DarkWalker
Think globaly , Act Localy!!!
- Член од
- 4 февруари 2006
- Мислења
- 1.209
- Поени од реакции
- 70
„Почитувани сограѓани,
Со огромна помош од Вас, оддамна ја свртев последната страница од Изборната програма со која пред четири години успеав да ја добијам Вашата доверба. Реализирано е многу повеќе од она што беше ветено. Но, ќе оставам за сработеното во минатото да зборуваат самите градби и проекти, бројните награди и признанија од домашни и европски институции, новите вредности во функционирањето на општината во согласност со меѓународно признати стандарди, содржините од мојата “Бела книга” и секако Вие како крајни корисници на реализираните проекти. Пред нас е нов предизвик.Пред нас е нов четиригодишен период. И од сите нас зависи дали максимално ќе го искористиме времето или залудно ќе го потрошиме. Јас сум за првата опција. И затоа излегувам пред Вас со нова визија, разработен концепт и нова Програма за уште подинамичен развој на градот и сите села во општината. Во оваа програма нема тајни формули и хипотези, туку конкретни проекти со конкретни активности и со конкретни рокови за нивна реализација. Стандардите за нивно исполнување и натаму остануваат: креативноста, способноста, исполнителноста, чесноста, одговорноста, транспарентноста и рамноправноста, а целни области кон кои ќе бидат насочени активностите се економијата, земјоделството, урбанизмот, комуналните дејности, образованието, здравството, културата, социјалната заштита, спортот, екологијата и други елементи кои влијаат врз севкупниот квалитет на живеење. Воден од методот на успешно менаџирање со добро испробаниот рецепт - општината да се води а не со неа да се владее, главни атрибути во моето работење и во иднина ќе бидат комуникацијата и соработката со граѓаните. Затоа и во наредниов четиригодишен период нудам и барам соработка од сите креативни луѓе, здруженија на граѓани, институции, младински асоцијации, политички партии и индивидуи.
Но ништо од ова нема да вроди со плод ако искрено и чесно не се сака својата општина.
И затоа велам: СТРУМИЦА ВО СРЦЕТО!“
Зоран Заев
Приоритети 2009 - 2013 година 1. Најсовремено и најмодерно уредување на Градскиот плоштад во Струмица
2. Реализација на проект “Банско Spa центар” (бањски туризам, спорт, рекреација)
3. Изградба на прочистителна станица во Струмица и довршување на ободниот канал
4. Изградба на канализациони системи во сите населени места со над 500
жители (Дабиле, Добрејци, Вељуса, Просениково, Муртино, Банско, Костурино, Градско Балдовци, Баница, Сачево)
5. Поставување нов асфалт на 140 улици во градот и асфалтирање на сите улици во населените места, со што Струмица ќе добие целосно нова патна мрежа
6. Нови тротоари на 143 улици во градот и на сите главни улици во населените места
7. Реконструкција и модернизација на Леблебиџиската улица и Старата чаршија
8. Реконструкција и подобрување на условите за работа во СИТЕ основни, средни училишта и детски градинки на територијата на Општина Струмица
9. Целосно уредување на Индустриска зона Сачево и создавање на две нови индустриски зони, Индустриска зона Крива река и Индустриска зона Свидовица – Куклиш
10. Изградба на 2 Нови булевари (Булевар Климент Охридки - од Жито Струмица до Терминал и Булевар Светиилиски Порој)
11. Изградба на Старечки дом, на локацијата на Стариот суд, кој ќе нуди 24 часовно згрижување, исхрана и медицинска нега на стари и изнемоштени лица
12. Воведување на “Систем 48” во работата на Општина Струмица
13. Реализација на проект “Strumica Free Wireless City”
14. Изградба на Младински Културен центар
15. Реконструкција на Стариот театар
16. Изградба на Отворен летен амфитеатар во Градскиот парк
17. Урбано уредување на турската маала (на ниво на останатиот дел од градот)
18. Организирано собирање на смет во сите населени места
19. Изградба на нови 15 детски и спортски игралишта
20. Воведување на организиран јавен градски и такси превоз

Приоритети 2009 - 2013 година