Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
- Возраст
- 39
Владата во јануари потрошила речиси еднакво пари колку што прибрала, па експертите предупредуваат дека виси редовната исплатата на платите на буџетарите, пензиите и социјалните трансфери.
Државната каса во јануари годинава останала речиси празна - покажува пресметката на Министерството за финансии. Владата потрошила речиси еднакво пари колку што прибрала, па на сметка останале само 5 милиони евра. Во истиот месец лани државата беше во плус 260 милиони евра, а за годинава проектираше дека плусот ќе го зголеми за дополнителни дваесетина милиони евра. Експертите велат дека јануарските резултати покажуваат дека Владата итно мора да го прекрои буџетот и да ја прифати реалноста и да ги скрати трошоците. Тие предупредуваат дека виси редовната исплатата на платите на буџетарите, пензиите и социјалните трансфери.
Иако годинава се укажуваше дека приливите во државната каса ќе бидат помали, Владата трошела со поголем интензитет од проектирано, па затоа уште во првиот месец направила дефицит од 2,6 отсто. Владата годинава планираше 9,3 проценти поголем прилив од даноци во однос на лани. Според проекцијата, таа требаше да прибере над 114 милиони евра, а успеа да собере 103 милиони евра.Поранешниот министер за финансии Никола Поповски во вчерашната колумна во „Дневник“ предупредува дека ако Владата продолжи со непотребни трошења ќе остане без пари за тековно функционирање на државата.
- Факт е дека Владата не може да собере доволно даночни приходи во буџетот, па го загрози редовното сервисирање на јавните расходи. Нејзината погрешна фискална процена за оваа година ја турка кон непланирани домашни задолжувања со високи каматни стапки - вели Поповски.Но Владата не ја загрижуваат помалите приходи во буџетот. Министерот за финансии Трајко Славески во минатата недела изјави дека не е изненаден од помалите приходи во буџетот, кои ги оправда со кризата, забавувањето на економската активност и падот на индустриското производство.
- Во првите два месеца во однос на јануари и февруари минатата година има помалку прибрани приходи по сите основи за над 390 милиони денари. Тоа ни оддалеку не е нешто што би требало да не' загрижува бидејќи тоа е сосема мал процент - вели Славески.
Владата во првиот месец од годинава трошела многу повеќе од лани, иако индустриското производство вртоглава паѓаше веќе пет месеци. Државата во јануари годинава потрошила вкупно 158 милиони евра, за 20 милиони евра повеќе од истиот месец лани, во ситуација кога прибрала помалку пари во државната каса.
Не само што не успеа да го достигне ланското ниво на полнење на касата туку е намален и приливот од некои даноци. Кај најголемиот полнач на државната каса, данокот на додадената вредност, потфрлувањето е за 1,4 милион евра во однос на истиот месец лани. Приливот од персоналецот е помал за 2 милиона евра. Иако со примената на бруто-платата основицата за пресметка на придонесите е повисока, приходите во фондовите незначително пораснале. Големо потфрлање има и кај неданочните приходи, за околу 3 милиони евра. Надоместоците за Фондот за патишта се намалиле за половина милион евра.
Според пресметките на Министерството за финансии, расходите за социјалните трансфери годинава биле повисоки за 6,2 милиони евра во однос на лани. Иако основицата за плаќање на придонеси се зголеми, како и бројот на администрацијата, Владата за буџетарите платила 1,6 милион евра помалку од лани. Експертите предупредуваат дека во наредните месеци ситуацијата во земјава дополнително ќе се влоши, а тоа драстично ќе ги скуси приливите во буџетот. Меѓународните финансиски институции и' укажуваа на Владата пред да го скрои буџетот дека е нереална стапката на економски раст од 5,5 отсто. Но, таа ги игнорираше и зацрта дека ќе прибере повеќе пари од стопанството.
извор:http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6C5D6DACD52B994185D1E3387B0AB760