Хрватски "Идол" на Сител

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Ц ц ц ова Хрватскиов Идол е страшна работа. Бугариве знаеја да вреѓаат и се тоа ама барем ќе му дадеа на човекот да испее до крај. Ова на ништо не личи, сред пеење им се убацуваат ко некои неандерталци. Катастрофа...

Така треба да биде подобро отколку да чекаат да ги понижуваат вака ќе ги избркаат навреме.
 
Во недела во 20:50 почнуваат концертите на ХТЗ.
Колку толку би требало да биде поинтересно. Ќе ја гледам првата емисија, а за понатаму, ако не е досадно. :)
 
Не сум гледала ни една епизода досега, оној Цетински незнам зошто, ама многу ме иритира неговата појава.
Можеби ќе го гледам само финалето, известете кога ќе биде ;)
 
На РТЛ уште кога почнаа концертите :) Интересни ми се бар на мене.
 
Хаха, овој Лео што сега ја имитира Бритни (катастрофално) со Womanizer, во неговата најава вика слободно можел да пее и од Тоше и од Мадона. :icon_roll
 
Резил е ова...неможат нашиве телевизии да организираат слично по квалитет натпреварување, па ајде што се нуди нека иде на ТВ. Вака поефтино и поисплатливо им се фаќа.

Сега фали Албански Идол уште и комплетно да биде, а да, и Звезде гранда т.е Драги Вучич со звездите да се појави пак.
Абе и тоа го затекнав на Алсат мислам! :vozbud:
 
Абе и тоа го затекнав на Алсат мислам! :vozbud:
Тоа на Алсат е Star academy (а.к.а Операција тријумф), толку е мизерно што студентите кога шетат по дома зборат со обичен микрофон во рака, и ако некој сака да каже нешто, си го подаваат микрофонот:pos:
 
Тоа на Алсат е Star academy (а.к.а Операција тријумф), толку е мизерно што студентите кога шетат по дома зборат со обичен микрофон во рака, и ако некој сака да каже нешто, си го подаваат микрофонот:pos:
Бар прават нешто..ние вака ќе им се смееме. :tapp:
 
Што беше сега тоа во неделата - Хрватскиот Идол, во живо ли беше?
Па нели почнале на РТЛ одамна?

И што е најважно, од рекламата што видов, ова изгледа МИЛИОН пати поубаво визуелно од Бугарскиов, али ете, има во Бугарскиот наши, па затоа го гледаме, али овој е милион пати поубав визуелно
 
Што беше сега тоа во неделата - Хрватскиот Идол, во живо ли беше?
Па нели почнале на РТЛ одамна?

И што е најважно, од рекламата што видов, ова изгледа МИЛИОН пати поубаво визуелно од Бугарскиов, али ете, има во Бугарскиот наши, па затоа го гледаме, али овој е милион пати поубав визуелно

Во неделата Идолот не беше во живо, тоа РТЛ го имаше дадено одамна и се многу понапред од она што Сител го дава.

За визуелноста, и мене исто повеќе ми се допаѓа Хрватскиот од Бугарскиот, иако аудициите воопшто не личеа убаво, за разлика од Бугарско-Македонските аудиции.
 
Прееска фатив реприза на синоќешното полуфинале на хрватскиов идол на РТЛ.
На сител не сум ни приметила кога даваат, али за џабе е откупено кога нема никаква поврзаност тоа шоу со Македонија.
Но од ова што денес видов само ќе кажам дека неколку скалила поквалитетнен е овој идол од бугарскиот. Тргнувајќи од сцената која е одлична, убава распореденост на публиката, подобар звук, подобри камери, се е подобро, дури и 3-4 пеачи што ги слушнав се поквалитетни музичари.
Во бугарскиот идол она што ги вади се шалите на Фнки и Дони. Друго е далеку под просекот. Ама ние ни толку не знаеме сами да направиме.
 
Јас сепак мислам дека подобро е да соработуваме со други земји за вакви шоуа, повозбудливо и поинтересно е.
А хрватскиот Идол е класа за Бугарскиот во однос на сцена, пред се
 
Јас сепак мислам дека подобро е да соработуваме со други земји за вакви шоуа, повозбудливо и поинтересно е.
А хрватскиот Идол е класа за Бугарскиот во однос на сцена, пред се

Иако во почетокот не без многу заинтересиран за ова шоу бидејќи немаше македонски преставници во него, сега се почесто го гледам и не пропуштам епизода.

Хрватскиов идол не за една класа туку за три класи е подобар од бугарскиот од повеќе аспекти, а најголема предност се поквалитетните пејачи. Штета што не го даваат во живо па морам да барам информации до каде вистина се стигнати.

Веќе финалето е започнато и останаа уште двајца според мене најдобри кандидати Бојан и Зоран. Сепак според мене Зоран има толку добар глас кој ретко се слуша навистина, според мене Зоран Мишиќ е најдобар и ќе го освои првото место. Од него прв пат ја слушнав песната Jednom kad noc - Opca opasnost и скоро сите песни ги пее подобро од оригиналите.
 
Сега почна финалето на Хрватскиот Идол на Сител.
 
Во Хрватска ова е завршено уште од пред еден месец.
Бојан е победник.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom