Македонец
мразам патетика во натпис
- Член од
- 12 февруари 2007
- Мислења
- 3.928
- Поени од реакции
- 3.814
Знам дека многумина од вас кога го прочитаа насловот :zlo: протрија раце мислејќи дека на темава ќе се плука за инвестицијата...напротив тадаааам:
Во Бунарџик ќе се гради фабрика за шишиња
Компанијата во фабриката ќе вложи 45 милони евра, а во неа ќе бидат вработени околу 300 лица
Турската компанија Шишеџам во втората половина на 2010 година ќе гради фабрика за производство на шишиња во технолошко-индустриската зона Бунарџик. Компанијата во оваа инвестиција ќе вложи 45 милиони евра, а годишно ќе се произведуваат околу 100.000 тони шишиња за пиво и сокови. Половина од производството кое се очекува да почне во 2011 година ќе биде наменето за извоз, а останатиот дел за домашни потреби.
За таа цел вчера првите луѓе на турската компанија со претставници на македонската Влада потпишаа меморандум за разбирање.
Премиерот Никола Груевски по потишувањето на меморандумот изјави дека разговорите со турската компанија почнале пред две години, а во меѓувреме инвеститорот ги испитувал условите на македонскиот пазар и како да се позиционираат. Според премиерот, се очекува подготвителните активности да почнат веднаш, за што во Бунарџик веќе се резервирани девет хектари земјиште каде што ќе се гради производствениот објект.
- Во првата фаза се планира да се вработат околу 300 работници кои годишно треба да реализираат производство од 45 милиони евра - изјави Груевски.
Тој појаснува дека со изградбата на фабриката повеќето домашни компании кои имаат потреба од шишиња нема да ги увезуваат.
Според претседателот на УО на Шишеџам, Ахмед Кирман, фабриката е формирана во 1936 година и е една од најголемите објекти за производство на шишиња не само во Турција, туку и пошироко во регионот.
Турскиот гигант има свои претставништва во повеќе земји во Европа меѓу кои и во Грузија, Русија и Босна и Херцеговина.
- Македонија е поволна земја за инвестиции, бидејќи има најповолни даночни олеснувања - вели Кирман.
Тој нагласува дека како силна меѓународна групација не ги интересира политика и токму затоа кога доаѓале во земјава не биле информирани дека ќе го потпишуваат меморандумот во тек на изборната кампања.
Што се однесува, пак, за актуелната светска криза, Кирман вели дека никој не знае како може да се одрази таа врз работењето на компанијата. Сепак, тој оптимистички гледа на реализацијата на нивната инвестиција во Македонија.
п.с оваа фабрика мора да биде надвор од населено место(Бунарџик) оти ова е ептен ѓурулти фабрика:helou: