Пекол за Харалампие во Копенхаген

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Пекол за Харалампие во Копенхаген
*Нашите од ФФМ се пример за другите земји во Европа како не треба да се работи фудбал
Македонија ќе биде топ тема на денешниот 33. конгрес на УЕФА кој се одржува во данската престолнина Копенхаген. "Македонски спорт" дознава дека на овој состанок нашата делегација од ФФМ предводена од Харалампие Хаџи-Ристески ја очекува вистински пекол. Токму Македонија ќе биде пример за преостанатите земји од Европа како не треба да се работи фудбал. Наши блиски извори бараат трпение затоа што УЕФА не преферира да излезе со конкретни санкции околу скандалите без истите да им бидат соопштени на федерациите, а според процедурата за настаните во Копеххаген Ќе има прес-конференција на која ќе бидат соопштени сите детали, санкции...
BA2CB8639F98E7478B987A851D5D3C7F.JPG
За што н$ гони УЕФА!? Што згрешиле Харалампие и неговата дружина!?
Харалемпие се занесе во изминатите два месеци со правење на "брзи и нерегуларни" Собранија за да си обезбеди нов мандат, ја заборави и суспензијата на Вардар, кој не & плати на Цементарница за Васовски, иако имаше налог од УЕФА. Сомнителните лиценци кои ги добиваат клубовите за да настапат во евро куповите, неизградените објекти за кои инвестираше УЕФА и сите други неправилности во мак фудбалот, изгледа дека Европејците (УЕФА) добро ги следеле "дриблинзите" на Харалампие и веќе утре ќе го "наградат" за придонесот во мак фудбалот за изминатите 6 години.
Скандалот во која е вмешана Македонија нашите извори го најавуваат како децениски. УЕФА и специјален тим на "инспектори" со месеци работат на случајот и според тоа како стојат работите истите стигнале до докази со кои ќе им биде судено на оние кои грешеле и кои влегуваат на црната листа на УЕФА. Тие "инспектори" на УЕФА неколкупати биле во земјава каде "снимале", "скенирале" и не биле најавени во ФФМ.
Сепак, чуди тоа што Хаџи Ристески и неговата дружина не добија нокаут во Скопје од УЕФА при неодамнешната посета на Мишел Платини во Скопје. Првиот човек на УЕФА чекал за овој скандал кој треба да биде големо предупредување за останатите членки на оваа федерација. Македонија често станува негативен пример за сите други европски фудбалски федерации. Многупати досега УЕФА им сугерирала на другите земји дека Македонија е пример како не треба да се потпишуваат договори за ТВ права. Скандалот ќе се знае утре, во 12 часот кога УЕФА има закажано прес конферецнија и како ли само Харалампие ќе се извлече од оваа каша. УЕФА нема "ефтини" делегати како ФФМ и сега нема кој да го спасува!!!
И. Д. Ивановски

Тројка за парада
Како по обичај на конгрес освен Хари присуствува и ген. секретар, во овој случај Костов кој изминатиот месец на сите "диви" Собранија се однесува како човек кој "многу му мисли добро на фудбалот", а "третиот мускетар" е најверојатно Беџети.
За ова патување & препорачуваме на "легендарната тројка" да си понесе и преведувач (Климпер), затоа сто според нашите информации ќе има многу за објаснување пред надлежните комисии на УЕФА.




еве кој ни го уништуе фудбалот во македонија
 
Се молам ова да е вистина... Одамна е дојдено време Хари да си оди од мак фудбалот.
 
Само напред, имате подршка од Македонија!
Аста ла виста Хари:je::je:
 
ех ќе го видиме ли светлото од крајот на тунелот редно беше и уефа да се освести
 
КОНЕЧНО:vozbud::vozbud: Преку глава им е на сите љубители на фудбалот во Македонија, и мислам дека редно време беше овај Хари да стане од претседателската функција. Претходно беа најавувани РУСКИ СТРАТЕГИИ за претседател, но сепак мислам дека нема да има ништо од тоа.
 
Најсреќниот ден во историјата на македонскиот фудбал!!!!
 
Да дочекаме па ќе видиме, можеби е така, а можеби и не. Мишел Платини му е должен на Рампе наш за поддршката на местото на кое се наоѓа.
Инаку состојбите во Македонскиот фудбал се чиста мизерија.
 
Редно време е мак фудбалот да се исчисти од вакви како Хари... За него треба што е можно поголема казна...
 
нека го казнат доживотен затвор кога требаше да се игра бараж тетекс-шкендија копињов викаше у тетово да се игра а тетекс ги чека у скопје и после ја зедоаа шипојте службено 3-0
 
Ауууу!!!! Колку е ова точно бе?!?! Леле ако е вистина еј, аууууу! Колку сум среќен само еј, чекам само денот кога Хари ќе го јаде на велико, и ќе дојдат други луѓе во ФФМ. Сите крадат тоа е факт, ама овој ја претера секоја граница, и треба конечно да му лета главата. АУ НЕ ДА СУМ СРЕЌЕН!!!!!! САМО ДА Е ВИСТИНА ОВА!!!!
 
ДАЈ БОЖЕ ова да е вистина!!! Ајде веќе преку глава од ИДИОТОВ, нека се губи од мак. фудбалов, не можам да го поднесам веќе!!!! Да даде Господ да го санкционираат најстрого!!!!!
 
Овја треба на плостад да го стават и да го обесат.Како ќе не засрами у Копенхаген леле мајката у пичка да му га ебем замислете ние ќе смо биле пример за тоа како не треба да се работи со фудбалот
 
Ако ако. Нека не посочат за такви. Не сме ние криви, крив ќе биде хари копиљот и неговите помошници, никој друг...Ако е стварно ова, ДАЈ БОЖЕ да е вистина, и наредниот што ќе дојде нема сигурно да биде вака, зошто ако се деси ова сите после Хари ќе имаат страв да прават било какви глупости, и ќе гледаат сигурно повеќе за фудбалот.
 
Ауууу!!!! Колку е ова точно бе?!?! Леле ако е вистина еј, аууууу! Колку сум среќен само еј, чекам само денот кога Хари ќе го јаде на велико, и ќе дојдат други луѓе во ФФМ. Сите крадат тоа е факт, ама овој ја претера секоја граница, и треба конечно да му лета главата. АУ НЕ ДА СУМ СРЕЌЕН!!!!!! САМО ДА Е ВИСТИНА ОВА!!!!

вистина е ова!!и плус когај играа у тетово шкендија-победа имаше и прекин од 30мин и што мислиш зошто имало прекин...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom