Е арно де си сменил став, ништо страшно...него кажи ми ти како сега ДПМНЕ и Иванов ќе ги барат гласовите на 150-те илјади предавници (ставот за името) кои застанаа позади политиката на "бугарофилот" Љубе ?
Без создавање илузии.
Напоменав и на друга тема оние што гласаа за Љубе, ниту гласале поради разочарување од Груевски како што некој се обидува да го прикаже тоа, ниту поради бугарофилството кое го практикува Љубе во приватниот живот.
Колкав процент од тие 145.000 негови гласачи ја има видено сликава на негиов син со Каракачанов и колку од нив воопшто знаат кој е типот.
Оние кои гласаа за Љубе, најмалце па гласаа поради неговата “политика“.
Најголемиот дел од овие гласачи Љубе сеуште го смета за дел од ВМРО-ДПМНЕ и симпатиите кои Љубе ги здоби на корист на нашата неинформираност и неговиот престој во Хаг се пресудни зошто го дадоа својот глас за Љубе.
Едноставно е тоа...
Сами ќе си ги дадат за проф. Иванов...
Од тие луѓе никој никогаш нема да гласа за СДСМ. Ако веќе не за Иванов, тогаш нема ни да гласат.
Сепак, мислам дека повеќето ќе заокружат редниот број пред Иванов.
Да да... 150.000 луѓе со ВМРО-вски бекграунд...како погоре што ти опишав, барем поголемиот дел од нив...
Па сега...верувај му ти на Емилијан и на Геро ако сакаш, дека наводно сите комплет гласови за другите кандидати се всушност гласови против Иванов
далеку од вистината...
И јас го делам ова мислење, само сепак ми е јасно дека со нешто мора да се занимава народот за да се одвлече вниманието од мизерната опозиција и нивната неспособност.
Целта беше Љубе да откине дел од гласачкото тело на ДПМНЕ, но и под услов да влезе во втор круг.
Не успеа да се протне понатаму како што се надеваше СДСМ, а сега ќе следи потврда по незнам кој пат како казна за арогантноста и потценувањето.
Никој не е виновен, што СДСМ неможе да се ослободи од Бранко, па да понудеше навистина достоен кандидат на овие избори.
Да разграничиме, јас едноставно не можам да сфатам како од тоа фанатичко обожавање, почитување (колнење во ликот) на Брат Љубе кое си го имал до денот кога си го сменал ставот (кога и да било тој ден) си станал најголем негов политички неистомисленик и противник. Мене не ми е дотолку криво што го обвинувате за афери, шверц, здружување со СДС (партијата која ко однесе во Хаг), со крвниот непријател БЦ, дека настапува деградирачки околу нашиот став за името (бара компромис, како и сите, никој не вети едно име за сите), колку што ми е несфатливо минимизирањето (читај бришење) на неговите досегашни заслуги за Македонија. Значи, ако ти истиот во твоите мислења јасно и читко го фалиш, го почитуваш, му се заблагодаруваш за сите негови заслуги за одбраната на Уставот и на целовитоста на нашата земја во 2001, за херојската саможртва за татковината, зошто од денешна дистанца ги негираш овие факти, на сметка на новонастаната ситуација?
Зошто упорно, дури сега ми цитирате (заедно со Трнот) некои архивски податоци, за шверц, за корупција, за незнам што... Дали не можевте истите работи да ги изнесете 2007 на пример? Или веднаш по враќањето од Хаг? Пресудна ли беше номинацијата на Иванов (неноминацијата на Бошкоски)?
Што поточно неможеш да сфатиш, упорно одиш кон слепи коментирања. Прочитај ме
повторно.
Ти напишав:
Како што Љубе има право да си ги смени позициите во ставовите, така и јас имам право да не се сложам со неговите изменети ставови.
Јас го поддржував Љубе,како но никогаш во промовирање на бугарофилството и менување на името.
И незнам од каде си извлече заклучок за некое фанатично обожување на Љубета.
Фанатично ја обожувам само мајка Македонија.
Затоа е и коментарот од истата тема која ти се обидуваш да ја извртиш и злоупотребиш:
Напишано од
Bratot
Му се судеше на Министерот за Внатрешни Работи (кој и да бил), одговорен за полициските дејствувања во одбрана на земјата.
Со самото тоа на Македонските полициски сили, односно земјата. Бидејќи не е можно тужење на Македонија како земја во случајов туку се бара лоцирање на одговорноста во водечките луѓе и затоа им се суди и на Љубе и на Јохан.
Во истиов момент можам да се откажам од поддршката кон Груевски, но никогаш од Македонија.
Заради тоа не се обидувај ниту ти,а ниту некој друг да си зема за право мене да ме етикетира.