколку неуспешни обиди, последниот тендер за 302 двокатни автобуси се распишал на 13 март, кога предизборната кампања ја достигнуваше кулминацијата. Изборите не беа пречка ниту за тоа. Антикорупционерите ги нема никаде да се изјаснат за овој случај, но и да се јават најверојатно само ќе кажат дека проектот е од порано и дека не бил почнат пред изборите.

Што е разликата меѓу лопатите со панделки и автобусите од една и трамвајските шини од друга страна, што комисијата што себеси се нарекува антикорупциска кај едните не наоѓа никаква корупција, а другите ги оцрнува и им се заканува со поведување постапка за кривична одговорност? Единствено што првите проекти ги спроведува владејачката партија, а вторите некој што не е нејзин член. Толку ли се гладни овие властодршци за собирање лаври од сите можни проекти, што ги користат сите средства за да не остават ниту еден, барем овенат, лавров лист за некој друг? И дали претходно споменатата комисија е свесна дека со овие свои потези остава впечаток дека се става целосно во таа функција?

Сè појасно станува зошто на народот му се стемнува кога се наближуваат некои избори. Порано се знаеше. Багери излепени со плакати од некој кандидат на големо асфалтираа селски, а богами и градски патишта. Потоа сето тоа се забрани и беше речено дека никој не смее ништо да прави. Сè да се стави во мирување. Сега, пак, седиме на два стола. Тоа што за едни е дозволено, за други е коруптивно. Без разлика што постои изборна кампања, тој што е избран за функционер, за градоначалник или за друга позиција, треба да си ја врши работата до последниот ден до кога му трае мандатот. Никакви избори не треба да бидат пречка за долгоподготвувани проекти, чиј почеток или завршница се погодиле среде кампања. Народот не е толку наивен како што мислат политичарите. Граѓаните знаат да ги препознаат задните намери во секој проект, ако ги има.

Трамвајот е само еден од примерите што покажуваат дека градиме држава за четири години. За еден мандат. Што и да направи еден функционер, владин или локален, тој што ќе дојде по него ќе го растури тоа и ќе почне одново. Потоа третиот, или во некои случаи првиот како повратник, ќе го растури неговото. Кратката историја како независна држава ни се состои од тоа кој кого и за што сè надитрил. Во такви услови граѓаните се најголемите губитници, но се лаже тој што мисли дека во таквата игра успеал и да ги надмудри.
 
Ако лопатите финишираат со завршен проект, ОК. Ама доколку е само тоа предизборен маркетинг, не е добро. Мислам дека Грујо шо ветил, тоа и го исполнил. Ене ги се градат театри, стадиони, музеи...им се гледа крајот на изградбата.
 
Ne samo na gradbite tuku i na rezimot na Grujo mu se gleda krajot.


Абе дај нека ти кажат некоја друга реченица од тоа сдс штабот, пошо ти очигледно не можеш да смислиш, гледаш дека не ти пали оваа. :tapp:
 
Ако лопатите финишираат со завршен проект, ОК. Ама доколку е само тоа предизборен маркетинг, не е добро. Мислам дека Грујо шо ветил, тоа и го исполнил. Ене ги се градат театри, стадиони, музеи...им се гледа крајот на изградбата.

Да бре од утре ке пуштале карти во продажба ке биле во две бо портокалови и црвени..............:vozbud::vozbud::vozbud:
 
btw. знаете оти се дешава ова ..
оти сдсм се утепаа од лажење толку години па сега никој на ништо не верува ...
18 години независност
9 години СДСМ на власт
9 години ДПМНЕ на власт

Сигурен си дека само ради СДСМ никој на ништо не верува? Јас не.
 
Јас само ко ќе видам лопата со црвен кукул независно кој ја држи лопатата, одма фаќам тампаратумпара
 
Јас само ко ќе видам лопата со црвен кукул независно кој ја држи лопатата, одма фаќам тампаратумпара
А тек ко видам на кој начин ја држат лопатата..паѓам од смеење:pos2::pos2::vozbud:
 
ЛОПАТА= напредокот и просперитет ,,,:nenene:
 
ЛОПАТА= напредокот и просперитет ,,,:nenene:

А што носи напредок во една земја? 10000000000 економисти и правници што ни ебаа матер на земјава? Доста со овој елитизам. Претерувате луѓе.
 
ПА ЕДНОСТАВНО БРЕ да си ја работат работата едноставно како грав....
треба и економисти и правници ...па напредок сигурно нема да донесат рекламните спотови =70 милиони евра.. или шмизилите =7/8 милиони или пак црквите ???? евра
популизмот ,да имавме саглам новинарсто ке водеа сметка на се што е почнато А НЕ ИЗГРАДЕНО.... и секој ден ке им се сервира ...

какви правници -такво судство,какви економисти -таква економија
и покрај 30 И ООООХООО МИЛИОНИ ЕВРА КРИМИНАЛ ВО МЛЕКАРАТА СВИТМИЛК горданчето како што гледам не ни стапнала во млекарата?????????????????
или владата е задолжена само ДА СЕ СЛИКА ??????
грујо убаво му е да каже дека лани ИЗВОЗОТ СЕ ЗГОЛЕМИЛ а ЗАБОРАВА ДА КАЖЕ ДЕКА УВОЗОТ СЕ СЗОГЛЕМИ И ТОА 3 ПАТИ ПОВЕКЕ
ДЕКА ИМАМЕ ДЕФИЦИТ -КОЈ Е ЕДНАКОВ НА КАТАСТРОФАо
БУЏЕТОТ БИЛ ЗА ТРОШЕЊЕ ,се согласувам, АМА НЕ ЗА расипништво,,,,:nenene:
 
ПА ЕДНОСТАВНО БРЕ да си ја работат работата едноставно како грав....
треба и економисти и правници ...па напредок сигурно нема да донесат рекламните спотови =70 милиони евра.. или шмизилите =7/8 милиони или пак црквите ???? евра
популизмот ,да имавме саглам новинарсто ке водеа сметка на се што е почнато А НЕ ИЗГРАДЕНО.... и секој ден ке им се сервира ...

какви правници -такво судство,какви економисти -таква економија
и покрај 30 И ООООХООО МИЛИОНИ ЕВРА КРИМИНАЛ ВО МЛЕКАРАТА СВИТМИЛК горданчето како што гледам не ни стапнала во млекарата?????????????????
или владата е задолжена само ДА СЕ СЛИКА ??????
грујо убаво му е да каже дека лани ИЗВОЗОТ СЕ ЗГОЛЕМИЛ а ЗАБОРАВА ДА КАЖЕ ДЕКА УВОЗОТ СЕ СЗОГЛЕМИ И ТОА 3 ПАТИ ПОВЕКЕ
ДЕКА ИМАМЕ ДЕФИЦИТ -КОЈ Е ЕДНАКОВ НА КАТАСТРОФАо
БУЏЕТОТ БИЛ ЗА ТРОШЕЊЕ ,се согласувам, АМА НЕ ЗА расипништво,,,,:nenene:

Се сложувам со се што напиша. Но, се додека алтернатива на овие е СДС на Бане, супер ќе ни бидат ВМРО. Едноставно мора таа партија да се реформира. Да научи што е социјализам и левица и јас прв ќе гласам за нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom