Е! Многу убав пример спомна. Омраза кон црнци.
Доколку ти, пример, сега мразиш црнци, поради некоја твоја причина, али си приморана да работиш со неколку црнци во некоја фирма, фини, образовани, културни. После некое време, ти, врти сучи, си приморана да ги запознаеш подобро, пошто нели, голем дел од денот го поминуваш со нив... Кога ќе ги запознаеш дека си се нормални фини луѓе, твоето мислење ќе се смени, нема да ги мразиш, ќе ги гледаш со исти очи како и белците, тие неколку црнци ќе ти остават таков добар впечаток што ти ќе го смениш мислењето. Е сега, прашањето е, дали луѓето се менуваат, дали ти ќе се смениш?