Разбирам јас Англиски доволно за да се разбера со било кого за било што, ама овде е малку сопнато, да беше на Македонски полесно.
Сега на клипот гледам дека од друга гледна точка се ова го гледаат, и уствари 5 димензија е како што викамо, малку се збунив зошто и неа ја викаат паралелна.
И убаво си кажува, неможеш да станеш богат, туку само да си се враќаш во назад во детството.
Сега пак комфликт имам, зошто сега автоматски ти ствараш нова димензија зошто нели реагираш на тој свет со твое присуство, нели викаат и буба да згазиш мењаш, и автоматски таа димензија е друга.
Е сега нели тоа е се предвидено во 6 димензија каде сите парадокси и варијанти ги содржи.
И сега испаѓа дека неможеш да паатуваш во 5 димензија без тоа да забегаш во 6 т.е. да смениш нешто.
Тоа ти е ко да пробаш по права линија да одиш, ама секогаш милиметерски ќе забегуваш.
Сега немам заклучок некој, малку е збунувачки се ова.