Majка ми има витилиго, почна да и се појавува пред едно 10тина години. Најпрво почна на прстот од раката, па потоа почна да се шири насекаде и сега дамките се раширени по рацете, околу устата и кај очите. Среќа, се познава само во летниот период, кога деловите од кожата кои имаат пигмент поцрнуваат, а каде што отпаднал пигментот остануваат бели. Инаку не се познава.
Какви се не лекови земаше, на какви се не терапии беше и ништо, ништо не и помогна, освен само што од една крема малку и поцрвени една од флеките на раката и ништо повеќе од тоа. Како што кажа членката над мене, сега за сега лек за оваа болест нема. А кој е причинителот, уште не може да се докаже, но според мене би требало средниот дел од хипофизата кој го лачи меланотропниот хормон кој синтетизира меланин да има некаква врска со ова.