Вие, Вашиот партнер и дрогата

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Ситуација која е многу честа во последно време.
Замислете дека сте во врска со некого, одите 5-6 месеци и после тоа дознавате дека тој\таа цело време лажел\а дека не користи никаков вид на дрога.
Како ќе реагирате?
Дали повеќе ве боли тоа што ве лажел\a или тоа што тој\таа користи дрога?
Дали ќе ја продолжите врската и покрај лагите?
Поконкретно, дали би ја завршиле врската заради користењето марихуана или го оправдувате користењето на тој вид дрога?

Сигурна сум дека на некој му се случила оваа ситуација па сакам да го знам вашето мислење околу ова. :smir:
 
Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Порано немав проблем да бидам со наркоман. Бев помала, позелене, сеедно ми беше што си прави некој со својотживот...
Сега не би била во никој случај со некој кој се дрогира (или кој дува, сеедно). После 5,6 месеци или колку и да е - раскинување. Има еден куп здравонормални мажи, зошто да останувам со оној кој има повеќе мерак да шмрка отолку да биде со мене?!
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Не дека ми се има случено,тоа зависи лично од тебе до каде Ти се поставени границите во врска со дроги.За некого постојат лесни и тешки дроги,а за некого постојат само дроги.Ако ги разграничуваш,претпоставувам дека не е проблем за користење на марихуана(јас лично неам ништо против да се собереш друштво да свртиш еден џоинт).НО,се си има свои граници,секако дека нема да ти биде мило секој ден да го гледаш дечко Ти да излегува со тебе низ град напушен и да Ти се губи на секој втор муабет :smir:
 
kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Да кажам мое мислење :smir:
Мене не ми е во ред мојот партнер да се напушува понекогаш ама не би ја прекинала веднаш врската затоа што сепак тој живот е негов и не би сакала да се мешам. Но, кога врската би била посериозна би му кажала дека тоа ми пречи и дека не ми е пријатно што сум дознала дека е тоа така.
Најповеќе би ми пречело тоа што тој би си дозволил да ме лаже. Не би простила лага, подобро да знам отколку да ме прави идиот.
 
С

Сатори

Гостин
Сум била со наркоман кој што ми беше многу битен пред некои две години и траумите што ми се создадоа од тоа време до ден денес ме следат и ми прават проблем кога се дискутира на таа тема, зошто имам некој вид на фобија да бидам со таков тип на личност повторно.
Така што ќе ја прекинам врската без размислување, колку и да го сакам ако сака да ја задржи таа своја навика.
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Да кажам мое мислење :smir:
Мене не ми е во ред мојот партнер да се напушува понекогаш ама не би ја прекинала веднаш врската затоа што сепак тој живот е негов и не би сакала да се мешам. Но, кога врската би била посериозна би му кажала дека тоа ми пречи и дека не ми е пријатно што сум дознала дека е тоа така.
Најповеќе би ми пречело тоа што тој би си дозволил да ме лаже. Не би простила лага, подобро да знам отколку да ме прави идиот.
Ај сега ќе пробам да Ти објаснам со директен и конкретен пример:
Еден типац (сега среќно оженет и со дете) ми има кажано дека ако не била женаму (тогашна девојка),тој до сега ќе бидел негде пронајден на улица во бесознание и ќе му немало спас.Кога се фатил со девојката таа уште од старт го сватила дека чоеков се дрогира и пробала да му помогне (не со лечење) туку едноставно со разговори,со најдување заеднички јазик.Ден денес ми тврди дека женаму и нејзиниот став и однос према него,бил најклучниот фактор за да прекине со користење дроги.

Тој(некој) доколку Те сака,треба и да го почитува твоето мислење.Ако му речеш престани да го правиш тоа и ако му докажиш дека тоа е за негово добро,сигурно ќе те послуша ако те сака и почитува :smir:
 
kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Ми се има случено ситуацијава пред некое време. Типот ми кажа дека не планира да прекине со пушењето џоинт, па ја прекинав врската.
Ако веќе би имала надеж дека можно е да прекине со таквите работи сепак би почекала некое време, но во случајот што го напишав погоре веќе се беше јасно...
 
Е тоа ти се вика маж.Жена ќе остаам ама џоинт НЕ :vozbud::pos2: :smir:
 
kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Е тоа ти се вика маж.Жена ќе остаам ама џоинт НЕ :vozbud::pos2: :smir:
Немавме некоја сериозна врска, одевме 4 месеци ама сепак ми пречеше тоа одлучно кажување дека не би се откажал никогаш од џоинтот. Како што рече Анастазија, има милион други кои се попаметни од таквите. :smir:
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Немавме некоја сериозна врска, одевме 4 месеци ама сепак ми пречеше тоа одлучно кажување дека не би се откажал никогаш од џоинтот. Како што рече Анастазија, има милион други кои се попаметни од таквите. :smir:
А ти веќе си го најде таквиот (попаметен де)? :)

Не се дрогирам,не пушам џоинт,не сум наркоман,не знам што е тоа дрога... :pipi:
 
kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
А ти веќе си го најде таквиот (попаметен де)? :)

Не се дрогирам,не пушам џоинт,не сум наркоман,не знам што е тоа дрога... :pipi:
Толку наивен ако е и мутав ептен треба да биде.:pos2:
Знае што е, ама не ја користи :)
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Толку наивен ако е и мутав ептен треба да биде.:pos2:
Знае што е, ама не ја користи :)
Кит катче, дали тебе би ти пречело ако дечко ти дува еднаш месечно?
 
ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Да дознаам дека цурата моја пуши џоинт.....Уфффф коооолку добро би зел еден дим за да влезам во филм.
Се шегувам.
Па пошо секој си има право на свој живот и одлуки единствено што би ми преќело(и одсекогаш ми пречи)е лагата.Секогаш сум искрен и се си кажувам па колку и да боли сигурно не боли повеќе од лагата.Мразам лажење значи би ми пречела лагата
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Ова е модерно време и сепак мора да се разграничи за каква дрога се работи.
Доколку е нешто потешко, тогаш нема потреба ни за дискусија за одлуката што треба да се донесе.
Но тука во главно се разговара за марихуана која што денеска е нешто како алкохол. Сега нормално никој не сака да биде со некој што секоја вечер се прави камен, но повремена "пијачка" со пријателите не би била на одмет.
Но и ова е релативно!
Нормално има форумџии и форумџики со поконзервативни погледи и кој нема да се согласат со оваа денешна реалност, но тоа е нивна работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom